18 December 2011

7 стари македонски спотови кои се максимално истрипани

 
Сите ние сме пораснале во 90-тите. Освен тие кои не се родени во 80-тите.
Најголемото достигнување во мојот развој беше кога сфатив дека "Кучето Мое" од Студени Нозе (spoiler alert) не се однесува на домашното милениче.

Затоа се чудеше вујко ми кога прашував дали птичарот на јајца му спие.
Откако малку прочепкав по YouTube, сфатив дека денешните спотови се ужасно лоши во негативна смисла на зборот за разлика од оние од 90-тите кои се ужасно лоши во најпозитивната смисла на зборот.
Не ми верувате? Погледнете:

7. Ластовица - Ќути живти се

За неупатените: Ластовица, спонзорирани од радиодифузната такса што ја плаќаат граѓаните (види коментари за деталното спонзорство), беа во Тајланд (1992 година) за да снимаат видео материјали за нивниот нов албум. Еве како се потрошија парите.


Ако некогаш фатам златка рипка една од желбите ќе ми биде да се вратам во 1992 и да одам во Тајланд со ластовица. Трипати подобро путовање него Бора Чорба во Амстердам.
Спотот започнува со најлошата видео монтажа на девојка што гледа фото/видео албум (што 15тина година подоцна стана вистински производ). Спотот е составен од неколку сцени од која највпечатлива е онаа во салонот за масажа, каде што Владо си пуши и си пие коњаче додека азијатка ги сврбе нејзините цицки од неговиот грб. Исто така Владо носи бурма. За разлика од Студени Нозе или новите цртани на Cartoon Network, Ластовица не се ни обидуваат да ја скријат сексуалната конотација па затоа имаме стихови како:
  • Еври бади тури вади
  • Габори се за муабети, а не убави
  • Две педи под срце опасно ме отекуваш
  • Ако уште малце мудруеш, ќе си одиш пеш
Колку поедноставни биле работите тогаш.

6. Куку Леле - Стамбол со се Бардовци

Откако се распадна Ластовица, Роберт Саздов формираше нова група - Куку Леле, која одреден период го имаше Стив Кировски како вокал. Бидејќи Стив очигледно е дете од дијаспората еве го спотот снимен во Австралија:


Освен што го има најзаразното интро на свет, спотот има и еден квадрат кој одредува дали гледаме во боја или во сепиа. На 0:25 Роберт Саздов има две гитари, бидејќи мора нешто да одвелече внимание од елечето што го носи. Не знам што е полошо, косата на Стив, мишката на Роберт или фактот што типот што најмногу личи на капетан удира на конгите со нешто што наликува на бејзбол палка. Исто така има тип што пробува да пее на македонски (3:32) ама престанува после "и-о-и-о-и-о-и-о-е".
Според описот на видеото, спотот е премиерно емитувам во Дневникот во 20:00 на МТВ. Штета што во денешно време се емитуваат само сериозни вести.

5. Легенда и Ена Веко - Признавам, не признавам

Ако се прашувате зашто го избрав ова видео, а не тоа каде што не можеш да и ги видиш цицките саглам бидејќи те дистрактира Југото во позадина, верувајте ми на зборот, ова е подобро:

На почетокот режисерот ни ги претставува членовите на бендот кои очигледно не се многу заинтересирани за допирање на интрументите додека свират и сите до еден изгледаат како сериски силувачи (басистот дури има и соодветен мантил). И тогаш влегува Ена која личи како да има облечено комбинација од лош Wonder Woman костим и парчиња што би ги носел црн макро. Мислам дека целата сценографија, кореографија и костимографија е смислена само да одвлече внимание од тоа колку е лоша песната.
Бонус за девојки: Кого би смувале од двајцата додека рока солото?

4. Ристо Бомбата и Кучешка Тенија - Сузана

Во времето кога музиката не се сфаќаше толку сериозно, Кристијан Габровски владееше со неговите песни. Толку Ристо Бомбата бил пред времето што ми требаа десет години да сфатам дека сите негови песни се масовен ремет на тогашното општество.


Спотот има се што треба. Хумор, рандом цицки, крава, гз на крава и еден кадар кој се повторува (особено се цени девојка која го има маестрирано тој потег). Нема да коментирам за изгледот бидејќи во 90-тите се очекувало да изгледаш како сексуален престапник ама ќе прокоментирам за "пумпањето" на кравата. Не сум молзел многу крави во животот, ама што очекува типот од Кучешка Тенија да постигне со опашката бидејќи навистина се труди, особено кон крајот?
Ако ми кажете дека и овој спот премиерно бил емитувам во Дневникот на МТВ, тогаш до крајот на животот ќе се обидувам да пронајдам временска машина за да се вратам во тој период.

3. Драган Вучиќ - Каде и да одиш

Според името на изведувачот не можеме да очекуваме бог знае каков квалитет, па спотот се состои од Драган кој вози по Партизанска со BMW додека го претркуваат фиќа, сто кецови и Томоси. Далеку поистрипан настап за истата песна Драган има во некоја емисија на МТВ:


Дали забележувате нешто што не се вклопува со сценографијата или здравиот разум? Не? Од вашата лева страна има факинг пик ап. Еве како најверојатно се одвивал разговорот помеѓу режисерот на емисијата и чиракот:
  Чирак: Господине, дали сте сигурни дека сакате да ставиме автомобил на сцена?
  Режисер: Не се секирај чирак, ќе му се најде примена.
На пола видео, Драган се преобразува во Мич Бјукенен и се качува на вратата за да даде артистичка димензија на неговиот настап. Зашто се качи? Зашто му требаат 5 секунди за да забележи дека се сменила камерата што го снима? Зашто воопшто го гледам јас ова?
Покрај огромните дупки во логика, видеото содржи и две девојки што играат во позадина и најверојатно се скоро оперирани од кила, водителка ала Pretty Woman, како и најтажниот аплауз фатен на камера.

2. Чапај и Венко - Ако љубиш дукати

Иако сметам дека песната е една од поубавите што произлегле од тоа време, сепак не можам да го гледам спотот без да помислам на старите скечеви на К-15.


Чапај е кул тип. Режисерот на спотот сака тоа уште на почеток да го расчисти и ние имаме сцена каде што Чапај лапа пичка на хауба, пред старо Хард Рок и после пали цигара додека си рока крст како обетка на неговото уво. Тестостерон пута илјада. И после како ништо да не се десило, прашува колку е саат. Мислам дека целиот спот е спонзориран од тутунски комбинат во соработка со битпазарска златара.
Девојки ако се најдете во ситуација ваков тип што ве гледа во дискотека, ве замолувам немојте сами да си одите дома, подобро земете го типот што е двојник на Тошо Малерот. Исто така ако се најдете во ситуација да бидете облечени како помошничката на Ник Слотер од Тропски Горештини слободно одете дома сами никој нема да ве чепне (совет: не пребарувајте Tropical Heat на Google Images, премногу хомоеротични слики ќе ви се појават).

1. Леон Пинк - Скопските куклички

Дали сте слушнале за Леон Пинк? Не? Уф имало господ! Има неинфинитизимална (фенси збор) шанса ликот Леон на Марјан да е базиран на типов:


Аааааааааааа!!! Не знам дали тројцата на "сцена" играат или имаат епилептичен напад, побогу зомбињата имаат поголем репертоар на движења. Се плашам дека ако една од девојките се кандидира за крал на Македонија, ќе бидам сериозно загрозен бидејќи двете го исполнуваат условот за епска веѓа.
"Ете такви се градските женски и не се разликуваат од мажите селски" ?!
Каков Леоне си дошол до овој заклучок?
"Можеш да ги пипнеш и сегде да ги штипнеш" ?!
Немам обичај да штипкам селски мажи ама претпоставувам би му сметало на типот ако го ми текне утре да разбијам монотонија.
Исто така ако публиката се состои од татковци со кренати чорапи и нивните ќерки, мислам дека песна што содржи "за секс се створени" не е баш соодветен избор. Ако некогаш поради неразбирливи причини сакате да апстинирате од секс овој момент многу ќе ви помогне.

Јавна благодарност до басистот на Big S Adrenalin, човекот кој не поштуе алкохол ама си потпивнува понекогаш - Димe за дел од видеата na оваа листа.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff