10 September 2012

11 сообраќајни потези кои ме нервираат

 
"Ние не блокираме сообраќај, ние сме сообраќај" е генералниот слоган на групата велосипедисти без организатори (намиг) што ја организираат Критичната Маса во Скопје. Знаејќи го фактот дека секој ден сме во сообраќај и игнорирајќи го фактот дека дадовме ветување за толеранција кон останатите возачи,

Научи се прво да возиш, па после влагај во кола пешакуу!
неможеш а да не се нервираш кога ќе видиш убер ретардирани потези со кои возачите ја демонстрираат нивната апсолутна неспособност за размислување неколку секунди во иднината и неможност за разбирање дека нивните акции предизвикуваат гневни реакции кај останатите учесници кои со кола тргнале во локалната пиљара. Потези како:

11. Луѓе кои даваат предност за вклучување во кружен тек


Ситуација: Возачот кој е веќе во кружниот тек застанува и ти дава предност за ти да се вклучиш во кружниот тек. 

Иако нема фенси новогодишни светилки и зелени бранови, кружните текови (токови?) се добро регулирани замени за раскрсници. Си има правила како се влегува и како се излегува. Знам дека сакаш да искочиш поштен со тоа што ќе ми дадеш предност да се вклучам, ама кругот има одреден број на возила кои можат истовремено да кружат. Затоа тие имаат предност. Прво се искача, после се влага (пр. Искачаш во дискотека, влагаш во типка, yeaaah!). Со тоа што ме пушташ само до продолжуваш времето кое е потребно сите учесници да го напуштат кружниот тек. Не се секирај не ти се лутам што не ме пушташ, тоа се факинг правилата!

10. Луѓе кои ја окупираат лентата за право и десно



Ситуација: Се пали црвено светло, има 90 секунди до следното зелено, има една кола во лентата за лево и право и некој шупак застанува паралелно во лентата за право и десно.

Брат, дозволи да ти претставам еден сосем нов и очигледно за тебе непознат термин - допунско (дополнително) светло. Тоа мало израсточе на постоечкиот семафор овозможува луѓето во десната лента да свртат десно без да го чекаат зеленото светло за право. Ако сакаш да продолжиш право на следниот семафор, а има само една кола во левата лента ТОГАШ ФАКИНГ ЗАСТАНИ ПОЗАДИ НЕА, за луѓето што сакаат да свртат десно не го чекаат во целост семафорот!

9. Луѓе кои свират непотребно на раскрсница



Ситуација: Се пали жолто светло и некој свири како будала.

Без разлика дали после жолтото доаѓа црвено (зашто застануваш на жолто неписмен еден!) или зелено (зашто се' уште не си тргнат неписмен еден!) возачот зад тебе е должен преку звучен сигнал да го изрази својот револт на твоето почитување на сообраќајните (застанување на црвено) или физичките (a = F/m) правила. Математиката е проста:
  • Ако свириш си брокер на Волстрит
  • Ако не свириш си жени и деца
Покажување на универзалниот знак за "да и го титнам на мајка ти" од прозор е соодветен одговор при ваква ситуација

8. Луѓе кои се шлепаат позади возила за итни случаи



Ситуација: Се случува некоја случка каде што полицијата/брзата помош/пожарната треба итно да реагира. Сите возачи се приближуваат кон десната страна на коловозот за да се ослободи централен пат и се наоѓа некој мангуп од вчера што се шлепа позади возилото.

"Ќе ја искористам оваа ситуација во која некој најверојатно умира, за да возам со голема брзина сред град со што би стигнал 5 минути порано на мојата дестинација. Carpe Diem Baby!"
Зграпчување на денот до јаја!

7. Луѓе што можат да застанат каде сакаат се додека имаат 4 трепкачи 




Ситуација: Возилото пред тебе одненадеж уклучува 4 трепкачи т.з. жмигавци 

Ова ти е исто како да си укуцал "Power overwhelming" во Starcraft. Влагаш во God Mode, паркираш каде сакаш и остануваш колку сакаш бидејќи веќе си го известил светот со вклучување на трепкачите. Кој ги ебе тие што се позади тебе или треба да чекаат 10 минути да се престројат во другата лента!
Ти треба нешто од трафика? - 4 жмигавци
Сакаш да јадеш од Вили? - 4 жмигавци
Сакаш да се паркираш пред влез? - 4 жмигавци 
Сакаш да пишеш порака ама без да ги загрозуваш останатите учесници во сообраќајот? - 4 факинг жмигавци!

6. Луѓе кои ти го блокираат видикот од лево



Ситуација: Сакаш да свртиш на улица која има предност и во тој момент од твојата лева страна застанува фраерчина излезен речиси на пола улица со што ти го блокира погледот на возилата кои се движат од твојата лева страна. 

Зашто мора толку да искочиш? Зашто фино лепо не можеш да застанеш паралелно со мене и двајцата да имаме прегледност? Или сакаш да си војсководецот, да го имаш целиот поглед, птичјата перспектива на крстосницата, да си над простиот народ. Физички не е возможно да тргнеш пред мене, или ќе тргнеме во исто време или Х време откако јас ќе тргнам бидејќи јас треба да ги чекам само тие од лево и ти и тие од десно! ФАК!

5. Луѓе кои предоцна го вклучуваат трепкачот



Ситуација: Сакаш да свртиш десно, меѓутоа кола ти се приближува од левата страна и прописно го чекаш бидејќи има предност.

Во моментот кога ќе дојде до работ на раскрсницата уклучува трепкач дека сака да врти десно. Да ти цркне козата, зашто погобу кога гледаш дека улицата е попразна од зимската Хавана и дека јас сум единствениот човек кој те чека да поминеш одлучуваш во апсолутно последниот момент да ме информираш дека нашите патишта не се вкрстуваат и можев да свртам како 5 минути претходно? Те молам свири ми, фрли цигара низ прозор, помини со 60 km/h низ бара и испрскај ги пешаците од страна бидејќи толку имаш обзир за останатите учесници во сообраќајот!

4. Луѓе кои ја блокираат раскрсницата



Ситуација: Зелено ти е, се обидуваш да продолжиш право ама не можеш.

Замислете дека сте возач боја окер и гледате дека имате уште неколку секунди зелено. Исто така гледате дека има ненормална гужва од другата страна. Што ќе правите?

  1. Ќе закочам и ќе почекам повторно да стане зелено
  2. Ќе забрзам за да го фатам семафорот 
Ако одговоривте со 2. тогаш честитки, поседувате способност за предвидување на иднината во рангот на дневен хороскоп. Кога тие пред тебе не можат да се движат како очекуваш да можат тие што се на улицата која е нормална на твојата насока на движење. Ова очигледно е толку голем проблем што постојат сообраќајни знаци за таа намена (има еден на раскрсницата помеѓу Рузвелтова и Митрополит Теодосиј Гологанов).

3. Луѓе кои застануваат далеку и пополека се приближуваат



Ситуација: Застануваш позади возило кое чека на семафор. Се е во ред додека не почне да се придвижува сантиметар по сантиметар нанапред. 

Тогаш сфаќаш дека дотичниот застанал еден километар позади колата што се наоѓа пред него и супер полека на редовни временски интервали се приближува напред. ИЗБАЦИ ЈА КОЛАТА ОД ПРВА БРЗНА! Не мора секој пат кога ќе застанеш да бидеш во прва и да ја држиш ногата на кумплунг (факинг квачило бе). Искулирај, стај си ја во лер, биди си газда. Мислам немам ништо против да се забавуваш ако ти е досадно на семафор, ама ако јас не се придвижам исто како тебе тогаш јас ќе изгледам како шупак со километарски простор помеѓу кола. Истото ќе го помисли и тој позади мене и тој позади него и така натаму додека нема 20 возила кои се движат како стоногалка. 

2. Луѓе кои сигнализираат на легнати полицајци



Ситуација: Подзапираш за да поминеш преку лежечкиот полицаец без да ја искршиш колата. Фацката позади тебе аблиндира, свири, мафта од прозор.

Хелоу! Се наоѓаме во зона каде што најверојатно има деца и срања, затоа има и легнати полицајци. Идејата е да не брзаш. Одбиј хипстеру, зашто толку си ми се залепил од позади!
Значи да резимираме, не застанувам зашто сакам да уклучам 4 жмигавци, не сум педофил што ги мањачи децата од локалното училиште и не ги разгледувам локалните проститутки. Намалувам брзина за да го поминам легнатиот полицаец, ќе убрзам наскоро и без твојот поттик.

1.  Луѓе кои не постигнуваат ништо друго освен што изгледаат како кретен



Ситуација: Чекаш на пешачки премин. После пешачкиот има колона возила, пред пешачкиот една кола. Не те пушта да поминеш и застанува на сред зебра бидејќи не може да оди понапред.


Класичен пример за пропуштена можност. Гледаш дека има факинг прегужва на 7 метри од тебе и пешак кој чека да помине и ти забрзуваш за да застанеш за 7 метри точно во средината на пешачкиот премин. Можеше фино лепо да го испоштуеш пешакот, ќе ти направеше ишарет "Фала брат!" и двајцата ќе си продолжевте со денот. Сега пешакот ќе треба две недели да се кае зашто не ти го "поткачил" ретровизорот кога те обиколувал на пешачкиот премин.
  
Бонус: Луѓе што имаат жива ограда на раскрсници



Ситуација: Сакаш да се свртиш на кривина, ама ништо не гледаш од прашумата што те опкружува.

Иако не е сообраќаен потег и не е толку честа појава сепак постојат одредени луѓе (особено во Козле) кои имаат толку голем мерак да чуваат жива ограда околу нивниот двор, но се премногу мрзливи да ја поткаструваат на редовен временски интервал. Овие луѓе по правило живеат на раскрсници или крстосници (забележав дека имаме многу различни термини за исти сообраќајни поими) со што ти овозможуваат преглед на околината од рангот на Триумфалната Порта. Може има друго возило, можеби не, кој знае? Шизик на ризик. И на Тарзан не му било лесно кога влегувал во цивилизација, мислам што е најлошото што може да се случи, ваљда нема да умреш! Затоа погали си го крстот/иконата која ти виси од ретровизор и отпушти кумплунг!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff