Showing posts with label скопје. Show all posts
Showing posts with label скопје. Show all posts

26 September 2012

Ако сте жена или сте во врска знаете дека на 4ти Октомври е големото отварање на Skopje City Mall или ако го преведете на македонски - Градски Трговски Центар - Скопје. Факинг ГТЦ. 

Истото го кажувам кога се пуштам на девојки.
Не ме сфаќајте погрешно, апсолутно ја поддржувам идејата за отварање на трговски центар од овие размери, ќе отвори нови работни места, ќе ги затвори сите мали бизниси во Лептокарија, ќе го донесе цело Косово тука наместо во Солун и најаважно од се ќе ги намали симптомите на ПМС за 90% кај жените моето опкружување. Ама тоа не е темата денес.

Ако ја отворите Фејсбук фан страницата на Skopje City Mall и прочитате рандом коментари (за разлика од "официјалната" страна на Зара овде не ги бришат) ви ветувам забава од размери "до бесвест". Идеме со визуелизација на дел од нив:


06 May 2012

На еден од македонските портали денес осамна скандалозна слика од скопскиот градоначалник, г-дин Коце Трајановски, како со пиштол се заканува на група млади демонстранти кои спонтано преку социјалните мрежи се собрале да истрчаат протестен круг околу градот истакнувајќи го нивниот физикус.

Клик за поголема резолуција и теорија на заговор
Опозицијата најави прес конференција во која јавно ќе бараат г-динот Коце Трајановски да образложи дали бил при здрав разум кога вперил огнено оружје во толпата и дали исто така бил при здрав разум кога го потпишал проектот Скопје 2014.

Очевидци на настанот тврдат дека откако г-динот Коце Трајановски испукал предупредувачки истрел во воздухот, настанала масовна паника и демонстрантите почнале да бегаат во засега непознат правец.
Во градот е забележано засилено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи, кои се обидуваат да го расчистат метежот. На местото каде што демонстрантите се движеле, пронајдени се празни шишиња од вода кои се користеле како проектили.

Според информациите кои ги добивме од Миленко Неделковски и Мирка Велиновска и кои се потврдени од официјални извори, во изминатата недела во Македонија влегле десетици државјани од земјите во Африка. Моментално се истражува нивната поврзаност со немилиот настан, кој се случува само неколку дена откако МЗТ ја освои титулата во македонската кошаркарска лига.

Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште немаат коментар за овој грозоморен настан, иако не се исклучува можноста настанот да добие верска димензија како што ќе напредува истрагата.

*сликата можеби е извадена од контекст

13 February 2012

Пред неколку дена го објавив првиот дел од статијата за обидите за рап во Македонија.
Во меѓувреме добив лавина реакции дека листата е некомплетна и дека фалат уште 147 видеа. Дап, тоа е бројот на видеа кои заслужуваат да се најдат на една ваква листа.


Да беше толку голема листата на жени со кои сум спиел, немаше да пишувам блог
Најинтересен феномен се коментарите на таа статија полни со љубов и разбирање ("направи ни услуга и умри") или со непишани раперски правила ("смееш да плукаш ако и само ако имаш нешто подобро направено/напишано").
YouTube има многу проста математика:
- Ако видеото има многу прегледи, значи луѓе го гледаат/слушаат
- Ако видеото нема многу прегледи, значи луѓето не го гледаат/слушаат
А дали е квалитетно и претседателот на РМ си го слуша по дома е многу субјективна работа која е апсолутно неважна за оној што прави пари од гледаност.
Но да се вратиме на вистинскиот рап:

11 February 2012

Пишувањето хејтерски блог е тешка работа. За разлика од новинарството не можеш цитираш немеродавни извори или да земаш изјави од портпароли како научни истражувања.
Некои теми се екстремно тешки за хејтање. Религијата на пример е речиси невозможно да ја хејташ бидејќи има премногу докази во нејзина полза, исто како и дебелите луѓе кои се безусловно среќни.

Наводници
Меѓутоа најлесната тема за хејтање е македонскиот рап особено оној што се прави во последните 5 години (нема да збориме за Чиста Околина, Саф или Врчак пред да се искомерцијализира). Дури не е ни предизвик да се истражува темата. Доволно е да кликнете на последната песна што вашите малолетни Фејсбук пријатели ја објавиле (ако не сте мувале некој/а во последно време сигурно имате некој внук/а од чичко/а) и да следите поврзани видеа се додека не посакате да земете апчиња за смирување од баба ви.
Еве до каде стигнав со гледање пред да ме пукне дијазепамот:

Видеата се позајмени од ризницата на Викса!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff