Ви текнува на времето кога моите статии ви беа супер мега интересни и едвај чекавте да објавам нешто ново? Епа тоа се должи на "твоето гомно никогаш не мириса, освен ако не искочиш од кенефот за да отидеш до соба и да го земеш мобилниот кој си го заборавил и повторно се вратиш назад" феноменот.
Остатокот од сагата тука. |
Поентата ми беше, на времето напишав една статија за работи кои треба да изумрат. Епа еве продолжение:
7. Тексас кошули
Ништо не кажува "Израснав во 90-тите и тогаш е последниот пат кога сум го ажурирал мојот вкус за облека" како носење на тексас кошула. Иако не се однесува глобално, тексас кошулите асоцираат на едно безгрижно време каде што во Македонија се слушаа Backstreet Boys или ако си ептен хард кор No Doubt.
Сите девојки го сакаа вториот од десно и се плашеа да не ги силува првиот од десно |
Бидејќи сега е тренд да си или патриот или соросоид, но никако комуњар, носењето на едно такво обележје на генерација порасната со евтиното млеко на Анте Марковиќ се смета за неприфатливо исто како што се смета за неприфатливо ставање на две загради за потребите на смајли:
- :) - прифатливо
- :)) - неприфатливо
- :))) - прифатливо
Исто така ова се однесува во главно за машки.
6. Baby on Board
Ах, радоста да се биде родител. Тие меки, слатки, убавки, вкусни пилешки прсти што ги јадам во моментов ме потсетија да се заблагодарам на моите родители што не ставиле налепница со мојата фаца на гепекот од нивната кола.
Ооо твоите родители те крстиле како митското суштество од кошмарите на морепловците, swatko! |
Можеби грешам, но сметам дека тие родители се најлошите родители што можат да постојат. Зашто имате потреба да го информирате возачот зад вас дека имате дете? За да биде повнимателен и да не ве учука од позади? Никој факинг намерно не сака да ве удри! Таксистот што ми влезе пред Х време не ми рече: "Се извинувам млад господине, ама забележав дека немате дете со Вас во автомобилот и нагазив на гас наместо да стиснам сопирачка". Доста културен таксист сега кога ќе размислам.
Срања се случуваат, а налепницата со сликата и името на вашето дете нема да ја намали нивната фреквенција. Тоа што ќе направи е, ќе ми даде до знаење дека детето го третирате како трофеј, нешто со што се фалите дека сте успеале во животот во отсуство на кажување на нешто паметно. Затоа го облекувате детето во Окаиди или му купувате скапи часовници. За да го покажете пред пријателите, а не дека му треба факинг саат на детето.
5. Рамки за слики
Замислете ја радоста што ја чувствува славеникот кога ќе го отвори поклонот спакуван како Леонидас бонбони и ќе види дека сте му купиле...wait for it...рамка за слики.
Замислете ја радоста што ја чувствува славеникот кога ќе го отвори поклонот спакуван како Леонидас бонбони и ќе види дека сте му купиле...wait for it...рамка за слики.
Која доаѓа со рандом среќно семејство |
Како воопшто преживеал славеникот до сега без слика од неговите најмили моменти овековечени на слика и закачени над неговиот кревет или работно место? А да, факинг 21 век сме, имаме Фејсбук или уште 20.000 други сервиси за споделување на нашите фотографии со нашите пријатели или случајни мањаци кои виделе полу-провокативна слика.
Ако ми речете дека рамките за слики имаат сентиментална вредност тогаш најверојатно сте хипстери и/или се' уште немате timeline на Фејсбук бидејќи сте малку назад со времето.
За оние кои се во тек со времето, но си почитуваат врамување на сликата од последната свадбена свеченост на која присуствувале и која поради некоја причина чини 150 денари еве го најоптималното решение:
Ако ми речете дека рамките за слики имаат сентиментална вредност тогаш најверојатно сте хипстери и/или се' уште немате timeline на Фејсбук бидејќи сте малку назад со времето.
За оние кои се во тек со времето, но си почитуваат врамување на сликата од последната свадбена свеченост на која присуствувале и која поради некоја причина чини 150 денари еве го најоптималното решение:
USB рамка - бидејќи ништо повеќе не говори дека не ја разбираш технологијата |
Исто така оптимално е веќе во суперлатив, најоптимално не постои.
4. Боксерки
Ви текнува на оној краток период кога сите машки и женски ги носеа најодвратните можни обувки после машка шпиц ципела?
Боксерки, не боксерици |
Постои многу прецизна наука според која еден човек може со голема сигурност да процени каде друг човек живее судејќи според неговата облека:
- Тренерки како кежуал варијанта = Аеродром
- Шатирана коса = Нерези
- Копач = Ѓорче
- Искинати/избледени фармерки = с.Лисиче
- Се' што ќе видите тука = Ценар и малце во филм
Секако ова не е прецизна наука, сигурно има некој симпатизер на Момчињата од Градскиот Парк што си се шуња по град со тренерки, ама без исклучок кога некој ќе ве види како носите боксерки ќе помисли дека сте од факинг селo или најголемата приградска населба што постои. Ако веќе сакате да бидете сељак барем носете такви наочари, помалку боде очи. Уствари чекај:
3. Селски наочари
Втор најголем индикатор после редовно пишување статии на блог за практично непостоечки сексуален живот е изборот на очила што еден маж/жена може да ги носи:
Брадата доаѓа комплет со наочарите |
Сељачизмот доаѓа комплет со наочарите |
Аман, дајте нешто нормално да видиме |
Ха! Ама сериозно... |
Фак! Боно, најголемиот хуманитарец што никогаш не помогнал |
Или уште подобро, научете нова игра за пиење. Одете низ градскиот парк на особено сончев ден со флаша ракија и пијте една голтка секој пат кога ќе видите некој/а со селска наочара. Ветувам многу интересно ќе ви помине попладнето. Исто така ќе се шетате во парк со флаша ракија.
2. Честитање преку социјални мрежи
Најнезначајното нешто што може да ви се случи е да станете на денот на вашиот роденден и да видите 500 пораки на вашиот профил кои варираат од крајно неинвентивни како "Среќен Роденден", до крајно инвентивни како "С.Р."
Освен родендени се организираат и спонтани собири на голема маса луѓе |
Ако сте шупци како мене ќе одговорите само на тие што се потрудиле да ви пишат порака, во спротивно ќе треба на сите да ставите лајк или не дај Боже да прокоментирате нешто на нив во стилот на: "ЧД хахаха фала брат, се надевам дека не го сфативте сериозно муабетот од вчера дека сакам проститутка за роденден бидејќи имам женска. ЧД пијана работа!"
Меѓутоа зашто да се ограничуваме само за честитање на родендени. Социјалните мрежи се одлично место за:
- Честитање на верски празници
- Честитање свршувачка, брак, крштевка, паѓање на паричето
- Честитање на матура/дипломирање (иако во последно време се матурантот/дипломецот пишува и луѓето ставаат лајк)
- Честитање на роденден на твоето милениче или твојата локална теретана
- Честитање годишнина откако прв пат сте се поукнале.
Тоа мора да престана. Тоа што во горниот десен агол пишува на кого му е роденден, не значи дека треба да му пишеше на ѕид туку да го дигнеш телефонот или уште подобро да одиш кај него/неа на пиво/трач.
1. Домашна аптека
Не знам дали е исклучиво македонски феномен, ама јас дома имам мини аптека. Витамини, минерали, анти-биотици, анти-хистамини, анти-депресиви, сушени травки, волнени чорапи, оцет и катаљон други работи со поминат рок за статистички незначајната шанса да се заболам нешто што ќе искочи дека не е Лупус.
Вау Медо, направи Хаус референца. Кажувај ми колку си паметен. |
Два пати ми ја обиваа куќава џанаци бидејќи мислеа дека мајка ми чува метадон за секој случај. Барем да чувавме нешто што реално ми треба во животот (пр. Вијагра).
Најретардираното нешто што можете да го направите после само-дијагноза е само-препишување на терапија. Зашто тогаш дома факинг чуваме доволно седативи за да се успие (воин на) коњ? Зашто секој пат кога патуваме на место подалеку од 200km од нашиот дом мора таа мини аптека да ја набутаме во нашите куфери? Нема секој пат кога ќе одам во Охрид да фатам пролив. Барем не од храната/водата. А дали може да се добие пролив од охридските угостители ќе видиме во една од следните статии.
Најретардираното нешто што можете да го направите после само-дијагноза е само-препишување на терапија. Зашто тогаш дома факинг чуваме доволно седативи за да се успие (воин на) коњ? Зашто секој пат кога патуваме на место подалеку од 200km од нашиот дом мора таа мини аптека да ја набутаме во нашите куфери? Нема секој пат кога ќе одам во Охрид да фатам пролив. Барем не од храната/водата. А дали може да се добие пролив од охридските угостители ќе видиме во една од следните статии.