06 May 2012

[Гостин хејтер] 5 женски постапки што како женско не ги сфаќам

 
Сите кои лично, барем малку, ме познаваат, знаат дека сум феминистка до јаја. Ама рака на срце, има моменти во однесувањето на мене познати или многу рандом цури кои ме тераат на You Don’t Say? или Facepalm рекација. Ако сте женско, имате над 17 години и сте при здрави разум и свест, а сте гледале/биле на настап на Слаткаристика, сигурна сум дека отприлика имате претстава за што зборувам:


5. Сите машки се исти

Реплика и прашање на столетието
Право да расчистиме, не само што не се исти, туку не ни може да бидат ИСТИ.
Додека сме тука па и да си прашам. Кога се веќе сите исти, зошто бе златна не си направиш модус операнди, и сите понатамошни врски да си ги тераш врз основа на наученото од прваа пропадната, кога нели веќе се сите исти треба да знаеш што, кога и како ќе се случи.
На крајот на краиштата, кога се сите исти, а тебе тоа очигледно не ти се допаѓа, па немој да бидеш со некого. Биди сама и среќна. Нели имаше и муабет боље да си квалитетно сама, него у лоша врска?!

4. Еднаквост во при ракување со далечинското во врската

Јас однапред ќе се извинам на девојките кои стануваат у 8 за да гледаат квалификации во Формула еден и на оние кои знаат како заврши Челзи-Барселона.
Не викам дека јас не сум напињала да се гледа Сексот и градот две епизоди една по друга на фокс и дека не сум испуштала воздишки кога ќе ја кренел Биг во раце Кери, ама па сеа ништо друго да не се гледало освен тоа?!

Кој ти Ку*ац реакција при мењање програма
Драга моја, ако сакаш до тебе личност со која 24/7 ќе гледаш романтични комедии, ќе превртуваш филџан после секое турско кафе, личност со која ќе се лутиш зашто 20тина луѓе трчаат по една топка, фати си женска. Така полесно ќе падне договор на искачање да не се пие пиво заради прекршување на диетата, туку кисела вода со лимон.

3. Примена со совети од типот Космо Вели

Значи сите списанија од овој тип (Cosmopolitan, Elle, Vogue) имаат почнато да се печатат со цел да масата да се и се презентира нешто што кај нас во Македонија не постои, а во светот го викаат haute couture или висока мода. Е сега, зошто имаат рубрики Космо вели/Вог вели или сл., убиј ме Господе појма немам. Во секој случај, сите овие совети заедно не мислам дека покорисни од логичките трикови на задната страна за Наш Свет.

Ми текнува дека на времето се гласаше за кој постер да го има во идниот број
Како и да е, применувањето на ваквите совети е во најмала рака ретардирано, бидејќи ниту ги пишува некој кој е компетентен(психолог, психијатар), ниту пак е извршено истражување во врска со ефикасноста на истите, ма ни анкета немаат спроведено што е општото мислење во врска со ``советите``.
На кај краева, Космо ти треба да ти каже најчесто машките нејќат кога по 5 пати ги препрашуваш дали штиклите ти одговараат на тие фармерки и дека треба да користиш шампон зависно од типот на коса? А верувајте дека имам милион примери од реалниот живот каде познајничките ми ги објасниле своите постапки со реплика од списание или уште полошо(во средно) со тоа што им пишувало во дневниот хороскоп прочитан во Македонски Спорт.

2. Барање дечко по урнек од роман

Ако немате читано, сигурно имате барем начуено дека Гијом Мисо е новиот французин со најлигави причи на сите времиња, и кога велам лигави мислам дека ,,П.С. Те сакам`` е ,,Војна и мир во споредба``, ,,Што би правел јас без тебе``, ,,Затоа што те љубам`` и ,,А,потоа..``. Значи топ лимонадести книги за да утепаш некој пола саат до саат ако нема ништо на ТВ и нетот ти е скинат. Ама човече,со такво нешто да се соживееш? Не знам дали сум само јас изрод зашто единствениот лик со кој се имам врзано е Мерсо од ,,Странецот`` или почнува да постои проблем на повисоки размери што девојките почнаа да бараат дечковци, исти,`` ама леле леле бее пааа исти`` како по ваквите лимонади.


И јас сакам дечко ѕвер ко овие двајца или др. Хаус, али јеби га НЕ ПОСТОИ!
Уште еден момент во врска со ваквите платонски љубови што мене ми иде на нерви е тоа што никој не обраќа внимание на женските ликови од тие книги, како они патат и како знаат да чекаат. 99,9% од женските што го сакаат машкиот линк во романот на Гијом Мисо, за цурата сметаат дека е глупача која не е свесна за своите квалитети... Епа сеа удрете ја математиката!

1. Самопочитување и себепромоција

Тука имам да кажам само една работа.. 1ви април!
Се маскираш во француска собарица, секси медицинска сестра, Плејбој зајаче а 1ви, а веќе на 2ри сакаш да зборуваш за тоа како сакаш мажите да не те гледаа како парче месо, како ти знаеш колку вредиш и немаш намера да дозволиш на некој да му бидеш Барби за една ноќ... Звучи познато,а?
Многу ми е жал што за некои луѓе самопочитување не е ништо повеќе од постирање на ,,strong enough`` на Facebook.

Авторката е девојка која сака секое неделно попладне да го поминува по кладилници. Или можеби не сака, не успеав да сконтам од контекстот на статијава. Во секој случај, има само еден начин да се уверите, а тоа е ако ја следите на Твитер.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff