После година и пол пауза по кучешки години, Медо се враќа на блогирањето со стари, деривативни теми, англицизми кои некако апроупријет звучат на македонски, кочијашки јазик, граматички гршки, стереотипи (пр. Аеродромци) и апсолутна неспособност за разбирање на гледишта кои се различни од моите. Дозволете да ве внесам повторно во Здраворазумен Хејтеризам:
Само што го ставив Еминем во блог пост, дап ова ќе биде добра сезона.
Додека сме на темава, само што помина сезоната на годишни одмори (освен ако не сте од оние кој одат во Септември бидејќи Групер сакате мирен одмор) и откако ги видовме сите можни плажи, од сите можни агли, со сите можни нозе,
Освен тие што не интересираат |
време е малку за игра на улоги (анг. прев. roleplay) каде што ќе се ставиме во неколку не толку замислени ама дефинитивно преувлеличени ситуации. Како на пример:
3. Во авион
Да започнеме како што ни доликува:
Поради некоја чудна причина, горната слика се појавува во главата на повеќето Македонци секој пат кога авионот со кој што патуваат ќе се укотви на терминалот и најчесто интензитетот и времетраењето на ракоплескањето е право пропорционално со далечината која се прелетува. Ова не е фер, пилотите и курвите се единствените професионалци кои добиваат аплауз за завршување на работата за која се платени! Никој мене не ми даде аплауз кога направив апликација што во принцип е молење за пари. Можам да ја сфатам потребата за аплауз кога иселениците од Брајчино за прв пат стапнале на Амеро-Австралиско тло или пак во времето кога повратните летови до Минхен чинеа 500 евра, ама денес?
Македонското општество е традиционално општество. Обичаите и навиките ни се многу важни. Не постои нешто посвето од утрински ритуал. Јас на пример секое утро одам во црква и палам свеќа бидејќи сум голем верник. Под црква секако подразбирам интернет и под палење свеќа секако подразбирам пуштање порно страна. Други луѓе на пр. многу уживаат во нивното утринско кафе.
И сликање на истото |
Замислете ја нивната фрустрација кога ќе одат на одмор на дестинација која не била под 5 вековно ропство на Османлиите. За среќа проблемот има многу едноставно решение. Земете си го плинското со вас. Во торбата која ја носите во авионот. Треба само смирено да му објасните на обезбедувањето на аеродромот зашто носите плинска боца со вас.
И не заборавајте дека дозволената тежина за багажот е 23 кг. Ако увидите дека имате само 21 кг. откако целосно се спакувавте (дневна шминка, ноќна шминка, салами, тестенини, јакна во случај да залади итн.) слободно понесете го вашиот соковник со вас, можеби ќе ви притреба.
2. На копно
Една математика не ми е јасна. Македонците наводно потрошиле пола милијарда евра во Грција на годишни одмори. Како е тоа возможно? Секое македонско семејство задолжително носи дополнителна опрема при напуштање на нашите граници со копнено превозно средство.
Нешто како ланци за снег во лето |
Постојат две правила на Македонизмот:
- Секогаш јади дома и понеси храна со тебе (освен ако не одиш кај друг на слава)
- Ако нешто остане спакувај си го за дома
Според ова ако во фрижидерчето си натоварил 5 килограми домати, компир и грав и поради некоја чудна причина (пр. ако има храна на местото каде што си на одмор) нешто остане, сосема е нормално да се врати неизеденото. И така ќе го враќаш фрижидерчето со амоњак.
Можеби ќе си речете "Ова се чисти стереотипни глупости, јас ова никогаш не го правам. Факинг никој што го знам ова не го прави" и најверојатно сте во право. Не сите во Македонија ја сакаат Цеца, сите жители на Чаир немаат огнено оружје, сите Драчевчани не одгледуваат марихуана (има некои што одгледуваат кромид), не сите блогери имаат активен сексуален живот и не секој пост на Семе Синапово е апсолутно ретардиран. Уствари чекај, е!
Ама доволно е да видите еден пример за семејство што ја помешало плажата со простор за пикник, група мажи што гневно ја маваат топката за тестирање на силата на удар во обид да си ја вратат машкоста откако 25 девојки им врзале машна (што е според моите информации е некој кул израз за мавање корпа) или родители кои преку дерење од обала се обидуваат да ги приберат своите деца за стереотипот трајно да се вреже во вашата глава.
Иако вашата хотелска соба има микробранова печка, манџичката се подгрева на плинската боца. |
1. На културно место
Не мислам на културно место во стилот на некое место што има многу цркви, фонтани и високо развиена култура на живот,
Дром |
туку на било кое место што се смета за Запад. Дефинитивно најглупиот муабет што постојано го слушам е: "Види ги туристиве/провинцијалциве се сликаат како да не виделе коњ* во животот". За еден млад Скопјанец, врвот на сељачизмот е сликање пред споменик.
Бањање од друга страна е сосема во ред |
Но излези од државата и случува ова:
Оригиналност левел сликање појадок |
Надреализам |
Кога се вратив од апсолвентска екскурзија имав толку многу слики од толку многу споменици што дури и Берта Додевска би ми завидувала. Пар години подоцна ниту еднаш не сум ги отворил да ги разгледам. Тие си стојат само на профил за да видат луѓето колку сум шетан човек.
И не само тоа, целото однесување се менува кога ќе се напуштат границите на нашата земја. Човекот што до вчера мочаше кај Кермес сред Градски Парк, се претвора во француска дама кога ќе се шета низ Рим. Уредно ги фрла отпадоците, културно се извинува на минувачите ако случајно ги потурнал, остава бакшиш на келнерот, не си го пакува за дома јадењето што останало итн.
И не само тоа, целото однесување се менува кога ќе се напуштат границите на нашата земја. Човекот што до вчера мочаше кај Кермес сред Градски Парк, се претвора во француска дама кога ќе се шета низ Рим. Уредно ги фрла отпадоците, културно се извинува на минувачите ако случајно ги потурнал, остава бакшиш на келнерот, не си го пакува за дома јадењето што останало итн.
Ова не е проблемот, ова е многу нормално. Го адаптираш твоето однесување во зависност од средината за да избегнеш осуда. Затоа вчера на Пиволенд се преправав како да не ги знам сите песни на Бора Чорба наизуст. Или како што сега се правам дека сум паметен со тоа што користам архаични зборови како наизуст.
Проблемот е како кога ќе се вратиш да не го адаптираш своето однесување според стандардите на нашето општество!
Проблемот е како кога ќе се вратиш да не го адаптираш своето однесување според стандардите на нашето општество!
* Под коњ се подразбира величествениот споменик "Воин на коњ" кој централно е поставен на скопскиот плоштад и чиј идентитет не е познат. Исто како што не е познат идентитетот на таткото на воинот на коњот кој е поставен од другата страна на пловниот Вардар до чудото од црква св. Димитрија.