Вчера го слушнав муабетот кој веќе го имав во мојата глава, меѓутоа никогаш не ги споив малите делчиња. Моментот на откровение кога ќе ја погледнеш таблата со сите залепени картички и исечоци од весници и сфаќаш дека Кили е Кајзер Созе!
|
Будалата кој цело време е мозокот на операцијата |
Слушнете ја приказнава.
Човек. Има рак. Знае дека ќе заврши како неговите родители. Решава тоа да го искористи.
Ви звучи познато? Можеби затоа што е.
Breaking Bad,
Saw и
секој филм од листава се дел инспирирани од големите дела кои е способен да ги направи човекот кој си го знае крајот.
Кили не го фатија. Кили дозволи да биде фатен. Дозволи да биде маченик за да го направат светиња. Но зашто?
За да стане заштитното лице. За да стане ликот кој во некоја среќна иднина ќе го гледате во декриминализираните кофи шопиви како човекот кој умрел за нашите кривични дела. За да го почне движењето.
Се е тука. Харизматичен борец за легализација кој има сериозна болест и никогаш во животот не бил насилен. Брат кој знае дека љубовта према семејството е поголема од било кој закон. Корумпиран систем на специјални единици кои го продаваат тоа што се платени од парите на народот да го спречат. Како да не го сакаш Кили? Ова е филмски рецепт за успех.
Погледнете ја
групава. 5500 луѓе од кои несомнено повеќето знаат дека законски Кили е криминалец и дебело ќе го јаде и дури системот да не е крајно исполитизиран, ја дале својата поддршка затоа што можат да се поврзат со неговата приказна. И илјадници други
твитнаа на темата, направија
мемиња, го споделија своето искуство, искуствата со другите земји кои успешно ја декриминализирале и одеднаш марихуаната не е оној
демон кој одзема животи, туку нешто за кое правиме заебанции затоа што е забавно.
Дента кога го уапсија Кили за прв пат разговарав со моите родители за здравствените, економските и социолошките придобивки и ризици од
рекреативната и
медицинската уптреба на марихуаната. Многу луѓе го направија истото. И тоа е аманетот што го остави Кили. Тоа што се случува во вистинскиот свет е сосема различно од онаа реалност која сакаат да ја наметнат нашите избраници преку масовните медиуми и крајно време е да поченеме да разговараме на таа тема. Затоа го читате овој пост, затоа што планот на Кили успеа. Затоа и вие треба да споделите!