07 May 2012

[Гостин хејтер] Уште 6 женски постапки што како женско не ги сфаќам

 
Колешка во хејтеризам од ист пол како мојот пишуваше на темава веќе. Со некои работи се сложувам, со некои не. Јас сум тука да ги споделам работите кои ги прават (или не ги прават) жените, кои знаат да бидат прекрасни суштества (митски или реални зависи како ќе изберат), кои ме тераат да се почешам за главата и да се запрашам дали е до мене или до нив. Да направам малку его трипинг, најчесто е до нив.
Има уште многу примери, ама Медо ме предупреди да не забегувам, демек да не ги замарам многу луѓево.

Less is more


6. Приватни муабети

Мислам на приватни муабети кои се одвиваат по ѕидовите на фејсбук. Не ја разбирам потребата на девојките да пишат кај другарката на ѕид нешто од типот „леле цуци топ си поминавме вчера“ и да ги тагнат сите 16 другарки што биле со нив. Направи групна приватна порака па споделете како супер сте си поминале на настан на кој сите споменати сте биле, не мора цел фејсбук да знае. Исто така моменти од типот и пишуваш на другарка ти на ѕид да си провери приватна порака. Па ако веќе се уклучи на фејсбук ќе ја види и пораката и нотификацијата дека ти и викаш дека има порака. Или мора сите да знаат дека си и пратила порака? А да, да не заборавам рандом изјави на емоции, знаеш, да не заборавиш дека те сакам.

Братучедки (клик за поголема резолуција)

5. Глупи кавер фотки на фб

Мислам дека нема потреба од 8 реда објаснување тука, само отворете го линкот со примери .








*Во случај некоја од сликите да не се отвора, пишете коментар ќе ја замениме

4. Брк после 35тата година

Ова ме мачи веќе подолго време. Не разбирам зошто жените откако ќе достигнат одредена возраст (35-40 години) прекинуваат да обрнуваат внимание на фацијалните влакна. Разбирам дека е вработена жена и оди на работа од 8 до 4, па треба дома ручек да направи, да испере, испегла и слично, ама депилирање на брк трае максимум 3 мин. Ја земаш лентата, ја протриваш низ раце за да се стопли минимално восокот, ја одлепуваш, ја лепиш на брк, тегнеш и мачкаш средство за дезинфекција за да не се исфрлаш. Не е во ред и воопшто не е естетски да работиш во некое министерство и да се шеташ со умрена гасеница над усни.

пр. Министерка
3. Кондоми

Голем процент од вас ќе ми кажете дека не е исто чувството кога имаш секс со и без кондом. Да, знам, се согласувам. Но, многу е поубаво чувството кога не треба да се замараш дали младичот ќе го извади на време или дали младичот ќе ти пренесе некое бубаче (или ти на него) па после да треба да се замараш со многу други глупости. А за секс со непознат рандом тип собран од дискотека па да не правам муабет. Ќе ми каже пијана била, не и текнало, немал а напалени биле. Носи си ти бе златна. Сакаме полова еднаквост ама ти е срам да влезеш во аптека да си купиш кондоми. Никој нема да те осудува за тоа. Поверојатно е да те осудува аптекарот ако отидеш да купиш апчиња за хламидија. Или пелени а имаш 19 години.

Посимпатично отколку фотка од манифестација на некоја болест во секоја случај.
2. Одење на гинеколог

Си почнала со сексуални односи со дечко ти, прв ти е, многу се сакате и се е супер. Ама од тебе (а богами и мене) непозната причина не сакаш да одиш на гинеколог. Зошто? Страв ти е? Одењето на гинеколог откако ќе станеш сексуално активна е за твое добро. Има работи кои што ни мајка ти ни другарките не можат да ти ги објаснат подобро од чичко Гинеколог ( или тетка, како милуваш). Пример, како најдобро да се заштитиш од бременост, од полово преносливи болести, редовен Пап тест, оваријални цисти, ХПВ имунизација итн. Одење 2 пати годишно на доктор е многу нормална работа и воопшто не е срамота.

Да се насмееме малце, ако не.
1. Депилација

* Во врска
Секогаш ме чудело зошто девојки и жени кои се во стабилна долга врска прекинуваат редовно да се депилираат. Мислат дека ако типот е со нив 6++ месеци дека веќе си ја завршиле задачата? Ги сака, нема кај да бега, па нека трпи. Зима е бе бејби, ладно ми е, па ќе издржиш да имаш секс со Јети дур не дојде Април. И после искачал повеќе со другарите отколку да ве вика на гледање филмче и црвено вино кај него дома. Па нормално. Или муабетот, го импресионирав веќе, виде каква сум и каква можам да бидам па сеа можам да се опуштам ( и да се здебелам уз пат како комбо).

* Сингл
Е тука муабетот е дека нема кој да ги гледа и пипка па пак не се замараат. Никогаш не се знае. За себе. Не ти е мака да се гледаш со влакна по нозе подолги од тие на татко ти? Или со месеци не си направила бразилска па не можеш нозе да прекрстиш од што те скубе. Знам дека е замарање, женско сум, сум била во долги врски, ама НИКОГАШ не сум ги малтретирала партнерите, а ни себе, со влакна. Ако не можеш да се издепилираш секогаш е тука бричот. 

Така де.

Авторката е тип на девојка што не можеш да ја одбиеш кога ќе ти се "понуди" да ти гостува на блог. Професионално се занимава со работи од кои на просечното машко би му се превртиле цревата, а ако сакате да дознаете повеќе слободно следете ја на Твитер.  




 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff