Како што ветив во мојата претходна сериозна статија (12-те луѓе што ја прочитаа знаат), денес ќе зборуваме за нештото кое сите сакаме да го имаме, но сепак многу малку го имаме. Секако зборувам за здрав разум, срча тело, нормално работно место, љубов, светла иднина, неретардирани одлуки на Владата, црна боја на кожата, брдо пари, акции во Фејсбук, Summer 'XX албуми на нашите пријатели, ретвитови од нашите следачи, новата песна на Слаткаристика, книжна десетка и некаде на крајот на листата на приоритети - редовен секс!
Помеѓу враќање на банкнота и секс со касиерката во 87% од случаите македонскиот потрошувач ќе избере банкнота |
Како подготовка за оваа статија во последните 14 години имам изгледано сè што треба и сè што случајно може да се гледа кликнувајќи на реклами за зголемување на либидо, па дури еднаш и сум имал секс во животот.
Еве неколку ситуации во кои може да се најдете додека (се обидувате да) имате секс:
Оградување: Толкувањето на настаните е од машка субјективна гледна точка во стилот на "X одлични изговори за избегнување на гушкање после секс"
6. Да ти улета некој
Според неисцрпната мудрост содржана во форумот на Фемина, младите сакаат да ја калемат црешата. Бидејќи не живееме со совршениот свет на младите девици каде што чинот ќе се случува во пространа бела соба со миризливи свеќички во потполната дискреција на шпанските виногорја,
Слика од моето прво сексуално искуство |
најверојатно ќе треба да обрнувате внимание на околината додека не си најдете сопствена гајба или стан на другар кој се издава, но моментално е празен. Целата идеја на внесување на возот во тунелот е некој да ти улета (ако ме сфаќате што сакам да кажам, намиг, намиг), но да разгледаме неколку случаи во зависност од личноста што улетува:
- Другар ти - "Тоооо брат!"
- Другарка ти - "Види го, нема почит према жените"
- Другар ѝ - "Да не бев friend-zoned јас ќе бев на твое место"
- Другарка ѝ - "Види ја курава, дигнала 4 во вис" (Про совет: Откако другарката и ќе улета и ќе ве забележи, вие сте должни да и пратите ишарет кој ќе даде до знаење дека ако некогаш сака, не мора веднаш, меѓутоа ако некогаш сака, во ред е да ви се придружи)
- Татко ти - "Тоооо сине!"
Татко ѝ |
- Било која баба - "Вау, цицки над пупак"
- Било кој дедо - "Вау, ерекција"
- Лимени оркестар - бидејќи другарите не знаат подискретно да ти го честитаат роденденот
- Девојка ти/жена ти - што божем ова никогаш не се случило. Сите сме срциња/мачиња, така?
Овие приказни добиваат епска димензија, кога местото на кое ќе ви улета некој е специфично. Како на пример џандари на Водно, цела јуниор лига во мал фудбал во тоа што требаше да биде факинг празна сала или пијан човек кој толку бил во зорт што почнал да врши нужда без да провери дека во истото веце има пар кој толку бил во зорт што почнал да врши "нужда" во истото веце.
5. Да истрескаш нешто
Орањето на нивата е како испрашување во средно. Не можеш да бидеш 100% подготвен, имаш трема пред одговарање, другарчињата не смеат да ти поткажуваат, најголемиот дел од времето импровизираш, твојот одговор се оценува и секако ако не знаеш се враќаш на место пред време. Затоа екстремно помага ако си ја напишал домашната задача на време.
4-ките се бидејќи бев екстремно изморен тој ден |
"Сања, ова Тања што викаш да нарачаме пица сега, таман за 10 минути ќе стигне?"
- "КОЈА Е САЊА?!"
Ако Сања е нејзината сестра, другарка или ваша бивша тогаш масовно сте го обрале бостанот.
Затоа во вакви ситуации никогаш не треба да се ризикува. Најсигурно е партнерката да ја викате нагалено: срце, маче, бебуш, љубавина = љубов + убавина (?!) или било кој друг прекар што не е името на таа на која мислите во моментот.
Од друга страна на спектарот се ситуациите кои однапред се договорени, но поради некоја причина излегуваат од контрола:
По правило следните работи исто така не треба да се практикуваат за време на поставувањето на камен темелникот:
- Потпевнување на песната која оди во позадина
- Одговарање на прашањето од квизот кој оди во позадина
Или било што од листава |
По правило комедија = трагедија + време, па најверојатно за некое време слатко ќе си се смеете на глупостите што сте ги истрескале. Зашто тогаш да не ги споделите подолу во коментарите?
4. Да се случи беља
Да бидеме сериозни за секунда. Јаглерод моноксидот е тивок убиец на тинејџери кои сакаат да ја прошетаат змијата во градината додека е уште надвор ладно. За да не се случи беља која ќе ве кандидира за Дарвин наградите ве замолувам изгасете ја колата додека ја зачинувате манџата! Со ова речено можете да се посветите на:
- Случајно правење бебе
- Палење на куќата бидејќи завесите не сакаат многу романтика
- Поплавување на куќата гасејќи ги завесите кои не сакаат многу романтика
- Здобивање со повреда бидејќи лесно изгледало на видеото
- Заглавување во партнерот поради црна магија
- Тетовирање на нејзиното име бидејќи таа е вистинската
- Удирање на партнерката бидејќи ве фатило грч
- Молење да не замириса прдешката што шпионски ја пуштивте
- Сочно да кивнете на грбот на вашата партнерка
Меѓутоа најголемата беља што јас сум ја слушнал е поврзана со палачинки.
И тоа баш онакви како што јас правам |
Имено некој тип вртел палачинки додека неговата партнерка се запознавала со неговиот амбасадор. Во момент на екстаза, типот не успеал да ја фати со тавчето врелата палачинка која паднала на рамото на партнерката, која пак рефлексно ја згрчила вилицата. Екстазата на типот се претворила во ужасна болка и ...
... замислете дека рекетот е тавчето, а топчето главата на партнерката |
Наравоучение:
Во кујна не се пуши |
3. Да не се случи беља
Иако се надевам дека никогаш нема да ви се случат работите од претходната точка, сепак во кревет заедно одиме за да се случи некоја беља. Во спротивно ќе треба да седиме сами дома цел ден и да пишуваме статии на блог. Постојат мал милион работи...чекајте малку...додека сме на темава што значат следните работи бидејќи никогаш не ги сфатив:
- мал милион - зашто е мал дали постои голем милион?
- градот флертува со мене - знам дека е метафора, ама никако не можам да си ја замислам ситуацијата во која град ќе флертува со мене
Да се вратиме на темата. Ситуациите кога нема да се случи беља се фрустрирачки сами по себе. Запознавате некоја девојка на социјалните мрежи, си ги бендисувате работите кои ги споделувате, се договарате да одите на кафе-мафе, се чекате пред коњот на плоштад, одите во кревет и бам! нема магија = нема поставување споменик во нејзиниот плоштад.
Оууу јеа! |
Стандардниот изговор за ваквата ситуација е дека сте уморен/ве боли глава, меѓутоа има и некои нетипични:
- Си бил со друга пред 2 саати
- Сè уште мислиш на бившата
- Сè уште мислиш на сестра и
- Знаеш дека веднаш после инсталирањето на хардверот ќе мораш да смениш relationship status
- Се отрезни по пат и сега веќе идејата не ти звучи толку добро
- Само што ти текна дека веќе имаш девојка
- Не сакаш да го уништиш вашето пријателство (?!)
Дента си пиел Изворска и не можеш да ја извадиш етикетата од глава (слика на MxN) |
2. Да утнеш фантазија
Врвот на една врска е кога ќе се чувствуваш доволно пријатно за да ги дискутираш и реализираш сопствените сексуални фантазии со твојот партнер. Mојата сексуална фантазија на пример е женска да ми се јави откако ќе ја прочита оваа статија, да ми даде од прва,
И потоа да ми направи сендвич |
но ништо настрано од типот да ја филувате тортата со колешката која ужасно те нервира, додека овците на бачило и го грицкаат увцето!!! (одете до крај на странава да се уверите). Зборувам за оние мали недоразбирања што можат да се јават при реализирање на одредени фетиши:
- Таа да сака војник на ливада, а да добие
Storm trooper на ливада |
- Да помислиш дека Zagreb Coffee Break е забавен фетиш*
- Таа да сака црнец, ти да ја сфатиш Амди Бајрам
- Ти да сакаш палава ученичка меѓутоа да бидеш
- Лошо да се разберете околу тоа кој треба да ги носи штиклите
- Да се маскираш во стрип верзијата на Wolverine наместо во Хју Џекман
- Да читаш Здраворазумен Хејтеризам додека барате разумен компромис (колку људи, толку чуди)
*Zagreb Coffee Break - сексуален фетиш според кој пред да доживеете климакс додека ја ложите локомотивата од позади треба да истурите жешко кафе врз грбот на партнерката. Откако таа ќе се сврти од ужасна болка, треба да го измолзите гуштерот додека викате "S mlijekom!" (за родените по распадот на Југославија - "Со Млеко!")
1. Да завршите на интернет
Се додека постои човекот, ќе постојат вакви приказни/ситуации. Се додека постои интернетот и луѓе како Џумерко, ние ќе можеме да ги прочитаме и малку да се посмееме на сите работи што можат да се случат за време на трасирање на рутата (почнаа еуфемизмиве веќе да немаат логика). Затоа се коментарите на овој блог, за и вие читателите да можете ме надополните со некоја ваша (или туѓа) мала незгода, истрескана глупост или сексуална фантазија која се надевам не вклучува факинг овци на бачило.
Тест: Изброј ги сите и провери дали ќе ти се приспие. Ако да, тогаш го помина тестот |
Секако, споделување во коментари е своеволно споделување. Најчесто епските приказни не завршуваат така на интернет, туку преку сестрата во ургентниот центар која има пријател новинар во телефонскиот именик. Затоа знаеме за:
- Мики и сестрите
- Навивачот и нимфоманка
- Дечкото и дезодорансот
- Дедото и флашата
- Домаќинката и рибата
- Ноне и црнецот
И сите останати приказни што можат да се прочитаат во жолтата штампа - термин што не треба повеќе никогаш да се користи за опишување на печатени медиуми.
За да можеме да се смееме на овие приказни, најважно од се е да бидеме здрави и информирани. Затоа за крај ќе ве оставам со совет од мојот идол:
Секогаш носете кондом |