Досега имав обичај да ја критикувам Владата за сите споменици, огради и останати нелогичности кои изникнуваат во моменталнава не-толку-сјајна економска ситуација.
Денес ќе го критикувам народот од чии пари се изградени и за кого се наменети тие споменици.
Денес ќе го критикувам народот од чии пари се изградени и за кого се наменети тие споменици.
Денес ќе ги критикувам сите жени што КУР НЕ ВИДЕЛЕ ВО ЖИВОТ! (оригиналната вест)
Пред некое време во Жена Парк беше поставена биста од Прометеј, митскиот фраер што го донел огнот на Земјата со што започнало златното доба на човештвото (додека брат му не усрал работа со тоа кутијата).
Секако ова е само мит! Вистинската причина зашто Прометеј го донел огнот е за да донесе светлина на Земјата со што обичните смртници би можеле да ги видат неговите масивни гениталии:
Слична е и приказната со коњот на |
"Вчера поминував во Жена парк и видов гол, висок човек, многу се
вознемирив и побарав итна медицинска помош." - изјави Нада Петревска.
Се надевам дека итната медицинска помош веднаш те упатила во душевната болница во Бардовци бидејќи очигледно имаш длабоки психолошки проблеми штом ти треба итна медицинска помош секој пат кога ќе видиш гол, висок, згоден човек што во конкретниов случај е ебана статуа!
Што им кажа на медицинските лица кои наместо да се на терен да спасуваат луѓе кои крварат се расправаат со жена чиј чмар е толку стегнат што не знам дали некогаш оди по голема нужда?
Зашто не повика брза помош кога го поставија воинот на коњ, на него едно јајце му е колку главата на Прометеј?
Што им кажа на медицинските лица кои наместо да се на терен да спасуваат луѓе кои крварат се расправаат со жена чиј чмар е толку стегнат што не знам дали некогаш оди по голема нужда?
Зашто не повика брза помош кога го поставија воинот на коњ, на него едно јајце му е колку главата на Прометеј?
"Праќаме апел до надлежните, во најскоро време да се интервенира во
решавање на случајот. Жените од Скопје, па и пошироко, се жртви на ова
21-во вековно безобразие." - изјави Претседателот на здружението на жени "Жена".
Здружение на жени што се вика Жена? Многу оригинално!
Жените навистина се жртви и тоа на сексуални напади, семејно насилство, мобинг на работното место, скратување на нивното право на абортус и уште милион безобразија во 21виот век. Зашто не се фокусирате на вистинските проблеми наместо да ги слушате вашите претседателки кои со години не се допрени од реален маж? Ама не, најголемиот проблем што го има жената во Македонија е тоа што статуата на Прометеј нема гаќи.
Конечно ги решивме сите проблеми во државата |
Забалежувате дека статуата со гаќи е многу позлатна од статуата без гаќи?
Ова сигурно е чудо одобрено од Господ!
Редакцијата на Здраворазумен Хејтеризам, сака да помогне на здружението "Жена" со донирање на неколку вибрирачки еквиваленти на машкиот полов орган со надеж дека ќе излезат од средниот век во кој живеат, малку ќе се опуштат и ќе уживаат во убавините на животот.
Бонус: Прометеј има гаќи, дали жени реагирале или некој друг реагирал проценете сами.