14 February 2013

[Рандом] Изложба на програмерско задоволство

 
Го прочитав овој блог пост. (мора да го прочитате за да ви биде интересно тоа што следи)
Се запрашав зашто мене не ми се случуваат вакви работи. Ми текна. Програмер сум. Еве како би изгледала мојата варијанта:





Беше 19:05 GMT+1 часот. Бев готов да тргнам изложбата, требаше само да ми се префрлат некои податоци на USB. Што ќе ми USB 3.0 порта кога стикот ми е USB 2.0. Трансфер на податоци од 14MB/s е неприфатливо во 101-вата година од раѓањето на Алан Тјуринг.

Знаев дека ќе задоцнам. Помислата на нејзиниот регуларен израз за валидација на кориснички сметки и фактот дека ќе ја видам на изложбата правеше да се чувствувам нервозен. Ја облеков мојата Richard Stallman маичка, фармерките што ги носев на работа истиот ден и побрзав да се симнам пред зграда каде што ме чекаше Тони.

До галеријата имаше 45 минути вожња. Ја отвараше бившиот менаџер на Тони. Нивниот договор за вработување на неопределено време траеше 4 години и беше прилично бурен. Неплатено прекувремено работење, неодобрување на годишниот одмор во посакуваното време, клевети, заканувања и судски спорови. Срање до срање, ама мора некако да се вади лебот и плус најдобар код куца додека е под стрес од крајни рокови. Му кажував за кодот од типката што го читав на Bitbucket и како ја додадов во acquaintances на G+. Немаше многу слики од себе, но изборот на frameworks за нејзините проекти кажуваше нудам колаборација, а јас бев гладен за колаборација.

Застанавме попатно во Тобако за да проверам колку пари имам на кредитната каричка и да извадам 900 денари. Така правам за да ми даде ситно т.е. една 500-ка и четири 100-ки.

Влеговме во галеријата, каде што беа изложени најновите модели на Alienware. Дојде менаџерот на Тони, ми се извини и го замоли да се тргнат на страна бидејќи нашол некое проектче, малку работа, многу пари, нема прекувремено и ми требал тим лидер. Новиве деца немале доволно искуство. Јас се шетав низ галеријата и тогаш ја загледав. Знаев дека таму ќе ја најдам. Кај најдобрата машина, најновиот i7 QuadCore од Intel, 16GB DDR3 RAM на 1600MHz, Nvidia GeForce со GDDR5 RAM.

Разговараше со некои самопрогласени JavaScript нинџи. Не изгледаше импресионирана. Знае таа дека секој сериозен дечко би избрал објектно-ориентиран јазик пред скрипти. Ја идолизирав. Сакав да и го форкнам репото.

Ме прашуваше некои прашања за интеграција на Android проекти со Maven и кои plugins ги користам за надминување на проблемот со автогенерирањето на gen фолдерот. Одговарав со кратки, нејасни одговори.

Ми даде непристоен предлог. Ми рече да ги оставиме овие клиентски машини и да се качиме на втори спрат каде што се случува вистинската магија. Влеговме во собата каде што се чуваат серверите. Од ладниот воздух од системот за ладење, нејзините брадавици се стврднаа. Од нејзините брадавици се стврдна и мојот диск. Ја посакував како конкурентна нитка што го посакува споделениот ресурс. Сакав да ја искористам како што TCP протоколот го искористува расположливиот bandwidth. Го издавив мојот таблет. Таа нежно почна да го допира мојот HD Super AMOLED екран. Повеќе не можев да издржам и и' реков "Ајде да го рутнеме". Извршувавме adb команди како животни, гладни за super user access, ги допираше моите аплиакции, ме излудуваше, набиен програмерски електрицитет. Беше експлозивно, двајцата бевме во програмерски занес.

По повеќе од половина час се вративме во долниот кат полека движејќи се кон барот. На двајцата ни требаше Цедевита, задоволни, насмеани и максимално рутирани. Се заследивме на GutHub и се поздравивме. Стоев гледајќи како си заминува во нејзината Google Code Camp маичка.

Погледнав во виџетот на хоумскринот на телефонот од една жена и решив да го побарам Тони за да му раскажам за моето програмерско задоволство. Го најдов како разговара со Apple fanboy. Изгледаше среќен и задоволен. Изгледа договорил тезга.

Заминавме кон ходникот да ги земиме нашите палта, задоволни од вечерашново излегување, нетрпеливи да си ја раскажеме вечерта. Излеговме на паркингот пред музеј, смеејќи се, влеговме во колата, пуштив The Lonely Island и тргнавме кон дома, зборувајќи за случувањата од возбудливата вечер.




 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff