Кога бев седмо, купив „
женско“ списание прв пат, заради биографија на некои глумци. Желбата да поседувам што е можно повеќе шноли и венчиња (кои нема да ги употребам реално) ме натера да го купувам списанието во следните 2 и кусур години, секој месец, религиозно. И да си правам плетенки понекогаш.
После помалку од деценија, единствениот текст на кој што се сеќавам од тоа списание е текстот во кој се даваа „совети“ како да бидеш принцеза ли, совршена ли, нешто така. Во неколкуте поднаслови имаше дадено пример дека иако дечко ти е на смртна постела во болница, ти не смееш да си дозволиш да изгледаш ненаспано, со подочници или не дај боже растурена и (пу-пу) помрсна коса. Треба да си отидеш од болница, да се средиш убаво, па после ако можеш да се вратиш да видиш дали ближниот сè уште дише или не. Разбирливо е да отспиеш ако си седел 2+ дена во болница и нема веќе душа у тебе, но не беше напишано тоа во стил „одмори се, си имала напорен ден и ноќ и си под стрес“, туку „оди дотерај се , иако љубениот ти е на умирање. Што ти е гајле, твојот живот не е на стенд бај, неговиот е“.
Тоа беше последниот број што го купив. Не е дека не се оптоварувам со изглед и не мислам некогаш на мода и детали (ми се случувало да не излезам од дома само затоа што блузата не ми била доволно деколтирана, или обетките не ми одговарале на ролката, а ако немам лак на ноктите ко да сум гола), но ова што го гледам по списанијава, за мене бар, е просто неподносливо.
Ја имав честа да го купам новиот број на Unique. Давале поклон, па се потрошиле, па и јас да сум побарала. Сеедно. Епа, кога веќе го купив, ајде да го прочитам (во листа, за хејтањето да има појак ефект):