Проект "Скопје 2014", нов лик на метрополата, купишта нови згради, цркви, споменици, преименувања на училишта, федерализација на територијата итн.
Централна фигура на целиот проект е Миленко Неделковски, ама најверојатно јас сум единствениот што така го нарекува споменикот "Воин на коњ" поставен на градскиот плоштад.
[Комерцијален натпис] Голема наградна игра на Енци Менци |
Мојот предлог е наместо досегашниот споменик на плоштадот да се постави споменикот на Прометеј бидејќи е тотална рефлексија на моето секојдневие.
Задната страна на новата монета од 100 денари |
Лажна историја на страна, еве зашто и јас сум Прометеј:
Цензура - Во моментот кога Прометеј се појави во неговото вистинско светло, општеството реагираше со тоа што му облече гаќи. Во ред е да бидеш се што сакаш да бидеш се додека тоа не го правиш јавно. ОК е да бидеш хомосексуалец, се додека не се лапаш пред мене. ОК е да мафташ знаме на друга држава, се додека не можам да го видам тоа од мојот прозор. ОК е да имаш друга религија, се додека јавно не зборуваш против црквата. ОК е да се шеташ гол во жена парк, се додека носиш гаќи.
Идеализам - Прометеј како миленик на Зевс ги учел луѓето на секојдневни вештини кои им го олеснувале движењето. Тоа што го мразел Прометеј е што гледал нерамномерна распределба на моќта. Богови кои живеат во изобилие и оган во контраст на кутрите луѓе кои живеат во беда и неоган. Факинг Робин Худ. Дали е тоа оган или пари или знаење или во мојот случај здрав разум желбата за подобар свет е она што се важи.
Неспособност за предвидување на последиците од сопствените акции - Зевс не го криел огнот бидејќи сакал да ги гледа луѓето како се мачат, го криел бидејќи човештвото се' уште не било подготвено за таков дар. Со таква моќ, прашање на време е кога ќе почнат да го користат за да се убиваат себе си, а понатаму и боговите. Исто и јас, сакам да помогнам, но понекогаш со тоа правам само поголема штета.
Казна - Основна механика. Акција и реакција. Злосторство и казна. Противи му се на твојот Бог и вечно ќе си осуден на маки. Противи му се на твојот татко и веднаш си под казна. Противи му се на твојот УМС лидер и ќе лепиш плакати. Противи се на тековната власт и веднаш си анти-Македонец. Противи му се на Зевс и си окован на планина. Не е важно кој е во право, важно е што си се обидел да се противиш на моќта и затоа ќе бидеш казнет.
Секојдневие - ова е најстрашното. Зевс можел едноставно да го убие Прометеј, меѓутоа неговата казна морала да биде поголема. Преку ден орел го клукал неговиот црн дроб, преку ноќ истиот зараснувал. Сизиф 2.0. Исто е и со моето секојдневие. Гледаш како парите пополека ги снемува, додека не во целост не исчезнат. И тогаш доаѓа нов месец. И повторно истата приказна. А ти си окован на Кавказ...