Се свињосавте за празнициве? Планирате да ја изедете целата софра откако на Нова Година само вашиот мобилен оператор ќе ви посака среќа и успех со генеричка порака?
Да не се лажеме |
Но не очајувајте, решението за самоќата и дебелоќата никогаш не било потолку на дофат. Луѓето од Хербалајф се тука не само да ти дадат совет, тука и да ти ја понудат потребната емотивна помош за да го реализираш советот на долгорочен план. Сосема случајно советот се состои од купување на производи со вредност од минимум 50 евра месечно.
Прикажан: Мулти-левел маркетингот во Египет |
Еднаш пишував за Хербалајф и претпоставив дека тука престанува мојата инволвираност, ама не помислив колку (главно) економисти дипломираа во мојата генерација и колку (главно) економисти не можат да најдат работа. Хербалајф е привремено решение додека ПроКредит банка не си ги средат човечките ресурси.
Еве неколку причини зашто Хербалајф ги има сите индикатори дека една општествена група е култ. Истото важи за сите општествени групи (пр. твитерџии):
6. Регрутирање
Основа на секоја пирамидална шема е регрутирањето на нови членови, но не било какви. Новите членови во сите култови треба да бидат слаби, очајни, осудувани од општеството поради нивниот изглед или размислувања. Ако си во доволно длабоки гомна и хартија за шмирглање ќе ти изгледа како тоалетна.
Основа на секоја пирамидална шема е регрутирањето на нови членови, но не било какви. Новите членови во сите култови треба да бидат слаби, очајни, осудувани од општеството поради нивниот изглед или размислувања. Ако си во доволно длабоки гомна и хартија за шмирглање ќе ти изгледа како тоалетна.
Сите сме се нашле во ситуацијава во еден момент од животот |
За оние што се не запознаени со проституцијата како мене, постои цела индустрија каде шо (главно) мажи плаќаат за да немаат секс со "работничките". Убаво прочитавте за да немаат. Во денешното општество клиентите плаќаат за да почувствуваат (главно) физичка блискост со друго човечко битие. Слично и со Хербалајф, услугата/производот е со секундарно значење. Плаќањето е за заедницата т.е. луѓето кои се во исти гомна како тебе и советот/грижата од личниот тренер. Затоа овие луѓе откако ќе ослабат не го напуштаат култот туку и тие наоѓаат нови членови.
5. Строга хиерархија
Сум ја имал честа да шетнам во пар секти низ Македонијава и првото нешто што можете да го забележите кога ќе влезете во просторијата за "обред" е строгата поставеност на членовите. Веднаш се забележува кој јаде/кој пие, а кој е таму за одвикнување од зависност т.е. заменување стара со нова.
Бидејќи хоризонтална хиерархија е за анархисти |
Секој нов член си го знае местото во Хербалајф. Секој постоечки член си го знае својот претпоставен. Кога некој младич ми го мереше (такааа) BMI-то, два пати ја препраша претпоставената за дали е точна процедурата (иако е проста математика). Кога некој во публика ќе поставеше незгодно прашање на оние "лично искуство" гости што се појавуваат на презентација имаше упатување на прашален поглед до презентарката. Од оние погледи што ти ги упатуваш на твојата поубава половина кога сакаш да се коњосаш со другари во кафана.
А немојте да почнам да зборувам за врвот на пирамидата т.е. нивните лидери.
А немојте да почнам да зборувам за врвот на пирамидата т.е. нивните лидери.
4. Харизматични лидери
Шала на страна, би имал секс со нивните лидерки. Силни, витки, слаткоречити, паметни и најважно од се поминале низ твоите маки и излегле како победници на другата страна. Еве неколку примери за такви лидери:
Кога остатокот од хиерархијата ќе потфрли на ред се лидерите, обучувани од машината која 30 години ги експлоатира еволутивните фалинки на човекот. Разговорот со нив е мил, смирен и аргументиран се додека го купувате тоа што го продаваат. Ако се обидете вие да рационализирате стануваат дефанзивни, нападни и недостапни. Исто како во култ.
3. Тешко се напушта кругот
Ако поради некоја причина (шејкот слабо се меша со литро смедеревка) решите да го напуштите култот ќе имате потешкотии кои зависат од тоа:
Ако поради некоја причина (шејкот слабо се меша со литро смедеревка) решите да го напуштите култот ќе имате потешкотии кои зависат од тоа:
- колку време сте посветиле за да станете дел
- колку профит сте им донеле
- колку нови членови сте им донеле
- дали имате повеќе од 3 кавери на ФБ со промоции од Хербалајф
Машината не сака да излезете од неа откако ќе ги дознаете нивните тајни. Што ако потоа се решите да пишувате блог на таа тема
Вистината пред се' |
Телефонски повици, мејлови, разговори се дел од начините на кои луѓето од Хебалајф ќе ве контактираат за да ве убедат да се вратите.
Ако конечно излезете тоа е тотална екскомуникација. Веќе за нив не постоите. За нив сте расколникот кој го напуштил култот.
Ако конечно излезете тоа е тотална екскомуникација. Веќе за нив не постоите. За нив сте расколникот кој го напуштил култот.
2. Територијалност
Една од позачајните карактеристики за секој култ е нивното фанатично бранење на територијата. Хербајалф не сакаат тренерот од локалната теретана да ти проповеда различно житие. Со сурутка не се прави дефиниција.
Црниот пазар на сурутка е поголем од оној на кокаин во Македонија |
Постојат милион начини за да го постигнете тоа што го проповедаат Хербалајф, но само еден носи профит за нив. Затоа мора да се чува територијата, да се оцрнува конкуренцијата, да се мати здравиот разум, да се гради еден вештачки меур во кој сите членови треба да се наоѓаат.
Исто како што Аеродромци си ја бранат чистотата на својата населба или љубоморен дечко што не ја пушта својата девојка во надоврешниот свет наречен кафана.
1. Веруваат во тоа што проповедаат
Хербалајф е мулти-левел маркетинг компанија основана во Кајманските острови (сосема случајно и апсолутно неповрзано со даноци) со седиште во Лос Анџелес. Сето ова укажува дека треба да продаваш производ, не да веруваш во тоа дали производот е најдоброто нешто што му се случило на светот.
Бидејќи верувањето некогаш те прави ментално хендикепиран |
Во Хербалајф (главно) сите веруваат. Производот е факинг протеински шејк. Во факинг Космо што е продавница за жени продаваат (главно) исти производи за една четвртина од цената. Секој што ја знае хемиската структура на факинг сурутката ќе ти каже 10 пати подобри производи од шејкот на Хербалајф.
Затоа се јавува потребата од култ организација каде што проповедниците веруваат на своите зборови. Кога производот е лесно заменлив за подобар и поефикасен и поевтин и што може да се меша со литар смедеревка, култот е добар начин за обезбедување на понатамошна егзистенција.
Затоа се јавува потребата од култ организација каде што проповедниците веруваат на своите зборови. Кога производот е лесно заменлив за подобар и поефикасен и поевтин и што може да се меша со литар смедеревка, култот е добар начин за обезбедување на понатамошна егзистенција.