02 May 2012

6 работи кои ги забележав во странство

 
После мала пауза се враќаме на блогирањето. Претходните две недели не бев во државава. Додека сме на оваа тема, мора да се исповедам јавно за да си ја исчистам душата. Целото ова време јас бев агент на ВМРО кој требаше да ја испита здраворазумната младина во нашата држава за да се процени потенцијалниот ризик кон владејачката гарнитура.

Си владее гарнитурава
Како награда Коце со државни пари ме испрати (меѓу другото) во неговото место за вечна инспирација - Виена за да донесам уште некоја брилијантна идеја на која ќе ги потрошиме парите на народот.
Еве што научив од моето патешествие од типот на Берта на некое егзотично место, Ластовица во Тајланд, Миленко во неговата бујна фантазија,

Или Тони Зен надвор


6. Хигиена

Првото нешто што ќе го забележите во речиси сите западњачки градови е колку се тие чисти.

Како Петар Гошев да е градоначалник
"Кај нас не е чисто бидејќи за разлика од [случајна западна земја] ние сме стоки." - ова тврдење најчесто ќе го слушнете како одговор на прашањето зашто Широк Сокак не изгледа како Шанзелизе.
Тврдењето и не е далеку од вистината, освен за "за разлика" делот. Во секоја земја има луѓе кои фрлаат отпадоци насекаде, не сме ние до толку привилегирани да го имаме мнозинството. Разликата е само што во земјите каде што плаќаш солени даноци за јавна хигиена, отпадоците утредента нема да бидат на местото каде што си ги оставил. Исто така луѓето кои го собираат ѓубрето ќе ја вратат кесата која не успеала да влезе во камионот при првиот обид. 

5. Култура

Како што нашата министерка која не изгледа како да завршила на електро милува да каже, ние немаме почитување кон културата. Од друга страна, имаме огромна почит кон културата на оставање отпадоци откако ќе се накркаме за 1ви Мај.
Иако нивото на култура кај некој народ е многу опширна тема, постојат одредени работи кои веднаш се забележуваат.

Исто како што веднаш се забележува деколте
Првото нешто што јас го забележав е тоа што можев да излезам од автобус/метро/трамвај. Не требаше да се бутка, не требаше да викам, не требаше да помирисам пазува, едноставно излегов. Луѓето фино/лепо си се поредуваат од страните, оставајќи простор патниците да излезат од средината, пред тие да влезат.

Како што можете да забележите на мојата "напредно ниво" фотошоп илустрација
Во една од моите први статии, пишував за овој проблем и сфатив дека Македонецот има култура на влегување!
  • Сака прв да влезе во автобус
  • Сака да влезе во Сектор
  • Сака да влезе во партија
  • Сака да влезе во државна служба
  • Сака да влезе во ЕУ
  • Сака да влезе во деколтето на претходната слика
Култура на возење велосипеди општо познати како точаци, делење на маса/коњопој ако нема слободно место, цела тајфа пензионери кои се забавуваат во пивници/пабови се дел од останатите аспекти кои искрено те зачудуваат како Македонче.

4. Слобода

Некако добив чувство дека народот на запад е послободен. Ова го заклучив откако е разбудив со две девојки во кревет кои ги запознав минатата ноќ. Откако се разбудив од убавиот сон во кој се будам крај две девојки сфатив и зашто е тоа така.
Ќе се дрзнам да направам едно равенство:
  • Слобода = Избор
Слобода, Прогрес, Чачак (клик за поголема резолуција)
Мало појаснување: Избор не во смисла право на избор, тоа го имаме сите (más o menos). Избор во смисла можност на избор.
  • Не ти се допаѓа колата? Можеш да ја смениш!
  • Го мразиш градот бидејќи нема веќе афтери? Можеш да најдеш работа во друг„
  • Не те бендиса хотелот со 5 ѕвезди на француските Алпи? Следната сезона ќе одиш на италијанските!
Не ти чисти сјајот во кујната? Пробај Скопско Радлер!
Ова е возможно бидејќи луѓето таму со текот на времето акумулираат капитал.
Нешто што најмногу ме нервира е кога ќе слушнам "Како народот нема пари, погледни колку се полни кафулињата". Има многу голема разлика помеѓу можноста да се потрошат неколку илјади денари месечно за мали задоволства како кафе со пријател и заштедување на пристојна сума пари со нормална работа откако ќе заврши месецот за да може да си дозволиш менување кола на секои 5 години, одржување на викендица или пак шетање на некое место што е подалеку од Грција.  

3. Стереотипи

Конкретно за стереотипите што ги имаат Македонците кои работат на запад за Македонците кои работат на запад. Стереотипите што западњаците ги имаат кон нас се сведуваат на неколку часовен претрес со кучиња, бидејќи ако си од Балканот тогаш сигурно шверцаш дрога преку граница.

Поради некоја причина сите имаа барем 4 црева салама во куферите

Патував со автобус кој беше полн со работници (претежно физички) кои одеа во Германија. Вака се одвиваше воведниот муабет со чичкото што се седеше до мене:
 
Може две штеки да ставиме кај тебе во ранец, да не ми прават проблем на граница?
  • Каде одиш момче?
  • Во Минхен
  • Што работиш таму?
  • Ништо, туристички одам
  • Ауу па ти мора да си многу богат!
Сите што работат во западна земја, дали сезонски или постојано сметаат дека ако одиш на работа во странство значи дека си екстремно сиромав, без образование и перспектива во Македонија, а ако одиш да се прошеташ си екстремно богат.
Не барам да ме поздравиш на Иселенички Џубокс, ама не ме гледај како син на човекот кој ја однел твојата фирма во стечај кога се распаѓала Југославија кога ќе спомнам дека имам неработна посета на западно-европска земја.

2. Мавтање

Најголемиот фетиш на балканските народи е мавтање (во празно). Сигурно сте го забележале тој феномен, а најверојатно ви се случил и вам. Ако патувате на дестинација поголема од 200km задолжително е вашата мајка, вашата баба со шамија, вашите комшии, луѓето кои ќе ти го чуваат папагалот додека те нема да дојдат на автобуската станица, железничката станица, аеродромот и да мавтаат.

Бидејќи тенка е границата помеѓу мавтање и последен поздрав
Ај да ја разберам потребата за мавтање кога патувањата траеле со месеци во води полни со опасни предатори, ама напредна технологијата од тогаш. Уште 3 пати и се јавив на мајка ми на Скајп откако тргнав за да и кажам да не ги трга чорапите од аголот на собата, бидејќи правам социјален експеримент. Дали навистина е потребно 2 коли да платат зонско паркирање за 8 луѓе да ме испратат на автобуска станица?
Исто така зашто во ранец имам храна како да ќе одам на Хималаите?
Зашто секогаш мора да се печат кифли кога ќе одам вон градот?
Кога видов 60 луѓе на терминалот во Виена, со 120 торби, куфери, микробранови печки замотани во селотејпи, салами, шамии си реков "Леле, нема место за мене! Зашто купувам билет во последна минута? Убиј се кретену!" На поаѓање бевме вкупно 22ца во автобусот.


1. Љубов

Тоа што ми причини најголемо задоволство е фактот што каде и да одиш љубовта е универзална и бидејќи уште не сум разграничил што е љубов, а што секс еве неколку слики од цицки во име на љубовта и за општо уживање!





 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff