16 December 2013

[Рандом] Сподели среќа

 

Здраво читатели. Долго време не сум напишал статија и знам дека ви фали средношколскиот хумор, сексуалните референци и очигледните, очајнички обиди да се допаднам на спротивниот пол.
Епа ќе продолжи и понатаму да ви фали бидејќи го баталив блогот за сметка на TweetsPie, но секогаш ќе се навраќам кога ќе има добра причина за тоа. А сега има одлична причина да напишам една статија:



2013 беше одлична година за мене. Работев на супер проекти, запознав тон супер кул луѓе, ги слушав System of a Down во живо, пишувавме емисии, гостувавме во емисии, гостувавме во ВЦ-ња, оформивме супер TweetsPie тим, се радувавме кога апликацијата победи на Droidcon Eastern Europe и Mobile App Camp, се радувавме и кога ја објавија во Forbes (Хрватска), The Next Web и Life Hacker. Со еден збор имаше многу работи за кои бев среќен (не е еден збор).

Но среќата не значи ништо ако не ја споделиш.
Претпоставувам сте слушнале за Лице в Лице и нивната иницијатива "Израдувај дете на улица". Ако не еве мал поттик да го направите тоа. Дечките и девојките од Лице в Лице соработуваат со Дневниот центар за деца од улица во Шутка и ги имаат собрано новогодишните желби од децата што се таму. Останува на вас да бидете нивниот Дедо Мраз.
Желбичките им се многу скромни, повеќето сакаат да добијат новогодишно пакетче, ранец за во училиште, да погледнат некој филм во Синеплекс и најважно од сѐ да се почувствуваат дека не се заборавени од општеството. Вас нема да ве чини речиси ништо, а на дечињата ќе им значи многу.
Затоа пишете им порака на Лице в Лице, информирајте се за акцијата и придружете ни се во сабота, да поминеме едно пријатно попладне со споделување на среќа :)))
 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff