11 June 2012

[Ретардација на денот] Летен одмор

 
Во понеделник обично излегува статија со формат "Х нешта што нешто друго" во која низ сликите од цицки се обидуваме да научиме нешто преку посочување на некој негативен социо-економски феномен или некоја опасна македонштина. Исто така запознајте се со Марјан:

Здраво Магдонос!
Пишувајќи ја новата статија, забележав дека имам Марјан синдром. Си станав досаден себе си, правејќи ги истите шеги за Драчевци, Ѓорчевци, Аеродромци, верници, партиски војници, одлуки на Владата, јасновидци, недостаток на секс, потрошувачи, гастербајтери, дебели луѓе и мушмули.
Штом си станав досаден на себе си, прашање на време е кога ќе станам досаден и на сите читатели. 
Бидејќи и на најкреативните текстописци им треба малку пoчинка, одлучив Здраворазумен Хејтеризам да го пратам на годишен одмор!

И тоа негде на плажа со цицки
Сакам да се заблагодарам на сите мои читатели за преку 140.000 прегледи откако ја објавив првата статија во Октомври 2011, сите оние кои упорно ми ги поправаа печатните грешки, другарчињата што одлучија својот хејт да го истурат на мојот блог, on.net.mk што ме популаризираа, девојките што ми ги покажаа своите гради од сожалување и секако сите оние кои ме хејтаа бидејќи од нив научив најмногу! Фала дечки, страшни сте!

Меѓутоа не очајувајте, се додека постојат нездраворазумни луѓе, неосновани одлуки на нашите избраници, ретардирани постапки и генерално непочитување на науката ќе постои и Здраворазумниот Хејтеризам! Се враќаме во Септември со полна пареа :)

И со полни раце работа
А до тогаш уживајте во деколтињата што ви ги пружи топлото време, навивајте за вашата омилена репрезентација на Европското Првенство, бодрете го вашиот омилен Кениец на Олимпијадата, стискајте палце за нашите репрезентативци, одморете од вашиот град, одморете од вашата работа и

уживајте со ладно пиво во рака на некоја убава плажа!
Се читаме наскоро Хејтери!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff