Секој што некогаш чекал во ред повеќе од ич бил гневен на бирократскиот
систем. Бирократија по дефиниција е владеење на масата и тоа не масата
како народот (во тој случај би било демократија), туку владеење
на масата како тоа што го купувате од Икеа во Солун за 5 евра.
Секако ова е не е ни приближно до вистината, ама не можеме секогаш да пласираме вистина во јавноста.
Секако ова е не е ни приближно до вистината, ама не можеме секогаш да пласираме вистина во јавноста.
И така деца настанал ПиАр-от |
Чекањето ред во банка за да отворите Медо Штедо сметка, во пошта за да платите струја, во болница за да се тестирате за ХИВ/СИДА, во Сарај за да влезете во подрумот каде што се одржуваат борбите со петли или не дај Боже во некоја државна институција за да ја направите најтривијалната работа на светот, претставува едно макотрпно, но истовремено и просветлувачко искуство.
Еве што научив додека чекав во ред во филијалата на Тутунска Банка во Лептокарија:
6. Странките се брзаат
Клиентите ќе ги нарекуваме странки, бидејќи не сите сме посетувале нереално скап курс во кој се објаснува зашто мулти-левел маркетингот не е пирамидална шема.
Кога очигледно е триаголна шема |
Во моментот кога ќе застанеш во редот, веднаш ќе дојде некоја странка позади тебе и ќе те замоли да го пуштиш пред тебе бидејќи се брза. Причините варираат од странка до странка, ама речиси никогаш не се итни:
- Абе ја оставив колата на сред улица со четири жмигавци
- Ме чека жена ми во кола
- Искочив од работа
- Треба само да платам сметки и да заменам девизи
- Ја знам таа на шалтер
- Го заборавив светлото во кујна запалено, да не трошам
- Треба да уплатам ливче, ќе ми почне утакмицата
Ако крвариш, жена ти се пораѓа, станот ти гори, ти почнала турската серија или слична итна работа не треба да чекаш во ред. Секој друг изговор е само обид да завршиш побрзо на сметка на твојот сограѓанин, бидејќи ти си поважен, твоето време е подрагоцено и светот не може да продолжи да се врти додека ти не завршиш работа.
Одењето на шалтер е работа која треба да се планира. Секој белиебер го знае тоа. Како што јас можев да донесам полна батерија на мобилниот, грицки и освежување за да отворам трансакциска сметка, така и ти планирај дека ќе ти треба баснословно долго време да извршиш проста трансакција.
Во државна институција: Ако си обичен пешак, ќе си чекаш. Ако се брзаш, ќе чекаш. Ако си внук од 7мо колено на теткицата, поштено си влагаш во шалтер и си завршуваш работа.
5. Странките се изгубени
Гужвата пред шалтер е своевидно чистилиште на изгубени души или некоја слична таква аналогија. Ова најубаво се покажува со пример:
(Сцена: Експозитура на тутунска банка, протагонистот - хејтер чека во ред, влегува задишана жена и неколку минути се вртка навака натака)
Ха, види колку луѓе. Сигурно дошле за нешто друго тука |
Жена: Извини дечко, ова е редот за на шалтер?
Хејтер: Скраја да е госпоѓо, ова е спонтан собир на 15 луѓе кои случајно се подредија еден позади друг пред шалтерот.
Жена: Ахам. (продолжува да се туфка уште некоја минута) Ама вие за плаќање сметки чекате? Јас сакам само водата да ја платам, на кој шалтер е за вода плаќање? Ваљда не треба да чекам како сите?
Хејтер: Никако госпоѓо. Обично има посебен шалтер за вода плаќање, ама денес на боледување бил службеникот, па ќе мора да чекате.
Жена: Леле, треба да ги чекам сите овие пред мене за да платам сметка вода? Па ова е невидено!
Добро бе, имате ли поим каде одите? Како може да е ова невидено кога секој ден се случува во банките. Чекаш на ред додека не ја завршиш работата по која си дошол и си одиш, некогаш и со полициска придружба. На секој ебан шалтер има гужва. Разгледај малку околу тебе, сигурно тие што се пред тебе не се будали што чекаат каде што чекаат.
Во државна институција: Подобро изнајми си водач и шерпа, бидејќи ќе треба време додека да го погодиш вистинскиот едношалтерски шалтер.
Оградување: Да не искочи дека цело време хејтам, во последно време се средени шалтерите во државните институции.
Да не искочи дека Бекстејџ ме хејтаат мене, моето дисквалификување од изборот за Мис на Македонија Фејсбук 2012 е најверојатно бидејќи го хејтав главниот уредник пред некое време.
Оградување: Да не искочи дека цело време хејтам, во последно време се средени шалтерите во државните институции.
Да не искочи дека Бекстејџ ме хејтаат мене, моето дисквалификување од изборот за Мис на Македонија Фејсбук 2012 е најверојатно бидејќи го хејтав главниот уредник пред некое време.
4. Службениците не се брзаат
Една од најнеблагодарните описи на работно место е работа со странки. Секојдневно треба да се справуваш со пензионери, хејтери, први во село, врскаџии, скараџии и сето тоа може да биде многу стресно за свежо дипломиран економист чија кошулата не е доволно напикана во пантолони за да може да смисли нов револуционерен интернет базиран бизнис.
Smexy = smart + sexy |
После одредено време како и со секоја професија, дрога или долга серка, престануваш да ја чувствуваш иницијалната сензација. Повеќе не можеш да се потресуваш за секоја госпоѓа која отплаќа кредит зашто ќерка ѝ зборела во роаминг додека била на скијање во Банско и едноставно не се замараш со туѓите проблеми.
Без разлика на сè, ти ќе треба да седиш на твоето работно место. Зашто да не одвоиш малку време за второ кафе, дваесет и седми твит или "хахахахха <3 си" коментар на откачената пролетна слика на твојата најдобра другарка. И така странките нема каде да одат.
Во државна институција: Термините наведени за пауза, се чисто ориентациони. Околу 12:30 треба да се вратиш на работното место, не баш во 12:30. Исто така странката може да почека додека не се разгледа целиот априлски каталог на Авон.
3. Народот има технофобија
Најголемиот дел од странките кои чекаат во ред, чекаат за работи кои можат да се завршат без помош на службеник. Татко ми почна да ја мрази владата откако донесоа одлука платите да се исплаќаат на платежна картичка. Вештерство, од каде ќе знае дека не го крадат, ако не може да плукне на прстите и да ги изброи парите?
They're IN the computer? |
- Вадење пари од сметка
- Купо - продажба на девизи
- Плаќање сметки
- Ставање на кредит
- Плаќање уплатници
- Пишување на бројот на вашата кредитна картичка во коментарите подолу
За сите овие работи не е потребен службеник. Во најдобар случај ти треба само компјутер со интернет врска, во најлош банкомат.
Меѓутоа како ќе знаеш дека си платил сметка ако немаш црно на бело? Што ќе ставиш во ковертот во кој ги чуваш сите сметки од 1996 година и кои ќе служат доказ во евентуален спор? Папир или не се случило!
Најекстремен пример се пензионерите кои чекаат пола саат да извадат 500 од сметка, па после одат во аптека да купат лекови. Да, возможно е лековите да ги платат со картичка, ама како ќе се фати мајата ако не ги фатиш парите во рака.
Убаво си пееше Натали: Шалтер еден, шалтер два, само следам правила, ќе платам во кеш!
Во државна институција: Штембиљ систем. Кој будала ќе плаќа за токен, кога можат да го пратат шоферот од фирма да ги "дропне" пријавите на шалтер
2. Службеничките се преубави
Светла точка на чекањето во ред (барем во НЛБ ТБ) е тоа што си плакнеш очи додека чекаш. Најверојатно има и убави машки ама не сум метеросексуалец за да забележам. Не само што се природно убави туку се нашминкани, стегнати, напарфемисани, издезодорансирани, на штиклички кои одговараат на карминот или марамата или обетките или со што и да треба да се комбинираат штикли.
Нешто како девојките од рекламата на Оffice Plus |
И сето ова во 8 саат сабајле. 8 факинг саат сабајле. Когa побогу треба да станете за да изгледате како кинески краљици. Кога машко ќе стане од сабајле најголем проблем му е како да ја погоди дупката во веце шољата зашто тешко се нишани со поспан мозок и масивна ерекција, а камо ли да барата со нешто што нанесува тенка црна линија над окото. Секоја чест!
Исто така сакам да поздравам една од службеничките во експозитурата на ТБ во Лептокарија кон која негувам платонска љубов. Навистина убава девојка. Нема бурма.
Во државна институција: Нема преубави девојки.
1. Јас сум лош човек
Чекам во ред за да ставам 2000 денари на картица, бидејќи кај нас сè уште нема банкомати кои лапаат пари и јадам бурек за тие што чекаат пред мене, тие што дошле после мене, за тие што не знаат како функционираат вратите во Комерцијална Банка, за немажените девојки кои работат на шалтер...
За проклетото сонце и ебаните цвеќиња надвор |
Не се обидувам да помогнам да бабичка која едвај стои на нозе со тоа што ќе ја пуштам пред мене, не се обидувам да им посакам добар ден и пријатна работа на службениците кои секојдневно треба да комуницираат со хејтери како мене, не се обидувам да објаснам на постар господин како се користи банкоматот.
Седам само во редот, ги мразам сите што се околу мене, си мислам дали секси службеничката ќе ме забележи ако наместо 2000 ставам 200.000 денари на сметка и колку би бил поубав светот ако сите се однесуваат како што јас би сакал.
Во државна институција: Сите се како мене. Нездраворазумни хејтери. Години бирократија, политизација, поделби, национализам и непотизам ги направиле луѓето огорчени циници кои гледаат што побрзо да ја завршат својата работа без притоа да се води сметка за сограѓанинот. Што би рекол еден познавач на македонската ситуација: Не иде, расизмус!