Showing posts with label тинејџери. Show all posts
Showing posts with label тинејџери. Show all posts

24 June 2013

Ако ја чувствувате онаа возбуда во стомакот кога за повторно читате статија од Здраворазумен Хејтеризам после долго време не очајувајте. Читање ваква статија е исто како секс со бившта, знаете што можете да очекувае ама пак е закон да имаш секс со кучката што те остави за тип што и самиот знаеш дека е подобар.

Објективно подобар
Но да ја оставиме предиграта за луѓе што не можат финансиски да го задоволат партнерот, одиме со директен хејт насочен кон најновата кампања на Т-Мобиле.
Имено Т-Мобиле, компанија која се рангира нешто над пишување со капс лок, веднаш зад обраќање на своите родители со Стари/Стара според нивото на кулоќа, сака да влезе на пазарот со млади што претпоставувам го држат ЏаБест/Било која тарифа од ВИП. И затоа ја имаме COOL тарифата. И иако признавам дека доста кул моменти како преработката на Гоце и Пистолеро (поздрав до неговите фанови од Аеродром)


генералниот изглед со нивната заштитна боја, фонтот, графиките и тако даље, некако не можам да ги преболам следние моменти:

05 September 2012

Пред неколку дена се појави во етерот (радио сленг) исповедот на Моника која доста сликовито ни го опиша нејзиното прво сексуално искуство.


Забавно беше, направивме шега или две на нејзина сметка и сите си продолживме со своите животи бидејќи сексуалниот живот на тинејџерите е последното нешто што не интересира...

Но тогаш се појави вистината за Моника!

Конечно македонската публика се смири. Дознавме со кој сe' имала секс Моника. Исто како да читам тајмлајн на Твитер, дознавам апсолутно непотребни работи за приватниот живот на луѓето кои не го познавам.
Во ред ќе помине и ова, ќе го споделат пар пријатели, ќе се посмееме ден или два и уште побрзо ќе заборавиме дека некогаш се случило...

Но тогаш се појави нов блог на македонската сцена. GOSSIP GIRLS SKOPJE! (не постои веќе, што значи ова е мала победа на здравиот разум)

Во нормални услови многу би се забавувал на ваквите трачарења (видете ги само описите пре-сме-шни!), меѓутоа неможам а да не забележам дека ваквата ретардација на трачарење полека станува македонска интернет сензација што е многу тапа бидејќи најглупите муабети што можат да се прават се:
  • Зашто мојот вкус за [нешто] е подобар од твојот
  • Сексуалниот живот на луѓето (освен ако тие сами не сакаат да зборуваат)
  • Шансите македонската фудбалска репрезентација да оствари победа
Тинејџерите по дефиниција се ретардирани и тоа е сосема во ред бидејќи е дел од процесот на растење и формирање на личноста во послушен партиски војник. Подобро образование би го намалил степенот на ретардација, ама тоа е сосема друга тема. 
Трачарењето си постои и ќе си постои во светот. Повеќето луѓе тоа го прифаќаат како составен дел од животот се додека е во основната исконска форма - позади грб и како кафе муабет. Проблемот е кога сето ова станува сензација, се наведуваат имиња и презимиња (макар и лажни) и сите почнуваат да го споделуваат бидејќи реално е забавно да слушаш дете што уште не знае што значи локална самоуправа како прави аналогија со магирица која рика. На крајот на денот децата кои се наведени со слика/име/профил завршуваат со повредени чувства. Класичен пример за сајбер насилство (note to self: зборот сајбер е пред векот, избегнувај да го користиш)

Гето мудрости
Знаеш што, фак ју Накова! Ајде да не им дадеме повод на луѓето да зборуваат.
Биди нормален човек и не охрабрувај ретардирано тинејџерско трачарење!
Стоп за споделувањето кој со кого се ебел!

19 March 2012

Кога бев средношколец си дадов ветување дека еден ден кога ќе бидам родител, ќе бидам полн со разбирање за нив додека поминуваат низ пубертетот.
Нема да им кажувам доста седиш пред компјутер, исшишај се, не спиј до 3 попладне, жените треба да мијат садови, избричи го тој адолесцентски брк итн.

Можеби за последното имале право
Нема да гледам црно-бело на работите, нема да давам со демагогии и нема да користам тактики за заплашување. Со еден збор нема да бидам Латас.
Ни 5 години не поминаа откако матурирав, а веќе мислам дека тоа е најглупавото нешто што некој може да си го вети. Поглупаво дури и од ветувањето дека ќе одржувам контакт со сите другарчиња со кои сум ги делел клупите во Карев.
Не дозволувајте да ве прелаже мојот твитер аватар, јас мразам средношколци и бидејќи мојата последна научна статија не помина најсјајно, ќе ви образложам зашто е тоа така користејќи шпекулации, неосновани тврдења, навреди и хиперболизирани примери.
Со еден збор ќе бидам Латас:

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff