27 December 2011

Сите ние знаеме дека Дедо Мраз не е чудниот чичко што чмае на плоштад облечен во традиционален црвено-бел костим, со фејк брада, најчесто изместена поради лабавиот јасно видлив бел ластик што ја држи и Најк/АдиБас патики умацани во кал. Овој чичко работата или неговите поттајно скриени желби го натерале да гушка и да се слика со дечиња , мајки, во некои поекстремни случаи и со татковци . Тоа не се ниту пак неговите “близнаци” со светкави новогодишни капчиња на батерии и кој најчето се без брада, со значитечно потемен тен и шиткаат: филмови, лампиони, сијалички, гаќи, ласери, ПЕТАРДИ, БОМБИ, РАКЕТИ и сл. Дедо Мраз е единствениот фиктивен лик што ужива поголем светски статус и риспект од Принц Чарлс и неговата посилна половина Камила (женава има далеку више тестестерон). Инспирацијата за негово создавање потекнува од маркантноста на ликот и делата на епископот Св. Николас, за да подоцна големите мозоци на Кока-Кола ја искористат идејата, и на јавноста успешно и ја претстават нивна замисла за изгледот на светски познатиот Дедо, како и фактот дека неговиот омилен пијалак е токму нивниот најпознат продукт (се прашувам зашто?).
Сето тоа не значи дека е ставен крај на имагинацијата која уште од најмали нозе е наш сојузник и дека неговиот изглед треба да го прифатиме онаков каков што ни е сервиран.



Во зависност од домашното опкружување, профилот на родителите (дали служеле робија како дрогираш/ка, проститут/ка, убица/ка :D или не) и нивното образование, коишто најчесто правопропорционално зависат од квалитетот на општесвеното опкружување во кое што ја формирале својата личност,  визијата за Дедо Мраз што нивното чедо ќе си ја создаде во младото наивно мозоче во некои сегменти се разликува до ЕКСТРЕМНОСТ.
Некои можеби го замислуваат црн, како карбо медициналис во дроп-топ Кадилак заедно со Рудолф, коj кружи низ гето делејки PlayStation Portable наместо да троши муниција за драјв бај бидејќи е Christmas Time, други како Џет Ли, јавачот на змејолики Рудолф со здив како pламенобацач,  коси очи, нунчаки на појас, катана на грб, петарди во џеб и ориз меѓу забим, трети како Зина од Херкулес, со аутфит на Playboy зајачица (купачиот костим на Борат) која "јава" минотаур со глава на Рудолф а тело на кенгур from the land down under итн.


Како што созрева личноста имагинацијата најчесто губи од бујност и по одредени теми делумно се генерализира. Но за да не биде се така еднобојно, колоритот се зголемува благодарение на природниот ТРИПИНГ-момент кај одредени индивидуи што е далеку поголем и од ноктите на оваа жена:


И покрај тоа што изреката “милион људи, милион чуди” е толку на место , за одредени категории на луѓе не треба да бидете некаков си профоња (што би рекол Медо) како Нострадамус или Ванѓа за да предвидите што би нарачале едни од најпроѕирните категории на луѓе во нашево општество:

25 December 2011

Сте се запрашале некогаш зашто Марјан во своите видеа има богат, размазен лик што се вика Леон? Или зашто порано имаше многу повеќе рапери? Или зашто типот не ти се јави да се видите повторно?
Џабе 500 бесплатни минути од ВИП
За последното немам одговор, ама за останатите одговорна е масата т.е. луѓето кои нит се богати нит претерано интелигентни.
Еве неколку трендови кои масовно зависат од масата:

20 December 2011

Денес беа објавени победниците на натпреварот Сајт на Годината 2011. Реакциите се движат од "најголемиот дебакл" и "епски неуспех" според Твитер заедницата, до "***СНЕЕЕЕЕЕГ**** XDDDDD" според заедницата на Фејсбук.

Сме си ја научиле веќе работава
Меѓутоа во лавината на реакции пронајдов еден твит од @vldmrk што ме натера да поверувам дека моите во вечерата ми ставиле LSD.
Мислевте куќата или креацијата на влез во Скопје на Роџер Фемили се кич?
Добредојдовте на http://rogerinfinity.com.mk/ (ВНИМАНИЕ: Веб страницата содржи ефекти кои можат да предизвикаат епилептични напади)
Почетната анимација ни прикажува едно епско дело за постанокот на сводот на неговата куќа на кое и Стенли Кјубрик може да подзавиди. Флеш рамката е јасно одвоена од статичката позадина за уште од старт да се расчистат сите заблуди дека реален труд е вложен при изработката.
Кога ќе кликнеме enter, од ѕвездите одиме во облаците (сум и се пуштал на девојка со овие конкретни зборови), каде што има некои сфери со пирамиди кои најверојатно ќе те штитат од штетното зрачење ако ги ставиш пред телевизор . Бидејќи нема никаква индикација за каде ќе одам ако кликнам на било која од нив (всушност има ако доволно долго го држите покажувачот врз сферата додека не се заротира пирамидата), одиме по редослед од горе надоле:
  • Откако ќе се вчита страната со трета по ред различна анимација, се префрлуваме на КОНТАКТ страната со рок музиче 
  • Втората сфера ќе ве однесе на СЛИКИ делот т.е. pdf датотека во која на 141 страна е детално опишана неговата куќа и неговото животно патешествие со соодветен превод на англиски (- "Hey, Zoki, do you know what happened yesterday? Pero and I played football and the ball strolled down to a bush. When trying to get the ball out of there, we found the record book wrapped up in a blue cover.")
  • ЗА МЕНЕ делот е своевиден музеј каде што се прикажани емисиите во кои настапувал, весниците во кои го имало и наградите кои ги собрал за особен придонес во кичот
  • Главната функционалност е во последната сфера - БЕСКОНЕЧНОСТ, каде што откако ќе порасне дрвото од македонското сонце (длабока симболика), можеш да си играш со гранките (посебен спрат), листовите (слики) или ако имаш самоубиствени нагони јаболките кои (најверојатно) ќе ти прикажат видео од лифт или ентериер
Роџер фамилијата со години си го тера овој "стил", не верувам дека нешто многу ќе ги погоди јавното мислење или здравиот разум бидејќи имаат повеќе кеш отколку Твитер хејтери.
Исто така ако сакате журка и статистички многу мала шанса да легнете Словенец/ка, погледенете ја понудата за предновогодишна журка во Роџер Пијано.

18 December 2011

Сите ние сме пораснале во 90-тите. Освен тие кои не се родени во 80-тите.
Најголемото достигнување во мојот развој беше кога сфатив дека "Кучето Мое" од Студени Нозе (spoiler alert) не се однесува на домашното милениче.

Затоа се чудеше вујко ми кога прашував дали птичарот на јајца му спие.
Откако малку прочепкав по YouTube, сфатив дека денешните спотови се ужасно лоши во негативна смисла на зборот за разлика од оние од 90-тите кои се ужасно лоши во најпозитивната смисла на зборот.
Не ми верувате? Погледнете:

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff