За доброто на
нашата држава, се надевам дека сте информирани за последната одлука на нашата
Влада (исто како Господ, Бог или германска именка се пишува со голема буква) за
монтирање на милион нови огради на мостовите низ целата држава...уствари чекај....
Се надевам дека
сте информирани за последната одлука на нашата Влада за монтирање на нова ограда која чини милион факинг евра на мостот кај Холидеј Ин!
За оваа одлука,
вчера пишуваше мојата колешка блогерка и гостин на една од статиите на мојот
блог. Бидејќи сето ова се’ уште ми звучи ретардирано морам и јас да
го споделам моето мислење во вид на блог пост од едноставна причина што не
можам во секој твит да ставам тоа што сакаат читателите.
Во 90% од случаите - цицки |
Да започнеме прво со една кампања на Владата на Р.М. која многу добро ја анализираше нашиот омилен “го мразам, па го сакам и така се во круг” проф. д-р Венко Андоновски.
Во обичен текстуален уредувач да го видиш крајот на светот |
Според мене
кампањата е апсолутно непотребна бидејќи верувале или не, нашиот народ е најкреативниот народ што некогаш сум го
сретнал. Ова го констатирам бидејќи избраниците на нашиот народ успеаа во нешто повеќе од еден милион евра да видат една обична ограда.
Обична ограда?!
Дозволете да ја
цитирам нашата министерка за култура (секако под цитирам подразбирам
парафразирам и тотално извадам од контекст):
“Не треба да критикувате. Како Вие, народот, простата
маса, можете да процените колку навистина чини една таква уметничка инсталација?”.
Се согласувам со нашата министерка, многу е
тешко да се процени вредноста на некое вакво дело од страна на луѓе кои ја
познаваат само уметноста на преживување до следниот месец.
Тоа што е лесно
пак, е да забележиш кога некој те дупчи во здрав мозок. Не треба да си Венко
Андоновски да сфатиш дека ставаме скапа шминка на грда девојка со надеж дека
некој ќе се смилува и ќе и’
направи спот со громови. Реалноста е што таа девојка е нашата мајка, сестра,
ќерка, која сакаме или нејќеме ќе ја видиме следното утро без шминка, бидејќи таа
живее со нас и таа е наша крв.
Карл Сеган, еден од најпознатите космонаути [citation
needed], тврдеше дека секој од нас
треба да има и најважно од се да негува т.н. “Детектор на Глупости”.
Сите ние го
поседуваме и обично се манифестира со израз на неверување на нашите лица кога
ќе прочитаме или слушнеме нешто што нам ни звучи нездраворазумно. Прочитајте ја
повторно веста за оградата од милион факинг евра и погледнете се во огледало.
Изразот на вашето лице е резултат на тоа што сте забележале масивна глупост.
Можеби звучи дека
цело време ја критикувам власта и тоа не е далеку од вистината. Моменталната
ситуација, невработеноста, верската нетрпеливост, радикализацијата се производ
на неколку децениско погрешно водење на државата. Тоа што ме прави гневен е тоа
што сегашната владејачка гарнитура не поседува “Детектор на Глупости” и не може (или не сака) да увиди
дека ги повторува истите грешки што ги правеа претходните влади. Продолжува да
се фокусира на симптомите наместо на болеста, на последиците наместо на
причините. И тоа е жално бидејќи лекот е
во нивните раце. Имаат финансии, имаат медиуми, имаат државни апарати, ја имаат
бесполезната опозиција, го имаат на располагање целиот народ.
И тие одлучуваат да направат ограда од милион
факинг евра.
“Детекторот за Глупости” не секогаш ни ја дава вистината. Искусен лажов многу вешто ќе ја искористи слепата верба, склоноста кон насилство, беспарицата или едноставно недостатокот на информации за да пласира очигледна лага која ќе помине незабележана низ детекторот.
Единствена
заштита е учиме од историјата, да го надградуваме нашиот детектор со нови
информации и да го проверуваме изворот на истите.
Група луѓе чиј
детектор бурно реагирал на оваа одлука, решија на доста хумористичен начин да го изразат својот револт. Одвојте време да го разгледате настанот и одлучете
дали треба да реагира и вашиот “Детектор на Глупости”!