Ако тргнеме 99% од комплексноста на универзумот, светот е многу едноставно место. Двајца млади се заљубуваат, двајца млади добиваат дете и двајцата млади се обидуваат правилно да го воспитаат тоа дете за подобра иднина на човештвото. Секако ова во реалноста не функционира, бидејќи кога ќе додадеш 99% комплексност пренесувањето на морални вредности на своите деца не е толку едноставна работа,
Како што може да забележите |
и најголемиот дел од работите кои сме ги научиле од нашите родители се апсолутни невистини.
Премотајте неколку децении во иднината и сега сите сме возрасни личности кои се обидуваат да го придвижат чекор понапред преку пружање помош или алишта на оние на кои им е најпотребна.
Исус и уште мал милион пророци пред него и после него се обиделе да го направат истото, но како што гледате тоа срање не успева. Човековата природа е кучка од рангот на твојата бивша, ни дава илузија дека помагаме да создадеме поубав свет иако во најголемиот дел од случаите само го храниме сопственото его.
Еве неколку причини зашто сите сме масовни шупци кога се обидуваме да глумиме Мајка Тереза:
5. Питачи
Сите што некогаш сте дале 10 денари на просјак на улица, на семафор, на вашето попладневно кафе на ул. Ленинова дигнете раце!
Ајде сега сите што мислите дека Слаткаристика треба да олабави дигнете раце!
Средношколски рап на страна, браво за првите, бидејќи се чекор поблиску до рајот.
Си дал вкупно 320 денари на просјаци, ти се проштеваат сите неверства, влагај! |
Да разгледаме неколку причини поради кои еден човек сака да помогне на друг човек:
- Вистински алтруизам - сакам да помагам за и помалку среќните да бидат среќни, безбедни итн.
- Само-важност - сакам да помагам за останатите да видат колку сум јас хуман, полн со разбирање и со високи морални вредности
- Само-услужување - сакам да помогнам/да ги научам за повеќе да не ми досадуваат
- Стекнат алтруизам - сакам да помогнам затоа што родителите/учителите/врсниците ми рекле дека тоа е правилно
За конкретниот случај ако припаѓаш во првата категорија си само-праведен идиот, ако си во втората си барем искрен, во третата тактичар и ако припаѓаш на последната тогаш си овца. Давање 10 денари на питач не го решава проблемот, туку ти дава само душевен мир дека си помогнал. Дел од просјаците се духови, не се заведени во матичната книга на родените, немаат матичен број (со тоа и сите права кои како граѓани им се загарантирани), покрив над главата или пак основно образование. Твоите 10-те денари само помагаат питачите да го искусат истото срање само во различен ден.
Ако навистина си алтруист и сакаш да помогнеш, искористи ја твојата партиска книшка со која толку се гордееш (забелешка: на просечниот посетител на овој блог преку тасе му е од политика) и побарај подобра социјална политика, подобро образование, подобри економски услови... Ама тоа е малку потешко од елиминирање на ситните монети од твојот џеб, така?
4. Групна порака
Можеби давањето 10 денари не го решава проблемот, меѓутоа помага просјакот да го преживее денот, ти си задоволен што си помогнал, женската до тебе е импресионирана од твојот голем алтруизам и сите се на коњ како споменик на плоштад.
Мала поправка, ти си на коњ како споменик на плоштад!
Јустинијан, зашто не си на коњ како сите останати? |
Луѓето кои сакаат да помагаат се тешки кретени и генерално непријатни за комуникација. Ова не е мое мислење, ова е ебана наука, што е второ по релевантност после "Господ така рече".
Сите имаме другарчиња кои цело време учествуваат на крводарителски акции, собираат стари алишта, волонтираат во јавни куќи кујни и најлошо од се прават групни пораки во кои ги известуваат сите пријатели за одредена хуманитарна акција. Не ги обвинувам, тие сакаат само да помогнат и имаат далеку повеќе емпатија од емоционално осакатен блогер кој сето тоа го кења, меѓутоа тоа што постигнуваат е:
Тука нема maybe leave conversation |
Сите групни пораки неминовно резултираат со напуштање на разговорот. Во повеќето случаи луѓето не ни го отвoраат настанот да видат дали реално можат да одвојат време/пари за испомош. Ги познаваат луѓето кои ги прават тие групни пораки, знаат дека се хуманитарци качени на висок коњ кој се храни со виши морални вредности и знаат дека истите тие луѓе гледаат на обичните смртници како шлајмот поради кој овој свет не е совршен.
Не! Само-праведните луѓе се оние кои сметаат дека нивниот Бог е најдобар, нивниот начин е вистинскиот, нивното размислување е најправедно. Нешто слично на тоа што правам јас сега.
3. Ми се допаѓа = пари
Запознајте со кликтивизмот - активизмот на 21 век. Во кратки црти е тоа што секојдневно го правиме:
- Кликнување attending на хуманитарен настан
- Кликнување ми се допаѓа на анти-владина кампања
- Споделување на постерот од протестот на својот профил
- Потпишување оnline петиција против дискриминаторен/ограничувачки закон
Главната карактеристика на кликтивизмот и сонот на секоја тоталитаристичка власт е тоа што сето тоа се случува во удобноста на вашиот дом со брзината на вашиот широкопојасен интернет. Нема излегување на улица, нема солзавец, нема лица, нема вистински имиња и секако нема ебан ефект.
Сега запознајте се со најбрилијантната рекламна кампања во историјата на Македонија:
Маркетинг од рангот на "Чудо во св. Димитрија" |
Дормео пред некое време имаа кампања со која донираа еден денар за секој лајк на нивната страница. Одлична идеја, со само еден клик помагаш илјадници семејства во Македонија да добијат душек или што и да е. Уствари чекај, според официјалното видео на кампањата, во последните 2 години 54.000 луѓе станале фанови на Дормео ФБ страницата. Значи за 2 години Дормео донирале баснословна сума од неверојатни 54.000 денари т.е. 900 евра т.е. милион шестотини деведесет и девет илјади и сто евра помалку од оградата за мост. За тие 2 години максимум 54.000 ФБ корисници ја виделе најновата промоција на Дормео на своите профили бидејќи се фанови на нивната страница. Ако ова не е брилијантен маркетинг тогаш не знам што е.
Иако можеби свесно не го правиме тоа, помагањето е многу себична работа - пред се' е наменето ние да се чувствуваме подобро знаеjќи дека сме вложиле енергија да помогнеме на друго човечко суштество. Дали навистина помагаме во конкретната ситуација и не е толку важно. И тоа е се во ред, се додека го прифаќаме како нешто што е дел од нашата природа, во ред е се додека не почнеме проповедаме.
2. Проповедање
Знаете што е заедничко за поповите, оџите, Јеховините сведоци, вработените во Хербалајф, само-прогласените експерти и Аеродромците? Сите секогаш мислат дека се во право. И во поголемиот дел од времето се во право. Ако ги скокнеме деловите за убиства, неверства, предавства, одмазда и геноцид, Светите Книги не учат како да бидеме подобри луѓе, агентите на прескапиот протеински напиток не учат како со дисциплина (и пари) можеме да ги достигнеме целите, Аеродромците не учат дека кежуал облекувањето има многу лабава дефиниција,
Јеховините сведоци не учат дека горното сценарио е апсолутно изводливо |
Проповедањето е многу интересен феномен. Бивши џанаци кои спасот го нашле во Бога, бивши дебели кои сега се шланг, жртви на насилство кои ја пребродиле траумата преку хипноза си даваат за право да кажуваат на останатите како да си го живеат животот. Зашто да не? Х нештото на нив им го променило животот, сега се посреќни, поздрави, поспособни и сакаат својата среќа да ја пренесат на останатите кои се' уште не се изнесени на правиот пат. Проблемот е што сите сме различни, дури и да не ја вклучиме генетиката како најголем фактор, сите не сме пораснати во истите социо-економски услови како индивидуата која го проповеда спасот. Не им треба на сите Господ да си го средат животот, не сите можат да ослабат со Аткинсонова диета, не функционира кај секој плацебото наречено хипноза.
Затоа ако навистина сакаш да помогнеш, не претпоставувај дека твојот спас е универзално решение, мрдни малце со газот, пресметај ги сите променливи карактеристични за личноста, па тогаш понуди реално применлив совет.
1. Грижа за болен
Под грижа за болен подразбирам грижа за настинат. Можев тоа да го напишам во насловот, меѓутоа се издеси. Првичната реакција на секој родител или партнер кога нивното дете или партнер ќе се разболе е толку многу да ја ескалираат ситуацијата што непристрасен минувач ќе помисли дека повторно избила црната чума бидејќи:
- Се пијат антибиотици уште во првиот ден на настинката
- Се пијат баснословни количини на C витамин
- Се внесува секоја можна комбинација на Кафетин Колд, шумеча таблета, Парацетамол и дражејa
- Се става оцет во волнена чорапа
- Се става марама со ракија и бибер на грлото
- Се покрива болниот со две јамболии
- Се пали свеќа во црква
Или вековната традиција на парење со пешкир над глава
Сите овие работи мајка ми ги прави секогаш кога ќе се разболам. За тоа сум и безизмерно благодарен, бидејќи знам дека ме сака и сака што побрзо да заврши мојата мака. Таа прави се што е во нејзина моќ да ми олесни. Меѓутоа тоа што сака да ми помогне, не значи дека навистина ми помага. Не постојат цврсти докази дека внесувањето на антибиотиците помага при обична настинка (антибиотиците се корисни за спречување на секундарна бактериска инфекција при намален имунолошки систем, меѓутоа немаат ефект врз вирусите). И покрај масовната заблуда исто така не постојат цврсти докази дека C витаминот или било кој друг народен лек помага во истата ситуација. И да, C витаминот е хемиско соединение. Не прави разлика дали е добиен од ацерола или од епрувета. Разликата во цената и неинформираноста на потрошувачот е основата на целата фармацевтска индустрија.
Не само што некои третмани не помагаат, туку можат и да нанесат непоправливи штети.
Девојки запознајте се со машките ташаци (про совет: ташак не е пенис):
Па не може секогаш цицки да прикажуваме |
Овој дел од машкиот репродуктивен систем е многу осетлив на температурни промени (заклучокот е донесен во координација со форумот за тестиси). Премногу висока или премногу ниска температура пречи при сперматогенезата и во краен случај води кон стерилитет. Погодете што им се случува на вашите јајца/јајцата на вашиот сакан кога има 40 температура и е покриен со две јамболии.
Затоа олабавете, знаеме дека не сакате и сакате да оздравеме, ама искажете ја вашата љубов со подготовка на некое вкусно јадење и/или секс во тројка. Човековото тело еволуирало да може да се справи со најголемиот дел од работите кои сакаат да го уништат. Се што е потребно е одмор, течности и време за нешто како обична настинка. Ќе биде се во ред!
За крај: Подавањето рака е добар чин без разлика од кои причини се прави. Човечки е да помогнеш, а тоа вклучува и кога со тоа сакаш да си помогнеш себе си свесно или несвесно. Американците имаат највисока стапка на смртност кај луѓето кои секојдневно го ставаат својот живот на линија за да помогнат на останатите т.е. пожарникарите бидејќи се нација која е навлечена на хероизам. Не бидете нездраворазумни, пред да помогнете проценете дали навистина помагате или правите само штета.