11 December 2011

7 причини зашто потајно ги мразиш празниците

 
Во случај да не сте забележале од спамот на вашиот ФБ ѕид или од рекламите помеѓу две напнати сцени од турска серија се ближат празниците. Многу ги мразам празниците. “Медо? Има нешто што мразиш? Јас мислев дека си едно големо гушлесто меченцуленцуле”.

Гушлесто во поширока смисла на зборот

Жалам што ќе ве разочарам дами ама зад мојата кревка надворешност се крие длабоко огорчен човек. Меѓутоа не сум само јас, секој што го чита постов отворено или потајно ги мрази празниците како што центарско дете мрази јавен транспорт. Еве зашто (надополнето со честитки):


7. Финансии

Модернизацијата на нашето општество си воведува проблеми кои се карактеристични за конзумеризмот. Иако темата е интересна за дискусија, самата дискусија е самоубиство бидејќи треба да разговараш со луѓе кои мислат дека олигарсите се криви зашто не завршиле факултет.

Прикажано: човек кој знаел "премногу"
Ако и покрај фактот што е поверојатно да победите во дебата со вашиот соковник сакате да дебатирате на темава слободно кликнете тука.
Да се вратиме на темата. Имено толку многу ќе отидете во минус во следниве 30тина дена што бојата на вашиот фонт автоматски ќе се смени во црвена. Додека пред 30тина години единствената грижа на мојот татко била дали ќе има секс со девојка без кондом или ќе има секс со две девојки без кондом со 500 динара во џеб, во денешно време треба да трошиш за:

  • Местото каде што ќе славиш
  • Превоз
  • Облека
  • Фризура/Педикир/Маникир/Депилација (се надевам повеќето се однесуваат за девојки)
  • Поклони (особено ако си во врска или имаш семејство)
  • Кондоми (во случај некоја да сака просечен накај лош секс)
  • Сметка за токсикологија (бидејќи другарите ти се скромни религиозни личности)

Со ова се создава магичен круг бидејќи следниот пат кога ќе однесеш типка "на кафе" и нема да ја платиш сметката бидејќи веќе си потрошил 1000 денари на депилација, таа нема да дојде кај тебе "да гледате филм" што резултира со многу стрес.

6. Семејство

Дап, тој период од годината е. Сакаш нејќеш ќе мора да го посетиш твојот вујко кој мочаше во твојот плакар претходната Нова Година бидејќи беше премногу пијан за да го побара тоалетот, твојата баба која ќе те штипе за образи додека ти става 17 сарми во тањирчето, твојот внук што влегува во пубертет и пројавува пиромаснки тенденции...



Бидејќи не се прават масовни собиранки, слави и веселби како порано, веќе снемува теми за муабет и секоја година го слушаш истиот муабет

Ти текнува кога крадевме јајца од Центро? -Како не ми текнува, секоја година ја раскажуваме причата!
или пак не дај Боже да има некои имотно-правни препирки помеѓу вас, е тогаш цела вечер ќе слушаш лекции по имотно право и геодезија. Позабавно ќе ти биде на фудбалски меч од прва македонска лига, отколку со твоето семејство.
За оние кои не се пронаоѓаат во муабетот и сликата од црно семејство како ужива во вечерата за потребите на фотосесијата, тогаш ти си еден/една од оние кои имаат среќа да имаат речиси функционално семејство.

5. Празнично расположение

Првото нешто што ми го кажуваа девојките од четирите рандевуа што сум ги имал во живот е дека не сакаат кога некој лаже. Бидејќи ова е најретардираното нешто што некогаш сум го слушнал после диоклециановиот пролаз мораш да лажеш дека ти никогаш не лажеш.
Ова за време на празниците е х100. Сликите со добри желби, снегулки и срања што ги постираат вашите love/happiness пријателчиња,


украсите во градот, песните од Џорџ Мајкл, рекламите со мечки на Кока Кола т.е. со Мараја Кери на Т-Мобиле прават некоја атмосфера каде што мораш со сите да си фин, да се насмевнуваш на грди дечки/девојки и сите да ги лажеш дека ништо не ти е (што го одложува #дотебее #раскинување муабетот) иако длабоко во себе сакаш да се накљукаш со седативи се додека не се врати сонцето, пролетта и мирисот на трева.

4. Медиуми

Претпоставувам повеќето од вас не гледаат телевизија често, а слушаат радио само кога се во кола или во теретана бидејќи тролање на Твитер е далеку позанимливо отколку слушање дека понеделник е најдепресивниот ден во неделата и ако сакате да се развеселите слушнете ја оваа песна.
Ван тема: сте помислиле дека понеделник е најдепресивниот ден бидејќи сите трубат за тоа и сугестивно мислиш дека стварно е така?
Истото се случува и со медиумите. Општо прифатено е дека треба да се даваат божиќни филмови центрирани околу семејството или религија,

Конечно еврејски филм што не е поврзан со нашата култура ама беше евтин за прикажување
дека треба да пуштаат песни кои не се поврзани со темата ама важно имаат грда елка во позадина или пак дека треба да прават емисии и забавни програми кои очигледно се наменети за одржување на заблудата во дијаспората дека сеуште живееме во 80-тите.



3. Несигурност

Како што знаете веднаш кога некоја девојка раскинала долгогодишна врска и сега се разебава по град, знаете дека во наредниот период најчесто поставувано прашање ќе биде: "Каде за нова година?"

Ни Гугл не знае!
Ако одиш во стан со другари си средношколец, ако одиш во кафана си сељак, ако одиш на плоштад Есма да ја слушаш си социјала, ако останеш дома си мањак. Или не дај Боже да останеш во Скопје! Најдепресивното место за славење Н.Г. според секој втор муабет, боље на планина да се "издувам" отколку да се гушам во котлинава (хинт: не е до градот, до тебе е).
Или вечното прашање што ќе облечам бидејќи не можеш со истиот сакич од матурска да идеш 5 нови години по ред. За разлика од некои, јас не сум многу по модата ама знам што ми боде очи. За Н.Г. облеката е од крајност во крајност, или имаш свечени тоалети и одела кои се носат на свадби или замотани шалови, шалвари, капи и старки.


Обично сум фармерка и маичка тип на човек што на Н.Г. се преведува во види го хејтеров изгледа не сака да легне ништо вечерва.

2. Здравје

Јадење магдонос е здраво (Здраво Магдонос!). Од друга страна сарма, руска салата, кифлички, коштани, мушмули, разно разни слаткиши и се што баба ти ќе ти тупне во чинијата не е. Не сугерирам дека треба да ја разочараш баба ти и да не јадеш, доволно е што имаш 25+ години без сериозна врска на повидок, ама барем скрати. Со оглед на тоа што македонскиот народ е ненаситен (не е песната од Маријан Стојановски во линкот) тешко дека тоа ќе се случи.


Не само што ќе се умрсиш, туку во периодот што следи ќе испиеш толку многу алкохол и ќе испушиш толку многу цигари што ако случајно завршиш на токсикологија на тебе ќе прават научен симпозиум

Мора во секоја слика да има црнец. Ебате stock фотографиите!
Во комбинација со стресот од празниците и стравот од пиратките здравјето ќе претрпи сериозен удар. Ама карактеристично за македонскиот народ е што мисли однапред и знае какви последици блудничењето би имало за година или две, така? 

1. Резолуции

Иако во време на комунизмот овие се викаа манифести [citation needed], сега модерно е да ги нарекуваме резолуции или (најверојатно) одлуки на македонски. Во секој случај тоа е листата што ја правиш секоја Н.Г. бидејќи земјината револуција, фино објаснета во најгрдата интернет страна има некакво симболично значење. Во теорија резолуциите треба да ти помогнат да станеш подобар човек бидејќи меѓу другото вклучуваат:
  • Откажи се од цигари
  • Честитај и роденден на девојка ти оваа година
  • Помогни на [било која загрозена група] со кликнување лајк на ФБ
  • Пробај да не спиеш со травестит оваа година
  • ◄ Опни лајк/+1 и сподели на Твитер за твоите другарчиња да можат да го читаат Медо
но во пракса се трошење хартија. Откако ќе помине еуфоријата и заблудата дека всушност можеш да станеш подобра личност, си се враќаш во старата стабилна состојба разочаран како машинец после колоквиум на кој му ги фатиле ливчињата (не сум ве спомнал веќе неколку статии, ќе си помислат читателите дека немам континуитет).


Празниците се едно огромно разочарување. На скала од еден до ништо не легнав на Закинтос празниците се поблиску до второто. За да не се доведеме во ситуација каде што ќе изгубиме здравје, пари, нерви и максимално ќе се разочараме, ајде да си ветиме дека од 2012 веќе нема да ги повторуваме грешките од претходните точки!
Ау да, само што кажам дека сето тоа нема да успее. Well, I think I'll have myself a beer!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff