Showing posts with label македонија. Show all posts
Showing posts with label македонија. Show all posts

24 December 2012

Статијава не ја пишувам како некој што има голем познавање на моменталната политичка, економска и општествена ситуација. 
Статијава не ја пишувам како некој што знае повеќе од тебе на темите кои ќе се опфатат. 
Статијава не ја пишувам како некој што има интерес да ја пишува.

Статијава ја пишувам како некој кој сака еден ден да има семејство.
Статијава ја пишувам како некој кој сака да создаде подобар свет во кој ќе растат неговите деца.
Статијава ја пишувам како некој што погледнал околу себе и сфатил дека најдобар начин за да се создаде тој свет е да се напушти државата.

Работите нема да се сменат. Ова што го гледате наоколу не е од вчера. За моменталната ситуација не е крив ниту Груевски, ниту Бранко, ниту било кој пред нив. 
За циркуз од овие размери потребен е заеднички труд. Заеднички труд наречен неколку децениско донесување на лоши одлуки. Неколку децениска неспособност да се донесат долгорочни одлуки. Неколку децениско работење на било која владеачка гарнитура со единствена цел - да се добие уште еден мандат.

Власта гледа како да го добие следниот мандат. Сите донесени одлуки се базираат на таа крајна цел која секогаш ги оправдува средствата.
Народот гледа како да ја добие следната плата. Сите донесени одлуки се базираат на таа крајна цел која секогаш ги оправдува средствата. 
Власта ќе го продаде својот народ за да ја оствари својата цел.
Народот ќе ги продаде своите деца за да ја оствари својата цел.
И власта и народот се идиоти. 

Не сум слеп.
Ја знам ситуацијата со медиумите.
Ја знам моќта на полицијата.
Ја знам агендата на Албанците. 
Ја знам заинтересираноста на големите сили за нашите маки. 
Ја знам економската неодржливост на тековната политика.
И знам колку ништо од горенаведеното не е важно кога имаш празен стомак.

Еволуцијата не е случаен процес. Еволуцијата има јасно дефиниран правец. Еволуцијата се движи во насока на обезбедување статистички поголеми шанси за преживување на потомокот во зависност од надворешните услови. 
Ако опстанокот на твоите деца зависи од излегување на протест, тогаш еволутивно си предодреден тоа да го направиш.
Ако опстанокот на твоите деца зависи од одрекување на твоите права како човек, тогаш еволутивно си предодреден тоа да го направиш.
Ако опстанокот на твоите деца значи напуштање на оваа држава, тогаш еволутивно си предодреден тоа да го направиш.

Но, што ако имаш избор? 
Што ако можеш да не отидеш на протест и пак да ги нахраниш своите деца?
Што ако твојата работна позиција не зависи од тековната владечка гарнитура?
Што ако немаш потреба да ја напуштиш државата иако можеш?
Тогаш ти ја имаш моќта. Ти си тој што ги донесува одлуките.

Тоа не оди во прилог на нашите избраници. Моќта не е создадена за да се дели.
Затоа постои машина. Машина создадена со единствена цел - да го ограничи твојот избор т.е. твојата слобода.
Не измислувам топла вода. Машината постои откако постоиме ние и функционира доста едноставно:
  1. Искористи ги сите алатки (образование, медиуми, пропаганда, законодавно-извршна власт, уцени, убиства, ...) за да го обликуваш граѓанинот во верен поданик кој ќе нема друг избор освен тој што ти ќе му го понудиш
  2. Тие што нема да се вклопат во 1. избркај ги што подалеку.
Дали ако ја напуштам државата ќе обезбедам подобра иднина за своите деца? Не знам. Ама е нешто за што би ризикувал, бидејќи секој ден станувам се поголем песимист дека не чека светла иднина.

Епилог:
Моето размислување е најголемиот доказ дека машината одамна ја добила битката. Трагичното е што и ти драг читателу ги имаш помислено истото. И ти драг читателу при првата добра шанса веднаш би ја напуштил оваа држава.

20 March 2012

Секој буљаш што рекол дека Македонија не е земјата на иновациите е буљаш!
Генијалните умови позади забавната програма на нашите национални телевизии дојдоа до брилијантна идеја:
Зашто да се замараме со облекување купаќ, па тоалета, да учиме англиски или воопшто да одиме по некоја писта кога она што ни треба го држиме во нашите раце. 

Тоа секако е маус
Дами и господа, Бекстејџ и Модното Студио Црнокрак по иницијалниот успех на нивната "Купи коњ според слики од неговите заби" одлучија (нов ред, капс лок)

ИЗБОРОТ ЗА МИС НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ ОДВИВА ПРЕКУ ФЕЈСБУК
Бидејќи луѓето повеќе се мањаат отколку што се бањаат (@Kristijan9)

Дали сакате да бидете единствена помеѓу илјадници други? Премногу се грижите за вашиот изглед, имате гардеробер кој зафаќа половина од вашиот стан и тон фотографии кои воодушевуваат?
- Избор на убавина е ова, не конкурс за академици

Малку статистика:
  • Бројот на македонки на Facebook брои:400,600
  • Бројот на македонки на возраст од 15-25 години: 265,500
  • Мажи кои треба да гласаат за најубавата македонка:537,040
 - Има многу македонки на ФБ, се што е под 15 е мало, се што е над е грдо
 - Има повеќе мажи, меѓутоа не се поделени по возраст бидејќи сите мажи од 7 до 77 години сакаат да гласаат за 15 годишно девојче

Да ја разгледаме Фејсбук апликацијата:

Уште не почнати ме молат за лајк

Основните информации најверојатно за да видат дали сум машко и треба да мањачам или женско и треба да се слика.
Да ми праќаат мејл најверојатно за да ме информираат што прилози ќе има во следната емисија на Бекстејџ.
Да постираат наместо мене во случај да заборавам секојдневно да ги спамирам моите пријатели.


Можам јас да прикачувам слики? Нели ви дадов дозвола да проверите дали имам патлак, зашто не го искористите тоа? Зашто секој што ќе стигне може да става слики.
Ајде да пробаме, ќе ја ставам "Чај са Медом" сликата откако ги прочитав правилата за користење кои на кратко се каков и куршлус (краток спој на германски) да се случи, тоа е без исклучок ваша вина и организаторот не презема никаква одговорност.

Обичен момак
Мис на Македонија
Драги читатели! До сега го читавте овој блог, можеби се забавувате, можеби научивте нешто ново, можеби се навредивте ако сте од Аеродром и/или имате тетоважа и сигурно не променивте ниеден став поради пишуваното.
Дојде време кога треба да ми помогнете и тоа не да станам КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА туку

МИС НА МАКЕДОНИЈА ФЕЈСБУК 2012 (со следење на инструкциите во линкот)

Моментално сум на 328 место, меѓутоа мислам дека можеме да постигнеме многу повеќе додека не ме дисквалификуваат.

Најверојатно до сега веќе се запрашавте како изборот на МИС НА МАКЕДОНИЈА ФЕЈСБУК 2012 го решава спорот со името?
Зашто да додаваме географски одредници кога можеме да додадеме социјална одредница!
Република Македонија, Фејсбук


Не ви се допаѓа власта? Не ви се допаѓа тоа што Калиопи оди на Евровизија? Не ви се допаѓа тоа што Боки 13 сеуште има македонски државјанство?
Само еден лајк не дели од решавање на сите проблеми! Вива ла Бекстејџ, вива ла Револуцион!

Епилог:
Прашање на време беше кога организаторите ќе приметат дека неко меѓу нама није наш и ќе ме отстранат од изборот. Тоа се случи откако собрав 194 гласа кои ми го донесоа заслуженото 15-то место :)))

Ivan Medo Dimoski ain't nothing to fuck with
Меѓутоа ова беше повеќе од забава. Ова демонстрираше дека изборот за Мис нема никаква врска со убавината и личноста (а очигледно и полот), туку способноста кандидатите да собираат гласови преку масовно спамирање.
Тука се виде моќта на социјалните мрежи каде што огромен дел од моите пријатели споделуваа и молеа за гласови за да докажат колку сето ова е ретардирано.
На нив сум им вечно благодаран, се надевам дека се забавуваа!
Македонија секогаш си имала проблеми со изборите, дали се тоа парламентарни, претседателски, евро-атлански, евровизиски, избори за убавина итн. Се надевам ова ќе го искористиме како негативен пример и ќе престанаме да ставаме кандидати на кои не им е местото на тие избори!

Што и да следи после епилогот:
Денес ги објавија 10-ти финалистки на изборот за Мис на Македонија преку спамирање на вашите другарчиња.
Можете да забелешите дека првата победила со 2,472 гласа. Погоре во текстот стои дека Македонија има 537,400 мажи и 400,600 жени кои може да гласаат што доведува до заклучок дека дури 0,26% од проектираната целна група гласале за првопласираната.
Браво Бекстејџ! Се гледа дека сте ултра популарни!
Јас од друга страна освоив 194 гласа пред да ме дисквалификуваат и тоа за неполни 6 часа. Тоа значи дека сум освоил 0,02% од гласовите.

За 0,24% не станав Мис на Македонија!

Можеби статистикава е малце извадена од контекст, ама не ме праќаат во Кина за да решавам задачи, ме праќаат да вратам круна! Мислите дека не можам?

Еве го газот на една од учесничките

Еве го мојот газ за 1ви Април
Поздрав!

23 January 2012

Македонец што решил да ја навива за својата држава во кафана/кафиќ во Ниш бил сексуално нападнат од страна на попалена србинка. ВИСТИНСКА ДРАМА!
Замислете ситуација: Си седите со вашиот другар во нишка кафана, си мезите лесковачка скара додека упатувате пцовки со политичка позадина кон противникот и оп, доаѓа конобарица која го носи колбасот што сте го нарачале и вели: "Сакам твојот колбас да се најде во мене. Исто така имам и две другарки што ќе го расположат твојот другар, гледам му се дреме некако".

Најверојатно се разменила и некоја сугестивна гестикулација
Цитирам: "Со желба да се забавуваат и да имаат уште едно интересно искуство " (читај: да ебат србинки) момците се упатиле кон станот на келнерката и тогаш се случила неверојатна кулминација - девојакта сакала да има секс со нашиот навивач!
Каков пресврт на настаните! Неверојатно! Зар такви расипикуќи се србинкиве, те викаат во стан да се забавувате со две цимерки и после сакаат да имаат секс со тебе.
Сакам одговор на следниве прашања:
  • Што очекуваше бе брат да се случи?
  • Колку е тешко да земеш клуч од девојка?
  • Што правевте 3 саати во соба додека траеше хоророт?
  • Зашто другар ти кој е во другата соба со цимерките спие?
  • Зашто повторно си легнал со неа откако се смирила првиот пат?
  • Како другарот успеал да ја разубеди напалената келнерка откога се разбудил?
  • Зашто на ваков стил е напишана статијата?

И сонцето да пука мене сепак ми се дреме

Сфаќам, девојата што ти изгледа привлечна додека си пијан, може да е караконџула кога ќе се отрезниш, ама има повеќе начини како да се справиш со ситуацијата без притоа да те има на интернет:
  • Биди маж и пружи и го најпросечниот (има градација зборов?) секс што некогаш го имала
  • Ако поради Х причини не можеш/сакаш да имаш секс со неа, земи го факинг клучот и кидавела во туѓина

30 November 2011

Во вчерашното издание на Вест осамна вест дека Македонија наскоро ќе добие свој крал. Македонскиот народ како и секогаш ваквите новини прима со доза на сомнеж. Секако под доза на сомнеж подразбирам масовно јадење гомна на социјалните медиуми (читај коментари).
Лично сметам дека ова е една од погенијалните идеи, рамо до рамо со аукцијата на свети лопати и затоа планирам да се кандидирам кога ќе се објави конкурсот!
Еве зашто би бил совршен КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА:

п.с. Не бидејќи ги копирам cracked.com
Надополнување: Неколку дена пред најголемиот цигански празник Ѓурѓовден, Вест објави дека кралската свадба се откажува! Немало ниту пријавени, ниту пари.

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff