чест ми е да ви го претставам најдоброто нешто што му се случило на твитер откако @i999y отвори блог во кој ги собира најдобрите твитови од вашиот тајмлајн:
TweetsPie т.е. пиксели |
Што е TweetsPie?
TweetsPie е Андроид апликација која прикажува листа од најдобрите твитови и тоа 21 на број, од последните 600 од вашиот тајмлајн.
Како функционира TweetsPie?
Се што треба да направите е да дозволите TweetsPie да пристапи до вашиот тајмлајн (секако треба да имате Твитер) и апликацијата секој саат ќе ги зема последните 600 твитови од пријателите кои ги следите и ќе ги избере најдобрите 21.
Зашто на секој саат? Зашто не можам да си ја освежувам секои 5 секунди?
Пред некој месец Твитер одлучија да го ограничат своето API кое дотогаш беше слободно. Порано секој програмер како мене, можеше колку сака да пристапува до серверите на Твитер за какви сака податоци (се додека апликацијата има соодветна дозвола од корисникот).
Од политичко-економски причини кои нема да ги дискутираме, Твитер одлучи да го затвори своето API и сега дозволува 60 барања до серверот секој час (15 барања на секои 15 минути). За да обработиме 600 твитови на нас ни требаат 3 барања до серверот.
Затоа додека се' уште ја развиваме TweetsPie ограничени сме на автоматско освежување на листата само еднаш на еден час.
Ако имате некој предлог како поинженерски да го решиме ова, би ви биле благодарни :)
А што е со останатите 57 барања до новото освежување?
Тие ги оставаме за да можете да направите 21 ретвит на најдобрите твитови.
Што е најдобар твит?
За еден твит да влезе во листата на најдобри треба да има барем 1 ретвит. Листата се генерира како функција од бројот на ретвитови и фејвови каде што ретвитовите имаат доминантна улога. Што повеќе ретвитови, тоа е поверојатно твитот да се најде во листата на најдобрите.
Забелешка: Имајте на ум дека тоа што е најдобро за мнозинството не значи дека ќе биде најдобро и за вас. Алгоритмот не ја знае вашата смисла за хумор :)
Што ако следам многу корисници и UberFacts ја полни целата листа зашто има као 4000 ретвитови по твит?
Нема проблем, секој корисник што непотребно ќе ја спамува вашата најдобра листа, можете да го сокриете и вратите по потреба.
Што ако имам големо его и мал број на корисници што ги следам и цело време едно исто ми се појавува на листата?
Исто така нема проблем, постои опција да прикажувате твитови кои се ретвитнати од луѓето што ги следите и покрај тоа што не ги следите луѓето што ги следат тие што ги следите.
Што ако имам повеќе твитер сметки?
Моментално повеќе сметки не се поддржани. Ако сакате да го видите најдоброто од тајмлајнот на друга сметка треба прво да се одлогирате и да се логирате со новата сметка.
Дали и моите твитови ќе се најдат на листата?
Секако дека да. Има ли поголема радост од тоа да напишеш добар твит и да се видиш во листата на 21 најдобри твитови :)
Како да се пофалам пред другарите дека сум супер многу кул и ја имам инсталирано TweetsPie?
Го виде виџетот на апликацијата? Ако имаш Андроид 4.0+ ќе имаш со што да се фалиш.
Иако релативно добро го работи тоа што треба да го работи, апликацијата е се' уште во бета верзија. Работиме да ја подобриме, да додадеме нови можности, да ги заобиколиме ограничувањата од Твитер, па се кој совет/критика/пофалба би ни значела многу.
На крај да се заблагодарам на тимот:
@krojanbojan - главен иницијатор и гњаватор за реализација на TweetsPie
@thekraljo - човек кој добива брилијантни идеи на пијано
@petkovskiot @zuberot @ViksaaSkool @jovanatozija @alexhris - тестирање и подобрување на апликацијата
Ви благодарам дечки, се надевам дека направивме нешто добро за заедницата!