Showing posts with label македонци. Show all posts
Showing posts with label македонци. Show all posts

05 November 2012

Здраво непознат читател. Јас сум Медо и многу поретко пишувам статии на овој блог. За тие на кои им фалев еве искрено извинување:

Тоа што ви недостасуваше најмногу
Но, ова е сериозна тема., нема време за еротика. Нема време ниту за врска. Барем не до 30 за жени или 35 години за мажи, потоа ќе мора да најдеш време освен ако не сакаш да плаќаш данок за ергени/стари моми. Ова е само една од низата мерки/активности што ќе ги гледаме во иднина како одговор на намалениот наталитет, зголемениот број на разводи, дивијантните појави како атеизам, поддршка за правата на хомосексуалците, споделување на вицот за Исдислав итн.  
Проблемот е што се сомневам во способноста мерките да вродат со плод. Еве зашто:

11 January 2012

Дали сте осамени? Дали ви фали некој кој емоционално, а особено финансиски ќе ве поддржува? Дали ви е потребен менаџер?
Самиот факт што ја читате оваа статија потврдува дека сте #foreveralone.
Но не очајувајте! Пред да купите неколку мачки посетете ја оваа наша, македонска веб страница.

Земи ме Господе!

Зачувана анонимност, ДА!
Илјада профили, ДА!
Секакви инхибиции, не знам што значи ова ама ДА!
Најдобрите фаци од мојот град, чисто сумљам ама ДА!
За разлика од некои веб страни што сум ги хејтал, оваа е релативно солидно изработена. Се гледа. Веднаш се воочува дека интелигентни луѓе работеле на проектот според условите за регистрација/користење каде на многу опшитен начин се дава до знаење дека ова не е страница за посредување и наплата на сексуални услуги.
На почетокот има можност да се разгледаат популарни мажи или жени.
Да почнеме со жените кои се претежно баби меѓутоа можеш да ги филтрираш според многу критериуми од кои повеќето немаат смисла:
  • Тука е просто да убие време? -Досаден живот, што да правиш.
  • Нуди/Бара спонзорство? -Не тоа на раб на проституција?
  • Досаден карактер? -Во случај животот да ти е многу интересен.
  • Прекрасна личност? -Карактерот пред се.
  • Хороскопски знак? -Најважниот научно основан критериум.
  • Роденденци? -Не само што ќе ја пронајдете вашата сродна душа, туку и на ист трошок ќе славите роденден.
  • Скриен филтер во форма на софтверска грешка
За мажите доволно е да ги видите само корисничките имиња и со 99% сигурност ќе ги погодите сите критериуми особено за поседувањето на основно како највисок степен на образование.
Бидејќи сум посветен на истражување (и од никоја друга причина) направив корисничка сметка. Веб страната користи и Facebook API за логирање преку вашиот профил, ама освен ако не сакате да извршите социјално самоубиство не ви препорачувам да ја искористите таа можност.
Првото нешто што ќе го забележите откако ќе се логирате (а ќе се логирате!) е ова:

За македонцките работи

Бугарска направија. Сега ти е криво што се логираше со твојот ФБ профил бидејќи те мрзеше да решиш проста математичка равенка.
Откако ќе видите пар газиња и гласате со оценка од 1-5 (каде што 5 е Ептен ме возбудува!, 1 е Не си мој тип, а 2 е Кога ќе се поднапијам се е ок) ќе решите да видите и некое видео во живо меѓутоа веднаш ќе се појави "Изберете метод на плащане:" и освен ако немате бугарски пасош ќе треба да платите преку СМС.
На крај за да не останам недоискажан како авторите на Земи Ме, ќе ве замолам во коментарите да ме надополните со вашето искуство во наоѓањето на вашиот совршен маж/жена/пар(М+Ж)/пар(М+М)/пар(Ж+Ж) со користење на услугите на оваа социјална мрежа.

08 January 2012

Пред некое време објавив статија за 6 идеи кои нема да профункционираат во Македонија, барем нема во догледно време.
Колку само не бев во право. Има толку многу работи што нема да успеат на нашиве простори колку што има рекетари У.М.С. на В.М.Р.О О.К. К.Вода.

Или колку што има нинџи во Тетово
Во продолжение уште 7 работи кои тешко дека ќе профункционираат во Македонија:


30 November 2011

Во вчерашното издание на Вест осамна вест дека Македонија наскоро ќе добие свој крал. Македонскиот народ како и секогаш ваквите новини прима со доза на сомнеж. Секако под доза на сомнеж подразбирам масовно јадење гомна на социјалните медиуми (читај коментари).
Лично сметам дека ова е една од погенијалните идеи, рамо до рамо со аукцијата на свети лопати и затоа планирам да се кандидирам кога ќе се објави конкурсот!
Еве зашто би бил совршен КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА:

п.с. Не бидејќи ги копирам cracked.com
Надополнување: Неколку дена пред најголемиот цигански празник Ѓурѓовден, Вест објави дека кралската свадба се откажува! Немало ниту пријавени, ниту пари.

29 November 2011

Живееме во тешко време или да искористам збор што не сте го слушнале од личност помлада од 30 години - бреме. Економската криза е во својот зенит [citation needed], автобусот поскапе, дискотеките престанаа да бараат лични карти, почнаа да се носат чкарт вина по слави...

И сармите почнаа да ги прават минијатурни
Меѓутоа без разлика колку треба да се штеди и внимателно да се планира семејниот буџет, македонскиот потрошувач сеуште мисли дека живее во времето на Анте Марковиќ и секогаш одвојува средства за:

09 November 2011

Како што веќе знаете ова лето бев на печалба во Америка. Таму или можеш да бидеш глуп Македонец кој ги торши парите по стриптиз клубови или да бидеш паметен Македонец кој кога ќе се врати дома ќе се обиде да имплементира дел од идеите што таму совршено функционираат.
Како за пример
Бидејќи јас сум од оние првите, еве што мојот другар Никола рече дека никогаш нема да профункционира во Македонија:

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff