06 May 2012

[Ретардација на денот] Коце со пиштол

 
На еден од македонските портали денес осамна скандалозна слика од скопскиот градоначалник, г-дин Коце Трајановски, како со пиштол се заканува на група млади демонстранти кои спонтано преку социјалните мрежи се собрале да истрчаат протестен круг околу градот истакнувајќи го нивниот физикус.

Клик за поголема резолуција и теорија на заговор
Опозицијата најави прес конференција во која јавно ќе бараат г-динот Коце Трајановски да образложи дали бил при здрав разум кога вперил огнено оружје во толпата и дали исто така бил при здрав разум кога го потпишал проектот Скопје 2014.

Очевидци на настанот тврдат дека откако г-динот Коце Трајановски испукал предупредувачки истрел во воздухот, настанала масовна паника и демонстрантите почнале да бегаат во засега непознат правец.
Во градот е забележано засилено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи, кои се обидуваат да го расчистат метежот. На местото каде што демонстрантите се движеле, пронајдени се празни шишиња од вода кои се користеле како проектили.

Според информациите кои ги добивме од Миленко Неделковски и Мирка Велиновска и кои се потврдени од официјални извори, во изминатата недела во Македонија влегле десетици државјани од земјите во Африка. Моментално се истражува нивната поврзаност со немилиот настан, кој се случува само неколку дена откако МЗТ ја освои титулата во македонската кошаркарска лига.

Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште немаат коментар за овој грозоморен настан, иако не се исклучува можноста настанот да добие верска димензија како што ќе напредува истрагата.

*сликата можеби е извадена од контекст
 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff