Објективно подобар |
Имено Т-Мобиле, компанија која се рангира нешто над пишување со капс лок, веднаш зад обраќање на своите родители со Стари/Стара според нивото на кулоќа, сака да влезе на пазарот со млади што претпоставувам го држат ЏаБест/Било која тарифа од ВИП. И затоа ја имаме COOL тарифата. И иако признавам дека доста кул моменти како преработката на Гоце и Пистолеро (поздрав до неговите фанови од Аеродром)
генералниот изглед со нивната заштитна боја, фонтот, графиките и тако даље, некако не можам да ги преболам следние моменти:
4. Целната група
За да разберете каде најчесто се греши во производниот процес, морате прво да разберете како во кратки црти функционира креирањето кампања (или софтвер) за мега корпорации:
- Корпорациите бираат целна група која треба да донесе кеш.
- Корпорациите го презентираат концептот на агеција
- Агенцијата прави истражување на пазарот, анализа на целната група, собира млади и талентирани маркетари, дизајнери, копирајтери и изготвува предлог кампања
- Извршните директори на корпорацијата ја земаат таа кампања да ја разгледаат детално додека серат, забораваат хартија и си го бришат газот со кампањата.
- Корпорацијата си пласира своја кампања. Агенциите се само извршители.
наместо тоа што македонските тинејџери навистина сакаат:
3. Билбордите
Не е лесно да направиш кул кампања за тинејџери.
Да разгледаме прво што е кул:
- Да не потенцираш дека си кул
А сега тоа што не е кул:
- Да потенцираш дека си кул
Којотот? Кул си зашто навиваш за којотот? Да се навива за којотот беше кул кога Анте Марковиќ го либерализираше увозот и нашите родители се чудеа кога видоа дека постои и друга паста за заби освен Kolynos.
Па еве не, низ целиот град имаме билдорди со тинејџери кои очекувам секој момент да го искористат бонусот од тарифата да ми пишат СМС со која ме канат да го посетам нивното ултра кул, ектра ол-ексклузив кафич. Додека сме на темава што е разликата помеѓу ол-инклузив, екстра ол-инклузив и ултра ол-инклузив туристички агенции?
Нејсе (кул збор), да се вратиме на пораките што сакаат тинејџерите да ги пренесат како кул:
2. Маичките
Билбордите имаат пораки, ама не е кул да носиш билборд низ град. Кул е да имаш маичка.
Одговор на прашањето зашто се смував со татко ти |
Punch this douchebag in the face! |
Тотално не е фотошоп. Петар си гази! |
1. Тарифата
Ја видовте ли воопшто?
150 факинг мегабајти интернет?! Значи сум бил во игротека на роденден каде што 5 годишни деца зјапаат во смартфоните наместо да си играат со кловнот.
Додека татковците гледаат во градите на останатите мајки |
Побогу ја имате најдобрата мрежа во Македонија. Имав 3G интернет додека твитав од ВЦ-то на еден бункер од втора светска војна. Факинг искористете го тоа!
2GB интернет + Viber + Whats Up = мега кул тарифа!
Иако Харлем Шејк видеото што го снимивме на плоштад може да не наведе на спротивното, младите не се апсолутно ретардирани. Добро знаат што е кул, а што е корпоративната верзија на кул.