Showing posts with label вежбање. Show all posts
Showing posts with label вежбање. Show all posts

26 February 2012

Секоја појава која има скеч од К-15, песна од Џемо Биљбиљ и видео од Токсикологија е доволно популарна за поголемиот дел од популацијата погрешно ја разберат.
Боди билдингот т.е. фитнесот или одењето во теретана денес е толку општа појава што понекогаш не знам дали сум во теретана или на час по физичко на I-3 паралелката од СУГС Никола Карев.

После ќе се шират Педо Медо муабети
Како повеќето и јас почнав многу рано да вежбам, за пред некоја година да увидам дека сум потрошил залудно време и пари, бидејќи сум ги слушал следниве бабини деветини поврзани со боди билдингот:

05 February 2012

Прашајте било кој човек што би променил на себе си и најчесто ќе добиете одговор: "Па би било убаво да симнам некое кило". Прашајте било кое машко што би сменил кај својата девојка и најчесто ќе добиете одговор: "Па било убаво да има поголеми цицки".
Ако после години неактивен живот исполнет со кикирики, мортадела и нутела решите од корен да ги смените животните навики и го замените задоволството од јадење со задоволството од тролање тогаш несомнено ќе налетате на Herbalife.

Ако МЗТ може да успее после 20тина години можете и вие!

Лично јас немам толкав проблем со килограмите колку што имам со пиењето, меѓутоа тоа не ме спречи да посетам еднo воведно предавање за како Herbalife ќе ми го промени животот.
Еве неколку аспекти кои мора да ги земете предвид ако сакате да се фатите на оро со Herbalife:

23 November 2011

Ако никогаш си немал проблеми со тежината тогаш оваа статија не е за тебе. Слободно излези во град и имај секс во тројка. За останатите кои не се среќни како тебе имам лоши вести: Шансите да ја задржиш идеалната тежина подолго време откако ќе ослабеш се помали од шансите Македонија да испрати некој што знае англиски на интернационално натпреварување. Пред две години мојата килажа беше повисока од коефициентот на интелигенција на просечниот читател 
Меѓутоа имав многу пари, па не ми беше тешко

и бидејќи "има убав карактер" пали само кај хипстери решив да го сменам начинот на живот.
Оттогаш видов милион луѓе кои не успеале во зацртаното бидејќи ги повторуваат истите грешки:

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff