17 October 2012

12 бабини деветини

 
Најверојатно најкраткиот наслов на статија на Здраворазумен Хејтеризам. Оригиналнот наслов беше "12 бабини деветини кои се доказ дека нашите чукун баби и дедовци користеле тешки халуциногени дроги и се прашувам зашто и јас не го правам истото",

Статија за самовили
меѓутоа беше премногу долго и морав да ги исечам слично на Absolut водката зашто единствено така може нормален човек да ја пие.
Во минатото работите биле прости. Денес работите се усложнија, но луѓето си останаа прости. Затоа се' уште можеме да слушнеме дел од "правилникот за однесување во широк спектар на секојдневни, најчесто поврзани со хигиена ситуации" општо познати како Бабини деветини (деветини најверојатно е некој архаизам за тешки глупости). Еве високи светла  т.е. хајлац: 


12. Тресење чаршав навечер

Ако сте од оние помпезни семејства кои ставаат чаршав на масата наместо со виледа да го забришат стаклото после јадење сигурно сте слушнале дека не е убаво да се тресе чаршавот после заоѓање на сонцето бидејќи ќе си ја истресеш среќата/парите од домот.


Чаршавот може да се извалка и ако си направиш кафе/колачи и се сликаш божем дечко ти ги донел

Зашто мислам дека настанала деветината:
Пука сонце, копаш на нива, јадеш. Заоѓа сонце, дремеш дома, зашто да правиш трошок кога не завршуваш никаква работа?

11. Оставање чанта на под 

Лично мене ми се нема случено да ме прекорат бидејќи сум ја оставил чантата на под од проста причина што не носам факинг чанти,

А не треба да носиш ни ти
меѓутоа сум слушнал пар муабети од типот:
  • Ај дигни ја ташната од под
  • Зашто? Само што усисав! (збор на денот: усисав)
  • За да не ти отидат парите!
  • ?!?!
Значи да резимираме што се случува:
  1. Ја ставате чантата со паричникот на подот
  2. ?!
  3. Губите пари како МЗТ што губи натпревари во Јадранска Лига
Оригиналната намена на Large Hadron Collier е всушност да утврди што се случува во точка 2. Активната теорија е мини црвји дупки кои ги пренесуваат парите во џебот на твојот градоначалник.

Зашто мислам дека настанала деветината: Лопови, тргнеш поглед одма ти крадат ташна, точак, твит, ташак.

10. Не фрлај ѓубре навечер 

Слично на тресењето чаршав, уште една македонска бабина деветина која не учи дека срањето мора да остане во твојата куќа преку ноќ, бидејќи тоа што може да се заврши денес треба да се остави за утре.

Државните службеници полагаат слична заклетва
Идејата е случајно да не се згази на вечерата на самовилите кои имаат обичај да јадат цела вечер во близина на местото каде што се фрла ѓубрето (од карпа, во река,...). А сите знаеме дека ако видиш самовили е обично лош знак. 

Зашто мислам дека настанала деветината: Маж се вратил ќор пијан навечер дома и цел крвав пошто се сопнал и паднал, па морал да смисли изговор зашто е во таа ситуација. Или тоа или стандардниот муабет, не сакаш младиве многу многу да се шуњаат по темниците.

9. Не сакаш да ти влезе лилјак/растуриш гнездо на ластовица

Бидејќи лилјаците се вампири (освен фактот што не се), влегување на ова митско суштество (освен фактот што тотално не е) во вашиот дом значи дека набрзо некој ќе умре.

Ако живееш сам шансите да умреш сe 100%
Наводно истото се случува и ако растуриш гнездо на ластовица. Око за око, гнездо за смрт на член од потесно семејство.

Scumbag ластовица
За гнездото со сигурност тврдам дека не е вистина бидејќи до сега ластовиците ќе беа изумрени, секоја снаа редовно ќе ги растураше гнездата со надеж дека ќе отиде свекрвата.

Зашто мислам дека настанала деветината: Најрана форма на активизам за заштита на правата на животните. Исто така лилјаците се језиви.

8. Полевање цвеќе додека имаш менструација

Ова е многу нормално, зашто има градинари, а нема градинарки?

Ха, гради!
Еволуцијата не била фер кон припадничките кон понежниот пол. Не само што менструациите им пречат во секојдневието туку ги отежнуваат нивните хортикултурни обврски. Напротив општото мислење растенијата поседуваат одредено ниво на интелигенција (мозок =/= интелигенција, мозок = движење). Иако ова се нови откритија кои се' уште се само теории, нашите предци знаеле дека цвеќињата лошо реагираат на девојки во мензис.

Зашто мислам дека настанала деветината: Прашајте го вашиот локален свештеник дали е кул да се влезе со менструација во црква. Тогаш девојката не е чиста зашто би грделе нешто толку свето и убаво како црква/цвеќе со гнасотии.

7. Јадење на крајчето од лебот за да те сака баба ти

Секако не мислам на твојата биолошка баба, таа ќе те сака без разлика што не и помагаш со ајварот. Збориме за бабата што е всушност мајка на твојата жена. Таа нема ниту една причина да те сака. Секако решение за ова, како и за повеќето македонски проблеми е јадење на леб.

Предлог документарец - Пипачи Хлеба
Ова вслушност е многу често решение на животните проблеми. Цела индустрија за сладолед се базира врз помислата дека јадењето ќе ги реши проблемите во иднина.

Зашто мислам дека настанала деветината: Дали брокулата е здрава и ќе ти помогне во животот? Никој не знае, ама мора да се дојаде.

6. Носење непарен број работи за поклон (најчесто 3)

Класичен пример за пасив-агресив однесување: одеш на гости и носиш 2 поклони. Посуптилен начин да кажеш дека ги мразиш луѓето кај кои одиш на гости не постои.

Тотална анархија

Во ред е што има луѓе кои не го почитуваат ова бидејќи сме 21 век и нема поголем подарок од честитање на роденден на ФБ, меѓутоа лошо е што има луѓе кои ќе го отворат кесето и откако по 5 минутно претурување на содржината се уверат дека нема непарен број на подароци, ќе те зборат по народ.

Зашто мислам дека настанала деветината: Поврзано е со Светото Тројство и асоцијацијата на парните броеви со Ѓаолот, ама најверојатно бидејќи три е поголемо од еден или два.

5. Разговарање за време на јадење = брак со циганка

Да бидеме реални. Иако во последно време се трудиме да бидеме фер, коренктни, мулти-етнички со тоа што циганите ги нарекуваме роми/црнци/кока-коли сепак преовладува негативниот стереотип. За Македонец што живеел во старо турско најголем грев било да се земеш со циганка.

Не знам дали е срамежлив или расист
За разлика од сите мажи, сите жени не се исти, затоа подобро јади и ќути!

Зашто мислам дека настанала деветината: Децата разговараат. Децата треба да ќутат.

4. Не се пере на празник

Ова е кратко и јасно:


Зашто мислам дека настанала деветината: Секогаш имало домаќинка во куќа. Денес иди не пери на единствениот ден што ти е слободен.

3. Не смееш да се бањаш ако починал некој комшија

Наводно ќе ти пораснела мртва коска ако се обидеш да одржуваш лична хигиена додека комшијата ти се лади.

Личи на малиген тумор ама најверојатно е само мртва коска
Македонштина пар екселанс. Комшијата ти починал и се' уште успева да ти го направи животот пекол. Да разберам совет во стилот на:


ама дека комшијата ќе предизвика физички промени во моето тело ако и само ако се бањам на денот кога тој починал е малку локо.

Зашто мислам дека настанала деветината: Не можам ни да претпоставам како настанала деветинава.

2. Не се бричи, брадата повеќе ќе ти расте 

Ова може да се однесува на било кој длакав дел од телото. Сега кога го спомнав некако ми е појасно зашто некои мажи се одлучуваат за едновеѓ изглед.

Ако ја исчупам ќе порасне побрзо и ќе стане погуста
Секако ова се глупости од рангот на теориите на Миленко. Надворешното влијание врз брадата е занемарливо во споредба со генетското/хормоналното. Затоа следниот пат кога некоја жена ќе ви рече да не се бричите (под претпоставка дека имате 12-14 години) прашајте ја дали и таа се бричела кога  била мала. BOOYAH!

Зашто мислам дека настанала деветината: Дел од глобалниот заговор децата да не прават тоа што прават возрасните (бричење, пцуење, карање со пензионери во ЈСП, влажни соништа за 40% од колешките на работа, бањање на полноќ и сл.)

1. Ако те чеша раката ќе земаш/даваш пари

Лева рака = ќе добиеш пари. Десна рака = ќе даваш пари.
Од сите бабини деветини оваа некако ми има највеќе логика, не поради неверојатната способност нашите раце да ја предвидуваат иднината туку поради одличниот избор која рака што симболизира.

Подетално: палец - Тетово ќе добие нов кружен ток, показалец - МЗТ ќе земе нова титула, среден - ќе добиеш бугарски пасош, домал - ќе фатиш во кладилница, мал - ќе фатиш сифилис
Ако претпоставиме чешањето на раката е правопропорционално со користењето на истата и само 8-15% од светската популација се леваци, значи во 85-92% од случаите ќе даваш пари.


Секако ова е честа грешка во логиката, бидејќи целиот аргумент ми се базира врз претпоставка која не е точна, меѓутоа мораше некако да се вметне македонската варијанта на Myth Busters. 

Зашто мислам дека настанала деветината: Го зачешала десната рака на некој Македонец во исто време додека го зачешала левата рака на некој Турчин и сето тоа се случило моменти пред Турците да го запалат македонското село, да ги ограбат сите куќи и да ги силуваат сите жени.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff