29 December 2011

4 одлични македонски празнични песни

 
Со статии насловени "7 стари македонски спотови кои се максимално истрипани" и "7 причини зашто потајно ги мразиш празниците" очекувате масовно јадење бурек и во оваа, меѓутоа овој пат ќе мора да разочарам. Една девојка ми рече дека ќе се смува со мене ако напишам нешто позитивно за нашето секојдневни и бидејќи не сум лицемер навистина пробав да најдам неколку македонски песнички/спотови и пар слики од слатки мечиња во контекст на празниците.

Меѓутоа мора да дадам до знаење дека сум и реален,приземјен дечко
Очигледно да најдеш нешто што навистина вреди е многу потешко отколку да најдеш некоја ретардација (доволно е да пуштиш телевизија за второто), па затоа еве (само) 4 македонски песни кои треба многу почесто да ги пуштаат за време на празниците:




4. Оливера и Џокси - Новогодишна

Мајсторско песниче од времето кога сеуште се радувавме на руска салата (од толку богата кујна мора секоја година да јадеме исклучиво руска салата).


Девојчето e Оливера тако звана Никола Никола, а ако не го знаете типот што пее со неа тогаш Среќна Нова '49. Уште во старт забележувате дека реален труд е внесен во песнава, почнувајќи од добро осмислениот текст кој пренесува убава порака, па се до координираното движење на пеачите (Опа! Мал лапсуз на Џокси на 3:34) и хорчето во позадина. Освен убавата мелодија, песната содржи и многу реална социо-економска порака изразена со подароците кои Оливера сака да ги подари на своите најблиски - додека мама и тато добиваат бакнеж и раце (?!), дедото најпоштено сака да си тегне тутун од луле. Газда!


3. М2 Ѕвезди - Среќна Нова Година

Оваа песна позната и како "На еден крај си ти, на друг сум јас, но Мобимак нè поврзува нас" е од времето кога тинејџерките немаа мобилни телефони за да ги усерат изборите за нова македонска ѕвезда.


Колку што се сеќавам (а ретко се сеќавам) песнава немаше спот, ама тоа не не спречува да уживаме во одличната изведба на М2 ѕвездите пропратена со слики од лампиони, ватромети и Times Square. Да, можеби ќе налетате на некое вибрато или раперско yeah! измеѓу рефрените ама тоа не го менува фактот што песнава е совршена да ја изрежете на CD кое ќе го подарите на вашата сакана во обид  да докажете дека романтика и кладилница не се заемно исклучиви.
До мене е или Мобимак на времето многу подобро ги инвестираше парите за маркетинг?

2. Дуо Трио - Овогодишна Општонародна

Во македонскиот сајбер простор (терминологија од 2001 година) постои неопеан херој. Сите постови, заебанции, референци и цитати од К-15 што сте ги гледале и на кои сте се смееле се наоѓаат на YouTube благодарение на @rankovski. Покрај одличната Дедо Мраз од Коњари, Дуо Трио имаат и песна за оваа година:


Спот4ето е компилација од сите нивни разиграни скечеви на кои масовно ја ребраат тогашната ситуација во државата, некои луди и откачени слики во некои полуди пози и инсерти од времето кога било журка да се гледа собраниски канал. Песната е совршена за играње по дома и многу добро опишува што мнозинството ќе прават за новогодишната вечер - ќе си пијат ракија и ќе си пукаат петарди.


1. Ламбе - Да не те љубев

Ламбе го знаете како детето што победи на М2 бидејќи е од Битола, или Ресен, или нешто во тој регион. Во секој случај супер си пее:


Песната совршено ми се вклопува со спотот. Текстот е феноменален, музичето певливо и ако ги игнорираме очигледните реклами на спонзорите, спотот има многу позитивна енергија. Ламбе е убав дечко кој фала богу не се облекува како Екрем Јевриќ и подарува цвеќе не само на женски кои имаат цицки, туку и на бакици, чичковци и индијанци. Чедо Поповски солидно го склопил празничното расположение со насмеаните случајни минувачи и деца кои (се надевам) несвесно прават многу безобразна гестикулација (2:33).
П.С. Слушнете ја песната уште еднаш, но наместо посветата што по дифолт претпоставувате дека е за девојка/сакана личност претпоставете дека се работи за марихуана. Јако, нели?

Драги читатели, сакам да ви се заблагодарам за сите споделувања, сите коментари и критики на мојот блог. 
Релативно сум нов, сеуште во потполност не сфаќам што значи едначење на согласки по звучност, меѓутоа со ваша помош можеме да пласираме нешто што барем за кратко ќе ве насмее и ќе ве натера критички да размислувате.
Уживајте во празниците и се читаме догодина со свежо здраворазумно хејтање :)
 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff