16 September 2012

5 причини зашто сè поретко користам Фејсбук

 
Пред некој ден се затекнав како го разгледувам Здраво Боби албумот на еден дечко што во моментов не ми текнува како се викаше. Ова не е нешто невообичаено, како секој млад човек со сериозно неисполнет сексуален живот, така и јас добар дел од времето го поминувам во мањачење туѓи албуми на Фејсбук. Со таа разлика што порано разгледував Лето 2000 и некое албуми на факинг девојки!

Ви текнува на времето кога имаше цицки на Здраворазумен Хејтеризам?
Не можев, а да не се запрашам зашто е тоа така? Неколку објаснувања ми паднаа на ум од кои најневеројатното беше дека сум созреал и сум научил да не ги објективизирам жените (види фотос). Многу поверојатно е дека во последно време Фејсбук стана убер досадна социјална мрежа. Еве зашто:


5. Финти

Јавна тајна е дека јавна тајна е оксиморон. Исто така јавна тајна е дека Фејсбук се користи со тактички вметнати психолошки финти кои ја експлоатираат нашите еволутивни "маани" со крајна цел незабележливо да го направиш тоа што во најголем дел од случаите не би сакал да го направиш.

Иако Хлороформ е се' уште најдобриот избор
Постојаните подобрувања на дизајнот на Фејсбук се вешто конструирани за да не прелажат да споделиме повеќе информации со апликациите кои ги користиме. Нагодувањата за приватност се вешто скриени и/или премногу комплицирани за просечен корисник да се снајде. Исто како што мајка ми ја крие теглата Нутела на крајот на фрижидерот потрупана со свежа брокула. Во 99% од случаите ќе ја игнорирам храната за преживари и ќе се потрудам да ја земам Нутелата, ама некој ден ќе се вратам убер пијан од журка, ќе посегнам по брокулата и гадно ќе се заебам.
 
Брокула? Не, благодарам!

Тоа е целата позадина на "дизајнерските подобрувања", имаш огромна слобода во начинот на кој можеш да ја користиш оваа социјална мрежа, но сепак дизајнерите се надеваат дека ќе ја користиш на начин на кои тие сакаат. Многу споделувања, многу лични информации, многу реклами. Тоа факинг нервира!

4. Приватност

Нема да зборувам за приватноста во стилот на "Фејсбук собира приватни информации за нас и ги споделува со големите компании во размена за пари, ајде сите да се откажеме од Фејсбук, да не си ги бричиме мишките и да живееме во вегански комуни со хоризонтална подреденост". Никој не се замара со тоа, Гугл го прави тоа од правек, па не сум видел ниту еден што отворил книга за да дојде до бараната информација во знак на протест.  

Имам повеќе партии Дота изиграно отколку што книгава има информации
На почетокот имаше Х број пријатели и Х број идни мувачици и се беше кул. Сега имаш фамилија од дијаспора, поранешни колеги, сегашни шефови, сестри на твојата девојка и сите останати луѓе со кои не сакаш да ги споделиш твоите интимни моменти, а некако е незгодно да не ја прифатиш нивната покана за пријателство. Да земеме пример:
  • Си додал јака женска и те прифатила
  • Во 02:00 часот по полноќ закачуваш слика како се журкаш со твоите другари
  • На сликата изгледаш секси, ама пијано секси 
  • Типката ти ја лајкнува во 02:01. Среќен си.
  • Сабајлето имаш состанок од 09:00
  • Во 8:59 шефот ти ја лајкнува сликата. Не си повеќе среќен.
Не дека не можеш да си ги наместиш подесувањата за приватност, ама тоа бара напор. Во моментов листата на блокирани пријатели, забрана за покани за игри/настани и листата на блокирани апликации ми е двапати поголема од листата на пријатели. После неколку години поминати на Фејсбук почна тоа ужасно да ме нервира.

3. Содржина

Го знаете муабетот. Отворете го вашиот њуз фид (или како и да се вика на Македонски) и ќе го видите ова:

"Crazy Taxi, тоа изгледа како забавна игра" - никогаш неизговорени зборови
Бескрајна листа на игри кои моите пријатели ги играат, покани за да им се придружам, па дури и онаа лентата од десно што служи за мањачење во реално време ми дава информации како "Порано беше бомба, сега е мажена само што освои 13.234 поени на Bubble Saga".
Но не е само тоа, Новините (ха! новини се викало на Македонски) ми се преполни со корисни информации како:
Како шлаг на торта се информациите кои навистина те интересираат, меѓутоа за да пристапиш до нив мораш да ја лајкнеш страната или вестите кои не можеш да ги прочиташ додека не ја инсталираш апликацијата што ги генерира. Или било која од наредниве 243 работи:
  • Наградни игри
  • Групни пораки
  • Додавање во групи без твоја дозвола
  • Покани за лајкнување на страни 
  • Тагнување во рандом слики
  • Честитање на родендени
  • Боцкање општо познато како поукање
  • 236 останати работи кои те нервираат 
Има пар пријатели кои навистина споделуваат интересни статуси, откачени фотки, кул песници, но за да дојдеш во нив треба да поминеш низ горенаведеното срање. Тоа ти е како да се обидеш да најдеш нехипстер во Менада, атеист во ВМРО, забавна телевизиска програма, нормална девојка во Сектор, скромен твитерџија, корисник на ајФон со кој можеш нормално да разговараш за технологија, салама во тостот во било кое студентско бифе, машинец кој не препишува, човек на точак кој ги почитува сообраќајните правила, логика во Нескафето со слаб вкус (сериозно њтф), место во ЈСП во петок, двајца без роднинска врска во државна администрација, талент во македонска фудбалска репрезентација, воздух за дишење во Галерија 8, поента во концептуалната уметност, заљубен пар кој нема заедничка слика на кавер, девојка што откако ќе ја прочита статијава ќе ми прати слика од нејзините гради итн. Поентата е што бараш игла во сено и се помалку причини гледам зашто да го правам тоа.

2. Демографија

Фејсбук еволуира според потребите на корисниците. Според науката на ѓаволот - статистика, просечниот корисник на Фејсбук во 2008 имал 33 години што значи дека истиот тој корисник сега би имал 38 (5 семестри математика учев за ова!). 38 годишниот корисник сега е женет, има стабилна работа и очекува бебе и отсега тоа ќе може да го стави на својот ѕид.

Ајде да си легнеме во 22:30 бидејќи утре треба да ги носиме децата во градинка! Журкааа!
Исто се случува и со мојата генерација. Го разгледував "Здраво Боби" бидејќи немав што друго да гледам. Девојките кои порано ги "разгледував" или имаат долги врски/бракови, или се здебелиле/запуштиле или веќе ги имам видено голи во живо.
Од несексуален аспект, пријателите кои ми се забавни го делат моето мислење и тие се помалку време поминуваат на Фејсбук. Се' што останува се роднини кои се однесуваат како вчера да се запознале со интернетот, спамери кои промовираат брендови, гејмери кои не знаат како да исклучат автоматско праќање покани, патриоти кои честитаат христијански празници со слики од Александар Македонски и најлошото од се' - луѓе кои споделуваат Семе Синапово.
Пред некој ден имав hangout (дружење или џаначење се соодветни македонски преводи) на Г+. До толку е тапа Фесјбук.

1. Бебиња

Бебињата се дијаметрално спротивни од говорните маани. Додека говорните маани се интересни се додека некој друг ги има, бебињата се интересни само ако се твои. Како што стареат моите пријатели, така тајмлајнот ми се преплавува со слики од бебиња слика. И напротив твоето мислење воопшто не се слатки.

Од друга страна зајак што има ствари на главата е супер сладок
Тоа не е најлошото. Најлошото е што луѓето што до вчера беа убер забавни преку ноќ ја изгубија смислата за хумор и се трансформираа во оние досадни луѓе кои се грижат да безбедноста на своите деца, внимаваат што ќе кажат, споделуваат статии за кои кашички со кои хороскопски знаци одговараат и се дрзнуваат да ти кажат како да си го живееш својот живот за кога ќе основаш семејство и ти бидеш совршен родител како нив.
Доаѓаме до неизбежниот момент. Енци Менци и нивната наградна игра. Ако постои Господ кој сака да суди на неговите креации мислам дека совршената казна за мојот атеизам и тоталната отвореност кон концептот на "Секс за една вечер" ќе биде до крајот на светот да оценувам слики кое бебе е поубаво.

Од друга страна, оценување на квалитет на вино би било совршена награда
Од каде таа потреба да го споредуваш твоето бебе со останатите? Гомненици*, видов пријатели кои немаат бебиња а поднесоа слика на натпреварот. Зашто? Зашто? Наградата ли е крајната цел? Ултра скапото седиште за во кола што е ефикасно само за бебиња до 24 месечна возраст (зашто производителите на бебешки работи едноставно не напишат 2 годишна возраст)? Престижот на социјалните мрежи дека можеш да си дозволиш детето да го облечеш во Окаиди? Нека ми пише некој родител коментар, навистина ме интересира?
Безбедноста на твоето дете е бесценета. Ова го знае секој родител. Ова го знае и секој производител на бебешка опрема. Се прашувам само како ние сме пораснале без сите овие ултра скапи помагала?

Не ме сфаќајте погрешно, Фејсбук е многу моќна социјална алатка. 80% од посетите на блогов и 100% од жените со кои сум бил во животот се благодарение на Фејсбук. Не викам дека ќе престанам да го користам, едноставно подари сите наведени причини неговото користење веќе не ми претставува задоволство.

* прво јавно користење на зборот надвор од преводите на американските филмови од 90-тите

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff