29 May 2012

[Ретардација на денот] Веројатност и семафори

 
Пред да почнеме со ретардацијата малку маркетинг за еден убав настан:

Погледнете го настанот

Сега може да продолжиме:


Во случај да не сте забележале до сега, на булеварот Партизански одреди се поставени новите семафори, кои во веста пренесена од Курир, се сликани од сите можни агли.
Според УЈП или можеби УиП - Скопје поставувањето на семафорите е критично за безбедноста на пешаците во сообраќајот.

Семафор сум дете имам светла три...две?
Тука е моментот каде што се гледа дека нашиот, па и светскиот образовен систем апсолутно потфрла во пренесување на најважните лекции на новите генерации.
Зашто? Бидејќи го учи младиот човек на линеарна математика! Го учи младиот човек на равенства, каде што левата страна е секогаш еднаква на десната страна. Тоа е супер ако сите сакаме да станеме инженери, меѓутоа тие равенства не важат во вистинскиот свет бидејќи никогаш не ни се познати сите променливи кои фигурираат во равенката и кои зависи крајниот резултат:
  • Личноста што ја сакаш нема секогаш да ти ја возврати љубовта
  • Нема секогаш да добиеш награда за сторено добро дело
  • Пишувањето статии нема секогаш да ти донесе пуно многу девојки
  • Поставувањето на семафори нема да ги елиминира сообраќајните незгоди
Но, тоа и не е идејата. Сите знаеме дека сообраќајните незгоди е невозможно да се елиминираат. Тоа што ќе направат овие семафори е значително намалување на сообраќајните незгоди.
Епа тука влегува науката која никогаш не сме ја учеле како што треба во текот на нашето образование - Веројатност и Статистика. Во неверојатно комплексниот, а сепак толку елегантен свет постои одредена веројатност еден настан да се случи (од 0 - никогаш нема да се случи до 1 - секогаш ќе се случува). За уште повеќе да се искомплицираат работите случување на еден настан условува случување на друг настан со одредена веројатност итн.

пр. читање на статија од блогов секогаш резултира појавување на цицки
Настан кои знаеме дека се случил е поставување на семафори на бул.Партизански Одреди што треба да услови со намалување на веројатноста за случување на сообраќајни незгоди од Порта Влае до Соборен Храм.
Запазете го сега следниов термин: Статистичка значајност е алатка за откривање дали резултатот на еден експеримент е производ од соодносот на одредени фактори или пак е производ на случајност. Во зависност од ситуацијата се што има веројатност да се случи

Не ги знам конкретните бројки, меѓутоа ќе претпоставам дека ако го пресметаме фреквенцијата на возила кои поминуваат низ Партизанска и сообраќајните несреќи кои се случуваат баш на тој булевар во период од една година ќе добиеме статистички незначаен настан. Еве како ќе влијаат семафорите на факторите од кои зависи настанот:
  • Влијаат главно на безбедноста на пешаците кои уредно поминуваат на зелено светло пешачки премин 
  • Влијаат споредно на безбедноста на фантомите кои преминуваат на диво со ограничување на брзината која може да се постигне (пократко растојание помеѓу застанувања, зелен бран со 60 km/h)
  • Преку ден секој што некогаш влегол во кола знае дека е невозможно да се вози брзо по партизанска (гужви, градежни зафати, рандом паркирани автомобили)
  • Преку ноќ, семафорите кои не се на раскрсници со други улици најчесто се гасат, за да нема застој во сообраќајот кога нема голема фреквенција на пешаци
  • Ако семафорите се реализираат со копчиња, зелениот бран ќе нема поента
Од ова следи дека семафорите ќе влијаат на безбедноста само на оние од првата потточка, а со тоа и нивното поставување е статистички незначајно за безбедноста на пешаците.
Секако на пешаците ќе им биде и полесно да ја преминат улицата, меѓутоа за тоа постојат други решенија како на пр. надвожњаци (надвозници?!).
За сите останати ќе биде масовно замарање зашто ќе се зголеми гужвата со тргни-застани механизмот.
Најдобар пример за систем каде што се воведуваат драстични мерки за намалување на веројатноста на случување на одреден статистички незначаен (случаен) настан е обезбедувањето на американските аеродроми. После трагичниот терористички напад врз Кулите Близначки во 2001 година, Американците донесоа куп регулативи кои освен што ненормално го оптоваруваат националниот буџет, ги кршат основните човекови права. Нормален семеен човек од Јута што во животот не сретнал муслиман, а камоли пак радикален исламист треба секој пат кога ќе сака да патува да ја види својата друга фамилија  (во Јута мормоните се малку истрипани) да поминува низ факинг долга и напорна процедура на барање експлозиви во својот ранец

Или анус 
Статистички е неверојатно терористи повторно да грабнат авион полн со патници и уште поневеројатно е тој авион да слета во населено место пред да биде соборен, меѓутоа благодарение на нашето неефикасно образование на просечниот човек овие концепти му се непознати. Просечниот човек би си го направил животот непотребно комплициран и би се откажал од сите слободи само да ја намали шансата за случување на некој катастрофален настан од 3% на 2%. Тоа е статистички незначајна промена. Исто како со земање на антибиотици при обична настинка, правиме само повеќе штета отколку корист.
  • Ако на една жена и сметал патлакон на Прометеј, не значи дека треба да се цензурира уметничкото дело 
  • Ако еден ученик снимал порно видео со својот мобилен, не значи дека треба да се забрани носењето на телефони во училиште
  • Ако еднаш си се начукал, не значи дека веќе не треба да пиеш алкохол
  • Ако еден дечко те заебал, не значи дека сите се исти и треба да се забарикадираш со емотивен ѕид
Секој изолиран случај не станува тренд, затоа речиси сите превентивни мерки се непотребно трошење време и ресурси.
"Подобро да се спречи, отколку да се лечи" парадигмата во секоја можна ситуација е производ на линеарната математика и е апсолутна глупост. Реалниот свет не се базира на тие закони бидејќи не сме сезнајни. Затоа постои веројатноста/несигурноста (па и Господ како концепт) - да ја компензира нашата неможност да ги предвидиме сите фактори/поседуваме сите одговори.
Во конкретниот случај мојата хипотеза е дека поставувањето на семафори на бул. Партизански Одреди е огромно трошење на парите и времето на граѓаните. Се надевам дека грешам!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff