24 September 2012

4 причини зашто возењето точак нема да стане секојдневие

 
Ако го читате ова во понеделник 24.09.2012 тогаш остануваат уште 2 дена до Критична Маса #5 т.е. возење со точаци или да се изразам снобовски велосипеди низ Скопје.

Истите тие луѓе педерите ги нарекуваат хомосексуалци.
Зашто го правиме настанот кога сите имаме факинг точак? Не зборувам за моментот каде што точакот го користиш рекреативно да се повозиш во парк/на стаза/до Матка. Зборувам за користење на точак во секојдневие и тоа:
  • Возење до работа/факс/училиште
  • Возење до супермаркет/пазар
  • Возење кога има реални шанси да заврне тој ден
  • Возење до далечно тобако да купиш кондоми бидејќи ти е срам да купиш од локалното
Со еден збор користење на точакот како превозно средство. Од точка А до точка Б. Еве зашто мислам дека тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина:


4. Точка на пресврт

За точка на пресврт сум зборувал неколку пати, ама за разлика од титулата на МЗТ од ова нема штета ако се повтори уште еднаш. Имено, критична маса настанува кога ќе има доволен број на индивидуи кои практикуваат одредена општествена појава.

пр. Дигнати крагњи
Кога човек кој не ја практикува истата ќе види Х број на индивидуи кои ја практикуваат  и тој ќе се придружи на движењето. Тоа ќе се случи и со неговиот комшија и за краток временски рок појавата станува честа и општествено прифатена. Дозволете да се изразам со нешто што ги пали девојките:

NSFW ако си статистичар
За тие што не знаат да читаат графици еве што е муабетот: Бројот на велосипедисти се зголемува со минимално темпо се до моментот кога станува кул да возиш точак. Тогаш почнува вртоглаво се зголемува бројот на велосипедисти и стануваме Амстердам во поглед на користење точаци. Во поглед на користење на марихуана одамна ги имаме достигнато, со тоа што тука се' уште е нелегално. Целата идеја на Критична Маса - Скопје е да се достигне оваа точка на пресврт, но за тоа сум голем скептик поради нашиот:

3. Менталитет/Сиромаштија 

Бидејќи не можев да ја утврдам причинско-последичната врска помеѓу менталитетот и сиромаштијата одлучив да ги ставам во иста точка. Дозволете да го искористам сервисот за размена на слики од свадби - Пинтерест за да ја пренесам поентата:

Модифицирано за македонскиот пазар
Во развиена земја каде што сите можат да си дозволат пристојни коли, луѓето пронаоѓаат алтернативни начини за да бидат социјално препознатливи:
  • Користење на јавен транспорт/точак
  • Рециклирање
  • Волонтирање
  • Гмечење на пластичното шише
Како што забележавте во ниедна од овие работи не фигурира социо-економскиот статус на индивидуата туку неговата свест према неговото опкружување.
Епа во Македонија баце, ако возиш точат си најголемиот клошар! Пред некое време колега со сожалување ми предложи да ме собира со кола за да не се мачам да одам со точак на работа. Што кој кур! Колата кај нас не е превозно средство, колата кај нас е социјален статус, симбол за тоа колку си успеал во животот.
Прост пример дека и јас го имам истиот менталитет: Додека бев студент пиев Горско од 1,5 пластика во парк. Сега кога сум вработен пијам 0,5 литри ѕидарско во кафана

Кога ќе станам менаџер ќе пијам 0,33 Хајнекен тука
"Ако веќе еднаш си дошол до стадиум каде што можеш да си дозволиш џип, никогаш повеќе нема да сакаш да се вратиш на аскетскиот живот." - исповед на владика во МПЦ.
Премногу ни е сиромашна земјата за да не се земе материјалната состојба како доминантен фактор при одредување социјалниот статус на една индивидуа. Затоа ѕвездите/старлетите/политичарите/менаџерите/богаташите не сакаат да се идентификуваат со "обичната маса" која користи точаци. Мислам сите од набројаните имаат професионални точаци кои чинат колку целото мое образование, меѓутоа тие не се точка А/точка Б заради:

2. Сигурност

Исус за да се спаси од каменување се искористил со една многу остроумна досетка: "Оној на кој што никогаш му немаат украдено точак, нека го фрли првиот камен." [citation needed]
Купив солиден точак, ми го украдоа за 6 дена.

Пишете ако го видите
Истата приказна ја имам слушнато 100 пати и тоа од егзотични локации како кражба од балкон на први спрат. Што е поентата да имам квалитетен нов точак, ако не смеам 10 минути да го испуштам од вид. Ќе се загледам во цицки и оп, отиде точакот.

Ми го крадат точакот, а јас упорно гледам во газови!
Затоа иако сите имаат точаци никогаш не се достигнува точката на пресврт. Заради лопови/лажови никој не го вози за секојдневни работи.
Друг аспект е само на хартија постоечката инфраструктура. Предвидените патеки се или во ужасно лоша состојба, или имаат билборди на средина или се полни со пешаци и/или паркирани возила. Со тоа си приморан да возиш на улица и бидејќи ниту велосипедистите (да бидеме реални) ниту возачите не придаваат големо значење на "сообраќајните правила" и си максимално небезбеден и ќе умреш.

1. Демографија

Секој што возел точак на стаза или дошол на Критична Маса лесно може да направи профил на типичен човек што често користи точак:

Опа, грешна демографија
  • Млад човек/жена (20-30г.) со високо образование и не толку висока позиција на работното место
  • Чиче од СФРЈ што пазари и/или рибари со точак
Во близина на вода маицата е задолжително соблечена
Во екстремно помал број се присутни:
  • Жени надвор од горенаведената старосна граница
  • Средношколци (додека бев во Карев јас и уште 5 души одевме со точак)
  • Луѓе кои не се од Скопје 
Мало интермецо за оваа точка. Знам доволно луѓе кои не се од Скопје, а студираат/работат тука и на прсти се бројат тие што користат точак. Или пешачат или користат јавен превоз. Би ценел ако некој пише во коментарите како се користат точаците во другите градови, бидејќи навистина ме интересира зашто е ова вака?
  • Бизнисмени
  • Вработени во државна институција
  • Познати фаци (со исклучок на Џака Накот)
Бидејќи јас си ја познавам демографијата која го чита блогот претпоставувам дека ќе добијам коментар од типот: "Медо немаш поим што зборуваш, врати ми ги сликите што ти ги пратив откако ти ја прочитав статијата за Фејсбук! Знам барем 50 луѓе кои секојдневно користат точак". Јас знам барем 100, ама баш поради тоа се наоѓам во меур (меур - вториот најсмешен македонски збор). Аналогија: На големо изненадување на Дарко јас сум Андроид програмерот кој ја направи убер секси апликацијата за Блогираме. Со тоа сум опкружен со луѓе кои се "разбираат во компјутери" и претпоставувам секој Андроид корисник знае како да ја инсталира ебаната македонска тастатура. Реалноста не е таква. Во реалноста најголемиот дел Македонци не знаат кој е Сашко Костов, најголемиот дел од Македонците не користат точак секојдневно и нема да користат во блиска иднина.

Бонус

Скептик сум по природа и затоа најголемата радост во животот ми причинува кога во блиска иднина излегува дијаметрално спротивното од тоа што сум го предвидел. Се надевам дека ќе се создадат добри услови за возење точак, ќе се подобри сигурноста, ќе се прошири демографијата и се друго што е потребно за да се случи точката на пресврт за наскоро да го видам ова или ова:

Или ова...уствари чекај...леопард шара? Боже!
ама во моментов при здрав разум од горенаведените причини не можам да бидам оптимист.

А мислев се сум видел во животот.


 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff