Поминаа 7 дена од новата година, воопшто не сме поблиску до остварување на зацртаните планови, не ни се падна паричката, немавме секс, но да не биде се така црно, качивме некое кило од прославите, кафаните и руските салати.
via Шуле |
Бидејќи во Македонија не се поштува Гоа трансот, тоа што ќе го слушнете во локалите кои не можат да се карактеризираат како хипстерски/наркомански дувла е нешто што веќе сте го слушнале милион пати и секој пат кога повторно ќе го слушнете сакате веднаш да го напуштите, ама не го правите тоа бидејќи надежта (за лапање) последна умира.
Во секој случај еве што под итно треба да се исфрли од репертоар:
6. Ван Гог - Неко те има ночас
На времето кога летата се поминуваа во кампови, постоеше едно митско суштество кое знаеше да свири 4 акорди, го собираше целиот камп и свиреше на гитара додека не дојде "Неко те има ночас" на ред, по што следеше масовна лапанка.
И тоа е се кул, се додека се случува на плажа во Андон Дуков и следи пијано лапање после тоа. Апсолутно не е кул да ја слушам секој пат кога ќе одам на тезга и да гледам не толку свежо бричени гради со златен ланец под полу раскопчана кошула на тип што го пукнала емоција за бившата.
Чисто како потсетник, Ван Гог беа на Таксират 2012. Ја свиреа песнава. Ова беше пред месец дена. На Таксират.
5. Прљаво Казалиште - Марина
Пред да почнеме, сте забележале дека сите екс-ју бендови се именувани во форматот [придавка] [именка].
- Прљаво Казалиште
- Црвена Јабука
- Рибља Чорба
- Бјело Дугме
- Забрањено Пушење
- Електрични Оргазам
- Парни Ваљак
- Плави Оркестар
- Атомско Склониште
- Ван Гог
Замислете ја потребат за скокање од прозор што ја добивате секој пат кога ќе пуштите радио и ќе ја слушнете Rhianna - Diamonds.
Истото случува кога случајно ќе се најдете на свирка на Бени и ќе почне да ја пее Марина и 20 мушкарци ги вадат телефоните за да ја посветат песната на некоја си Марина. Фак дет шит. Песнава треба да се забрани со закон. Репертоарот на Бени треба да се забрани со закон. Уставот на Република Македонија е поподложен на промени отколку репертоарот на Бени. Некои работи треба да се остават во СФРЈ (и очигледно во Струмица 2012).
4. Ејми Вајнхаус - Валери
Уште една песна именувана по девојка. Ова е песна која старите тезгари ја убацуваат во репертоарот за да го освежат. Ејми се обиде да го достигне Кит Ричардс. Не успеа. Мислам дека не е задолжително секој викенд да го величиме нејзиниот труд со тоа што ќе слушаме исклучиво една, поконкретно оваа нејзина песна.
3. Кингс оф Леон - Секс он фајр и таа другата
Кингс оф Леон имаат две песни. Коледарската Секс он фајр и уште една што искочи доволно брзо после првата за да се изгага на иницијална слава. Не знам апсолутно ништо за бендов. Не знам од каде се, колку години прават музика, како им звучат останатите песни, но дефинитивно дека јоур секс из он фајр! Ајде да бидеме ватрогасци и да го изгасиме овој пожар.
2. Атена - Фор ријл
Колку од вас без да гуглаат знаат да ги запеат рефрените на двете песни со кои Каролина не претставуваше на Евровизија?
А колку од вас го знаат целиот текст на памет од евровизиската песна на Турција од факинг 2004 година? 9 години подоцна, оваа песна се' уште се слуша по дискотекиве низ Македонија. Мислам има логика, 2004 година е последниот пат кога мојата генерација покажала интерес за ова музичко натпреварување и бендовите сакаат да свират нешто што им е однапред познато на публиката. Затоа песнава има 12М прегледи. Комбинира нешто што возрасен човек не би го слушал (Џастин Бибер) со нешто што возрасен човек веќе го слушал (Слипнот), но за разлика од тезгарите ја менува формата.
1. Бајага - Мои су другови
Песната во теорија претставува химна на сите мажи кои затепале долги врски и се собираат еднаш на три месеци во "машка" кафана да се потсеќаат на деновите кога соодносот коса/стомак беше во инверзна релација. Во пракса е вовче на свадба или на Пиволенд 2012.
0. Секоја песна што ќе ја пишете во коментари
Бидејќи никогаш не се шест. Среќна Нова 2013!