Странава е создадена единствено за собирање на лајкови каде што случајно е избрана некоја серија што моментално се прикажува за да се максимизира ефект. Нема никакви информации карактеристични за фан страни туку само масовен лајк фест:
- Wall - Претежно се само постови каде што се посакува добро утро/вечер, се поставуваат рандом слики и се наведува колку точно лајкови треба да се соберат. На некои пишува само факинг "онлајн лајк" 70-тина луѓе веднаш кликаат лајк бидејќи очигледно коефициентот на интелигенција опаѓа со опаѓањето на температурата во зима
- Добредојде ! - Како може да ми се допаѓа нешто што го немам прочитано? Тоа е како да треба да кликнете лајк за да може да го читате ова. Нема логика, ако ти се допаднало препорачај го на пријателите, во спротива изеди гомна на ФБ и префрли се на нешто што ти се допаѓа. Чиста сметка.
- Добиј Администратор! - Честитки, ги извршивте сите чекори и сега добивте администратор. Што ќе правите со новиот администратор? Ќе го сакате, бањате и ќе му готвите? Или стануваш администратор или добиваш администраторски права, како може да добиеш администратор? (добар изговор за девојки: Душо не можам вечерва, само што добив администратор)
О писменех |
- Вратете си го најстариот ЧЕТ ! - Ако сакате вашиот профил да го претворите во масовен спам сервер слободно следете ги чекорите
- За серијата - 7 реда опис и пар слики е единственото нешто што ќе го најдете поврзано со серијата
Најдобар момент: Расправијата за чив син е Омер.
Бонус: Имаат и профил.
Многу мудро сум ги избрал пријателите |
Идејата на оваа рубрика е зголемена интеракција со читателите. Слободно во коментарите споделете нешто што сте го сретнале по интернетот и ви изгледа максимално ретардирано или пак предложете идеја за хејтање на Tweeter (@MedoDimoski), на ѕид на ФБ или кога ќе ме видите по градов.