Тоа што ви недостасуваше најмногу |
Проблемот е што се сомневам во способноста мерките да вродат со плод. Еве зашто:
(статијата не ја проверив, пингајте ако има печатни грешки)
5. Ново време
Не мислам на Ново Време - блогот што тотално треба да го читате во отсуство на Здраворазумен Хејтеризам, туку мислам дека се случија многу настани, се придвижи технологијата напред, се сменија неколку режими/системи, се појави Фејсбук* во последните неколку децении. Многу нормално е да се променат и семејните вредности. Дозволете да го покажам тоа преку цицки:
Доста падна на квалитет блогов |
И ова не е топла вода. Кога постарата генерација ќе одлучи дека ги испуштиле децата од раце, основна реакција е враќање на вредностите кои се покажале како успешни во минатото.
Прашајте го Ayatollah Ruhollah Khomeini ако не ми верувате |
Пред некоја година среќа да поработам малку во Истанбул (многу убав град, многу напорен за живеење). Европскиот дел е ултра модерен/западнизиран, периферијата е густо населена од провинција бидејќи Истанбул е центар на се'. Постарите чувстуваат дека ја губат контролата врз помладите, се радикализираат за да ги зачуваат традоционалните вредности, се радикализираат и партиите бидејќи така се добиваат избори и како резултат јас имав другарка која студира генетски инженеринг и мора пред да зајде сонцето да е дома. Во 21виот век.
*Ниту една од статиите за корелацијата помеѓу ФБ и разводите нема да ви ја отвори бидејќи пу-пу не важи
4. Еманципација
Една од позначајните работи што се случија во меѓувреме е еманципацијата на жената. Тоа е нереверзибилен процес. Не можеш да одеманципираш жена.
Ти ја фрлив дипломата и му реков на твојот шеф дека од утре не идеш на работа. Исто така ти купив нов шпорет. |
Еманципацијата е одлична работа, се' поголем процент на девојки се запишуваат на факултет, избираат кариери во кои историски преовладувале мажи (се' што треба да знаеш за напредокот на црквата е во претходниот исказ), отвараат сопствени бизниси, стануваат социјално-влијателни фигури итн.
Брз квиз: Пишете ми во коментари жена со две презимиња која нема кариера, туку е домаќинка! (сигурно има некоја, ама не зборуваме за исклучоци).
Следствено се менува улогата на жената во општество, нивниот труд сe' повеќе се цени, повеќе тие не се објективизираат,
Пример |
3. Парализа на избор
Изборот по правило се врзува со слободата на една единка. Што поголем избор има, толку поголема слобода има. Звучи логично, меѓутоа не е секогаш така. Одговорот на ова прашање го даваат
1000 зашто, 0 затоа |
#уМоеВреме |
Кога бираш партнер и си убав/а млад/а ерген/мома имаш потешкотија да го направиш вистинскиот избор (особено кога се работи за одлуки што ќе ти го заебат животот како на пр. деца) бидејќи знаеш дека можеш да најдеш подобро. Ако нешто не чини, ќе најдеш нешто подобро. Ако има карактерна маана, полесно е да најдеш некој што нема отколку да посветиш време и енергија на надминувањето на истата. Бидејќи живееме во релативно поврзан свет сите опции ти се достапни и откако ќе имаш семејство. Развод и на Хавајските Острови мадам, чао!
2. Произведување на среќа
Замислете слична ситуација пред 100 години. Мома се мажи за маж во село. Мажот не и одговара, но таа останува со него. Зашто?
- Срам е да се разведе
- Разведена мома никој нема да земе ниту во тоа село ниту во соседните
- Нема материјална способност да патува подалеку од соседните села
Во зависност од дефиницијата на зборот избор. |
Затоа статиите на Здраворазумен Хејтеризам имаат цицки |
Науката што е олицетворение на демоните од Библијата го потврдува тоа. Статистички гледано луѓето во договорените бракови се посреќни отколку оние што си го избрале партнерот (shit just got real). Кој е сега заостанат бидејќи сака да си купи жена, а кучко?
1. Погрешен пристап
Без разлика што правиме, процесите како транзиција, еманципација, технолошки напредок, достапност на информации, праќање мејл, слободно возење за пензионери се неповратни процеси. Исто како сексот со мајките на твоите другари, си имаат позитивни и негативни страни.
Позитивните секако се далеку побројни |
Аналогија: Имаш аквариум и сакаш да направиш рибите да се разуздаат како да се атеисти само без контрацепција. Можеш цел ден да седиш пред аквариумот, да им зборуваш како што зборуваат љубовниците, да не им даваш храна (казнуваш), ама рибите нема да се размножуваат. Тоа што на рибите им е поребно е оптимална температура, PH вредност на водата, осветлување, малку секси музика и сами ќе посакаат да имаат деца*.
Човек кој на 30 години има 200 евра месечни примања, не е баш во состојба да основа целосно функционално семејство. Напротив тоа што можеби сум ви го кажал на пијано, само љубовта не е доволна.
Медо - здраворазумен хејтер, нездраворазумен љубовник. |
*секако ова е еден од многу фактори, види наталитет на Норвешка за пример.