Showing posts with label љубов. Show all posts
Showing posts with label љубов. Show all posts

08 July 2012

Знам дека реков дека ќе одам на летен одмор, ама не издржа срце јуначко. Замислете дека сум Бетмен кој се враќа во Готам да го сузбие (сузбие?!) криминалот, со тоа што не сум Бетмен, Готам е Македонија и криминалот е апсолутната ретардација на Семето Синапово!

"Сејте семе на љубов,радост,среќа,мир. Што сеете денес,тоа ќе жнеете утре"

Претпоставувам ова не се однесува на полјоделски производи, бидејќи ако денес за утре имаме жетва нема да постои глад во светот и сите ќе се фокусираме на сеење на семето на љубовта, радоста, среќата и мирот ако ме сфаќате што сакам да кажам (намиг). Да одиме со ред:

Очигледно авторот никогаш не бил во Чаир навечер.
Пробајте ова да го кажете на касиерката следниот пат кога ќе купувате во Кам

21 May 2012

Како што ветив во мојата претходна сериозна статија (12-те луѓе што ја прочитаа знаат), денес ќе зборуваме за нештото кое сите сакаме да го имаме, но сепак многу малку го имаме. Секако зборувам за здрав разум, срча тело, нормално работно место, љубов, светла иднина, неретардирани одлуки на Владата, црна боја на кожата, брдо пари, акции во Фејсбук, Summer 'XX албуми на нашите пријатели, ретвитови од нашите следачи, новата песна на Слаткаристика, книжна десетка и некаде на крајот на листата на приоритети - редовен секс!

Помеѓу враќање на банкнота и секс со касиерката во 87% од случаите македонскиот потрошувач ќе избере банкнота
Како подготовка за оваа статија во последните 14 години имам изгледано сè што треба и сè што случајно може да се гледа кликнувајќи на реклами за зголемување на либидо, па дури еднаш и сум имал секс во животот.
Еве неколку ситуации во кои може да се најдете додека (се обидувате да) имате секс:

Оградување: Толкувањето на настаните е од машка субјективна гледна точка во стилот на "X одлични изговори за избегнување на гушкање после секс"

11 April 2012

Благодарение на една модна дизајнерка и непресушливата мудрост на Фејсбук статусите што се собрани на lajkuvaj.com наидов да најтрогателната приказна после човекот на коњ што не може да си ги плати сметките

На дваесет и девет запирка еден човек му се допаѓа ова
Чекај малку. Ова не е запирка! На 29 илјади луѓе им се допаднала приказната за дечкото што за разлика од срце, не знае да даде конкретен одговор:

" Една девојка го прашува својот дечко : Дали си заљубен во мене?
Тој и одговара: Не!
Девојката го прашува : Дали мислиш дека сум убава ?
Тој и одговара : Не!
Таа пак го прашува: Дали сум во твоето срце?
Тој и одговара : Не!
На крајот го прашува :Да те напуштам дали ке плакаш за мене?
Тој и одговара: Не!
Девојката ја наведнала главата многу тажно и сакала да си оди него.
Тогаш тој ја прегрнува и и кажува: Јас не сум заљубен во тебе - ЈАС ТЕ САКАМ! Јас мислам дека не си убава- ЈАС МИСЛАМ ДЕКА СИ ПРЕКРАСНА! Ти не си во моето срце - ТИ СИ МОЕТО СРЦЕ! Јас не би плакал кога ке ме оставиш - БИ УМРЕЛ!
Се познавале 6 месеци , пред да започнат врска. Се карале но тие кавги ги само зближувале уште повеке. Еден ден девојчето му кажала дека е болна од срце. Во моментот тој ја прегрнал и почнал да плаче. Кога требала да оди на операција,кога требала да влезе во авионот,тој не се поздравил со неа. Кога се вратила оправена после неколку денови не го нашла својот дечко.
Ја запрашала мајка и каде е тој а таа и одговорила:“ ЗАР НЕ ЗНАЕШ КОЈ ТИ ДАДЕ СРЦЕ?! "


Ајде да ги скокнеме очигледните нелогичности како шансите дечкото и девојката да имаат компатабилни органи, одлуката докторите да пресадат срце од здрав на болен човек кој во просек живее 15 години после успешна трансплантација, фактот дека мајката знаела за целиот план, бидејќи ова е романтична приказна која треба да ни ја демонстрира моќта на љубовта.
Тоа што мене ме мачи е:
  • Зашто буквата "ќ" не се користи во текстот
  • Кој во 21 век го користи зборот "плакал"
  • Може дечково сака да и направи финта на девојката со одговарање НЕ на секое прашање, ама нели делува тоа некако кретенски?
  • Зашто е важно во приказнава дека се карале, но тоа ги зближувало? (едит: можеби за да даде човечка димензија на нечовечка приказна)
  • Зашто мора со авион да се оди на операција?
Се што прочитавте до сега е цепидлачење, бидејќи ми е досадно по дома.
Прочитајте уште некоја приказна или во најлош случај прочитајте ја/гледајте го П.С. Те Сакам  и ако може одговорете ми на следното прашање:

Дали љубовта е обратно пропорционална на здравиот разум?

Бидејќи се што прочитав на странава ме наведува дека тоа е точно.

15 January 2012

Во животот (читај: нашето општество) постои одреден логички тек на настаните кој го форсираат нашите родители. Треба да си одличен ученик во основно, треба да не бидеш емо во средно, да дипломираш на перспективен факултет и веднаш да стапиш во брак.
Јас пред некој месец дипломирав на најрелигиозниот факултет во земјава - електро.

Само учиш, не ебеш и се крстиш кога ќе објават резултати.
Како што е ред, секој семеен ручек моите родители го поставуваат истото прашање: "Кога ќе најдеш некоја за сериозно?", бидејќи не можеш секогаш пишувам блог да го користиш како изговор за седење пред компјутер цел ден по боксерици.
Плашејќи се дека моите родители нема да можат да ми ги растат децата ако многу чекам и благодарение на оваа прекрасна веб страница (детали и корисничка сметка) излегов на неколку состаноци. Еве на кои прашања морав да одговорам, а сметам дека се тотално бесмислени:



03 January 2012

Како за почеток, почит за Медо (човек со многу светла аура, чиешто битисување вибрира на повисока феквенција и праќа сигнали до свевишниот центар на Универзумот), што одвои простор на неговиот блог за здраворазумско хејтање за пост посветен на тотално нездраворазумски појави- исцелителство, надри-лекарство, холастицизам, "нео-гатачство"...
Ако користите било какви средства за информирање, сигурно сте дошле во допир со некој од оваа листа на шарлатани (иако поверојатно е некој од  листата да дојде во допир со вас).
Сепак, таа листа е непотполна и недостига човекот, поради кој зборот шарлатан треба да се пишува со голема буква (молам за тапани)- Мастер (не Мистер) Тино Кајшаров!

Само еден од нив има поглед што може да излечи рак

Човеков е олицетворение на Божји месија, канал на повисока енергија, спиритуален учител, кармички гуру, телекинетик, егзорцист, исцелител со молитва и музика, човек кој конторлира био-нано-електромагнетни полиња... Човек за кој, да не земаше пари за пружање на овие услуги на трети лица, комотно ќе можевме да заклучиме дека има потреба од постојано присуство  и надзор од луѓе во бели мантили.
Еве неколку клучни точки од неговото учење:

29 December 2011

Со статии насловени "7 стари македонски спотови кои се максимално истрипани" и "7 причини зашто потајно ги мразиш празниците" очекувате масовно јадење бурек и во оваа, меѓутоа овој пат ќе мора да разочарам. Една девојка ми рече дека ќе се смува со мене ако напишам нешто позитивно за нашето секојдневни и бидејќи не сум лицемер навистина пробав да најдам неколку македонски песнички/спотови и пар слики од слатки мечиња во контекст на празниците.

Меѓутоа мора да дадам до знаење дека сум и реален,приземјен дечко
Очигледно да најдеш нешто што навистина вреди е многу потешко отколку да најдеш некоја ретардација (доволно е да пуштиш телевизија за второто), па затоа еве (само) 4 македонски песни кои треба многу почесто да ги пуштаат за време на празниците:


11 December 2011

Започнуваме со нова неделна рубрика и како за почеток погледнете ја фан страната на турската серија Љубов и Казна.Прво нешто што ќе ви падне во боде очи е најлошата фотомонтажа откако се појавија торенти за Photoshop. Види го тоа срање, изгледа како слики од сунет свеченост кои се вртат на БТР. Толку е ретро сликава што ми бараше Windows 98 за да ја отворам.
Странава е создадена единствено за собирање на лајкови каде што случајно е избрана некоја серија што моментално се прикажува за да се максимизира ефект. Нема никакви информации карактеристични за фан страни туку само масовен лајк фест:
  • Wall - Претежно се само постови каде што се посакува добро утро/вечер, се поставуваат рандом слики и се наведува колку точно лајкови треба да се соберат. На некои пишува само факинг "онлајн лајк" 70-тина луѓе веднаш кликаат лајк бидејќи очигледно коефициентот на интелигенција опаѓа со опаѓањето на температурата во зима
  • Добредојде ! - Како може да ми се допаѓа нешто што го немам прочитано? Тоа е како да треба да кликнете лајк за да може да го читате ова. Нема логика, ако ти се допаднало препорачај го на пријателите, во спротива изеди гомна на ФБ и префрли се на нешто што ти се допаѓа. Чиста сметка.
  • Добиј Администратор! - Честитки, ги извршивте сите чекори и сега добивте администратор. Што ќе правите со новиот администратор? Ќе го сакате, бањате и ќе му готвите? Или стануваш администратор или добиваш администраторски права, како може да добиеш администратор? (добар изговор за девојки: Душо не можам вечерва, само што добив администратор)
О писменех
  • Вратете си го најстариот ЧЕТ ! - Ако сакате вашиот профил да го претворите во масовен спам сервер слободно следете ги чекорите
  • За серијата - 7 реда опис и пар слики е единственото нешто што ќе го најдете поврзано со серијата
Ако ништо друго барем не се обидуваат да сокријат која превара е ова. Си имаш поштено ценовник за колку лајкови треба да добиеш за да земеш флеш меморија од 24GB.

Најдобар момент: Расправијата за чив син е Омер.
Бонус: Имаат и профил.

Многу мудро сум ги избрал пријателите

Идејата на оваа рубрика е зголемена интеракција со читателите. Слободно во коментарите споделете нешто што сте го сретнале по интернетот и ви изгледа максимално ретардирано или пак предложете идеја за хејтање на Tweeter (@MedoDimoski), на ѕид на ФБ или кога ќе ме видите по градов.
 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff