26 September 2012

Ако сте жена или сте во врска знаете дека на 4ти Октомври е големото отварање на Skopje City Mall или ако го преведете на македонски - Градски Трговски Центар - Скопје. Факинг ГТЦ. 

Истото го кажувам кога се пуштам на девојки.
Не ме сфаќајте погрешно, апсолутно ја поддржувам идејата за отварање на трговски центар од овие размери, ќе отвори нови работни места, ќе ги затвори сите мали бизниси во Лептокарија, ќе го донесе цело Косово тука наместо во Солун и најаважно од се ќе ги намали симптомите на ПМС за 90% кај жените моето опкружување. Ама тоа не е темата денес.

Ако ја отворите Фејсбук фан страницата на Skopje City Mall и прочитате рандом коментари (за разлика од "официјалната" страна на Зара овде не ги бришат) ви ветувам забава од размери "до бесвест". Идеме со визуелизација на дел од нив:


24 September 2012

Ако го читате ова во понеделник 24.09.2012 тогаш остануваат уште 2 дена до Критична Маса #5 т.е. возење со точаци или да се изразам снобовски велосипеди низ Скопје.

Истите тие луѓе педерите ги нарекуваат хомосексуалци.
Зашто го правиме настанот кога сите имаме факинг точак? Не зборувам за моментот каде што точакот го користиш рекреативно да се повозиш во парк/на стаза/до Матка. Зборувам за користење на точак во секојдневие и тоа:
  • Возење до работа/факс/училиште
  • Возење до супермаркет/пазар
  • Возење кога има реални шанси да заврне тој ден
  • Возење до далечно тобако да купиш кондоми бидејќи ти е срам да купиш од локалното
Со еден збор користење на точакот како превозно средство. Од точка А до точка Б. Еве зашто мислам дека тоа нема да се случи, барем не во блиска иднина:

19 September 2012

Не знам колку сте во тек со натпреварите за професионални фотографии од луѓе со вонсериски талент и/или мобилен уред, ама денес се избраа победниците на Летограм натпреварот.

Победничката фотографија на Алекс
Логичен чекор е сличен натпревар да се организира и во зима т.е. Зимаграм, меѓутоа кој ќе чека додека паднат снегови. Тоа што ни треба го имаме сега! Дозволете да ја претставам најновата наградна игра за сите што знаат како да насочат телефон кон објект и да кликна копче:

Зимницаграм #зимницаграм #zimnicagram

Се што треба да направите е додека ги лупите пиперките/го печете модриот патлиџан/ја закиселувате туршијта, да го овековечите моментот, да лупнете еден филтер за да изгледа како да правите нешто егзотично и да ја закачите вашата слика со хаш тагот #зимницаграм или за да не изгледа дека доаѓате од Казахстан #zimnicagram.

Забелешка: Корисниците на ајФон добиваат 10 инста срценца гратис поради нивниот привилегиран статус во општеството.

Неколку пример фотографии:

#zimnicagram #nadrealizam
#zimnicagram #iphoneonly #iphonesia
#zimnicagram #instamood #instagood #red
#zimnicagram #concept #art #piperki
#zimnicagram #iphoneonly #tradition #culture #turshija
Ви поскакувам успешна сезона на зимници и нека победи најдобриот!

18 September 2012

Го знаете муабетот.
Проект "Скопје 2014", нов лик на метрополата, купишта нови згради, цркви, споменици, преименувања на училишта, федерализација на територијата итн.
Централна фигура на целиот проект е Миленко Неделковски, ама најверојатно јас сум единствениот што така го нарекува споменикот "Воин на коњ" поставен на градскиот плоштад.

[Комерцијален натпис] Голема наградна игра на Енци Менци
Колку и да изгледа грандиозно оваа материјализација на нашата историја, со егзотичните животни, со штитовите на војниците кои имаат околу 16 краци, со тиркизната вода и победничкиот став со кренатиот гладиус (ова може да е римска терминологија), сепак овој споменик ни одблизу не ме отсликува ниту мене ниту моето место во општеството. 

Мојот предлог е наместо досегашниот споменик на плоштадот да се постави споменикот на Прометеј бидејќи е тотална рефлексија на моето секојдневие.

Задната страна на новата монета од 100 денари
Кратка историја за тие што не се запознаени со ликот и делото на Прометеј: Прометеј бил првиот Македонец кој го носел олимпискиот оган од местото што денес е познато како Плетвар до Солун каде што освоил златен медал во повеќето категории кои не биле наместени.
Лажна историја на страна, еве зашто и јас сум Прометеј:

Цензура - Во моментот кога Прометеј се појави во неговото вистинско светло, општеството реагираше со тоа што му облече гаќи. Во ред е да бидеш се што сакаш да бидеш се додека тоа не го правиш јавно. ОК е да бидеш хомосексуалец, се додека не се лапаш пред мене. ОК е да мафташ знаме на друга држава, се додека не можам да го видам тоа од мојот прозор. ОК е да имаш друга религија, се додека јавно не зборуваш против црквата. ОК е да се шеташ гол во жена парк, се додека носиш гаќи.

Идеализам - Прометеј како миленик на Зевс ги учел луѓето на секојдневни вештини кои им го олеснувале движењето. Тоа што го мразел Прометеј е што гледал нерамномерна распределба на моќта. Богови кои живеат во изобилие и оган во контраст на кутрите луѓе кои живеат во беда и неоган. Факинг Робин Худ. Дали е тоа оган или пари или знаење или во мојот случај здрав разум желбата за подобар свет е она што се важи.

Неспособност за предвидување на последиците од сопствените акции - Зевс не го криел огнот бидејќи сакал да ги гледа луѓето како се мачат, го криел бидејќи човештвото се' уште не било подготвено за таков дар. Со таква моќ, прашање на време е кога ќе почнат да го користат за да се убиваат себе си, а понатаму и боговите. Исто и јас, сакам да помогнам, но понекогаш со тоа правам само поголема штета.

Казна - Основна механика. Акција и реакција. Злосторство и казна. Противи му се на твојот Бог и вечно ќе си осуден на маки. Противи му се на твојот татко и веднаш си под казна. Противи му се на твојот УМС лидер и ќе лепиш плакати. Противи се на тековната власт и веднаш си анти-Македонец. Противи му се на Зевс и си окован на планина. Не е важно кој е во право, важно е што си се обидел да се противиш на моќта и затоа ќе бидеш казнет.

Секојдневие - ова е најстрашното. Зевс можел едноставно да го убие Прометеј, меѓутоа неговата казна морала да биде поголема. Преку ден орел го клукал неговиот црн дроб, преку ноќ истиот зараснувал. Сизиф 2.0. Исто е и со моето секојдневие. Гледаш како парите пополека ги снемува, додека не во целост не исчезнат. И тогаш доаѓа нов месец. И повторно истата приказна. А ти си окован на Кавказ...

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff