Читајќи ги интервјуата со финалистките на изборот за Мис на Македонија Фејсбук 2012 година, заклучив дека на сите ни треба некој идол во животот, дали тоа е Бог, родител, позната личност, младински лидер на локален комитет, комшија со бормашина или Боки 13ка да не насочи во животот, да ни постави позитивен пример или пак да ни постави граници кои сакаме да ги достигнеме.
Како што Киро Глигоров ни постави старосна граница која сакаме да ја достигнеме |
7. Секогаш биди подготвен
Колку пати сте се нашле во ситуација да немате нешто што многу ви треба во моментот? Еднаш? Два пати? Колку и да е, тоа е за толку повеќе од Били Ѕвер, бидејќи тој секогаш е подготвен.
Можеби не ми се случува секој ден да ми треба кондом, меѓутоа неговиот совет го применувам во многу сфери од животот:
- Секогаш имам ситно за во автобус/такси
- Носам кеса во џеб за да не плаќам на каса во супермаркет
- Знам кој хороскопски знак во кој месец паѓа, бидејќи кога тогаш таа тема ќе се начне
- Знам барем еден резултат од скорешен натпревар во случај да останам сам со машко
- Ги знам приказните на две од четирите стари моми од Сексот и Градот
- Носам бичкија во случај да треба да ги ебам/сечам
Една стара студентска поговорка вели дека ако доволно пати преполагаш предмет, на крај ќе добиеш 10ка која ќе те грее во долгите осамени ноќи. Претпоставувам дека Били Ѕвер никогаш не се нашол во таква ситуација т.е. не се ни нашол блиску до некој што се нашол во таква ситуација, меѓутоа тоа никогаш не го поколебало да запре. Чујте!
На прво слушање песната се однесува некоја женска, меѓутоа женската е метафора за публиката на Били Ѕвер. Тој и' се обраќа со "Ти не ме сакаш знам", меѓутоа дали тоа (читај: соодносот на зелено и црвено на неговите видеа) е причина да престане да пласира музика во етерот? Секако дека не! Која е публиката да оценува што е добро, а што лошо!
5. Мора да бидеш претпазлив со твоите пари
"Жените се глупи кучки кои се заинтересирани само за твоите пари" - Сенсеи Били Ѕвер
Можеби ова не е вистински цитат од Били Ѕвер, ама ни тој не е сенсеи, па да мора точно да го цитираме. Били Ѕвер врти пари и врти женски, но женските кои ги врти Били Ѕвер, не ги вртат неговите пари.
Математиката е многу проста. Били Ѕвер ги третира своите жени како објекти, а објектите знаеме дека не можат да трошат пари. Ти нема логика? Да ти имаше логика ти ќе ги броеше парите како во видеото наместо да го читаш ова.
4. Важно е да имаш добар грб
Една стара партиска поговорка тврди дека не е важно што знаеш во животот, туку кој знаеш. Можеби јас знам влијателни твитерџии, ама да бидеме реални, колку од нив би биле корисни во реална тепачка. Били Ѕвер од друга страна има пријатели со застрашувачки имиња како Dark Mаn, Жетвар, Snoopy MC, Елвир Мекиќ,...
Тогаш и само тогаш можеш да пласираш неквалитетна музика во етерот.
3. Негативен публицитет е сепак публицитет
Иако звучи контра-интуитивно ова сепак многу добро функционира во реалниот свет. Затоа сите знаеме кои се Били Ѕвер, Драги Шпага, Жаре Бербер, Северина, Бранко Црвенковски.
Како што Били милува да каже, хејтерот може само да вика бај или хај или нешто такво, неговите песни без разлика на се' ќе си се емитуваат во етерот. Затоа неговата песна има 80.000 прегледи повеќе од најдобрата песна на сите времиња. Сељак? Можеби. Визионер? Дефинитивно.
2. Биди доследен
Прост пример: Амди Бајрам толку време и енергија има вложено во својот Кока Кола имиџ, што сега не ни може да се дозволи да излезе на јавен настан и да не каже гаф. Луѓето него не го гласаат да им ги реши проблемите. Штом 20 години не ги решил нема ниту сега. Го гласаат зашто Македонија има потреба од вирални видеа.
Били Ѕвер тоа многу добро го знае, кога ќе помислиш на Били помислуваш на заштитен секс со многу жени. Ретардирано од негова страна би било да каже дека сето тоа е лага.
Нееее! Што е следно? Џеј Џеј да каже дека не е Бог знае што?!
1. Искористи ги твоите маани
Знаете што, живееме во 21 век. Веќе не е срамно да признаеш дека не го знаеш англискиот јазик. Били Ѕвер направи мал лапсуз кога ги бранеше боите на својата држава на Евровизија. Што, божем Калиопи е подобра?
Били е тактичар. За разлика од Бекстејџ кои можеа да ја направат најдобрата заебанција со помош на мојата кандидатура за Мис на Македонија Фејсбук 2012, тој знае како вешто да ја искористи дадената ситуација.
Дап, неговиот последен албум се вика Мацедониш. Еве една јавна почит за тоа!