09 April 2012

Судејќи според Скопје Ремиксд, времињата се менуваат и тоа на полошо. Апсолутно се согласувам со тоа, но наместо за дрога денес ќе разговараме за одредени западни трендови кои како преку ноќ се инкорпорираа во нашето секојдневие. Слично како зборот инкорпорираа.
Порано беше многу полесно, завршуваш со образованието (најчесто средно), знаеш некој што работи некаде, со негова препорака се вработуваш и почнуваш од нула. 

Денес ова е случај само во државната администрација.
Останатите кои немаат партиска книшка, роднина на висока позиција или неверојатна и речиси невозможна среќа да се вработат без првите две мораат да поминат низ неколку интервјуа и ригорозна селекција налик Монти Пајтон.

Не можам да разберам дали сите тие финти што ги прават експертите од HR имаат реално мерлив резултат што е подобар од верување на инстинктот или не дај св.Димитријо преку случаен избор, ама се надевам дека ќе испровоцирам некој доволно за да ми објасни во коментарите.
До тогаш еве неколку идиотски одговори на идиотски прашања:

03 April 2012

Се будете сонливи?
Не ви се оди на работа?
Имате главоболка во деновите кога немате добиено?
Чекате 15 минути да ви врати на порака во инбокс, а очигледно е онлајн?
И не бидејќи само што сте станале, шефот ви е кретен, досаден ви е сексот или соговорничката се прави пичка, туку бидејќи живеете врз подземни води!

Slap my ass and call me a bitch!
Подземните води се опасни како римите на Ронин во Бонус Трака и според оваа екстремно долга, многу досадна и ужасно грда на изглед статија, зрачењето од подземните води т.е. Геопатскиот стрес е причина за секој рак што некад постоел. Исто така за твојата неверојатна способност на секои избори да го правиш погрешниот избор.
Пред да објасниме зашто моите тестиси имаат повеќе логика од претпоставките врз кои се базира геопатскиот стрес, дозволете да ви го претставам решението:

Македонската фирма ПросторФМ во соработка со Колектива нуди групен купон (всушност не е групен бидејќи потрено е да се купи само еден производ) со кој за само 1000 денари можете да ги откриете подземните води во вашиот дом со помош на рашљи.

Во превод ќе ви се расшета дедо со чатал по куќа
И не само тоа, откако ќе увидите дека имате енергетски полиња во вашата куќа кои можеби се предизвикани од тоа што имате струја и рутер, ама може и од подземни води кои предизвикуваат рак, ќе можете да го искористите и другите услуги на ПросторФМ како Фенг Шуи или Хармонично опкружување и тоа за само 30 денари по метар квадратен.

Да се вратиме на моите тестиси. Мало гуглање откри дека техниката се вика dowsing, постои уште од времето кога Турците се привикнувале на балканската клима и најважно од се:

"A 1948 study tested 58 dowsers' ability to detect water. None of them were more reliable than chance.[21] A 1979 review examined many controlled studies of dowsing for water, and found that none of them showed better than chance results.[5] "

Дап, ова значи дека за истите пари можам да ви се расшетам гол низ куќа и таму каде што ќе ме зачеша мадето значи дека има подземни води. Исто така пософистицирани чатли се користат за пронаоѓање на бомби и експлозиви. Поефтината варијанта е фрлање на паричка.
Ама за здравје не треба да се штеди! Ако нема здравствен ризик, тогаш мора да го измислиме, како иначе ќе правиме пари со помош на гранка во 21 век?
Насекаде околу нас имаме електро-магнетни полиња. Имало уште пред да имаме сијалици и мобилни, ќе има засекогаш ќе има без разлика колку технологијата напредува, бидејќи тоа е природно срање. Скоро се е електро-магнетно зрачење, но многу мал дел од тие зрачења имаат јонизирачки ефект т.е. доволна енергија за да избијат некој електрон од атомите на вашите клетки. Искочи од јоносферата - заштитната обвивка на Земјата и ќе видиш како ќе те сјебе радијацијата во вселената. Истото ќе се случи и ако се шуњаш околу нуклеарна централа после хаварија. Единствените супермоќи што ќе ги добиеш се оние на дух што оди.
Дури и да имаат неков ефект врз нашето здравје, ефектите се екстремно долгорочни. Да не беа до сега сите што користеа мобилни ќе имаа тумори.

Меѓутоа јас сум човек што верува во Господ. Или наука беше? Како повеќето така и јас ги мешам терминиве. Ајде да претпоставиме дека сум мрзлив и не истражив доволно пред да објавам дека електромагнетните полиња од подземните води кои се во рангот на микро ампери се ретардација. Ајде да направиме предизвик! Докажете ми дека шетање со чатал и преместување на мебелот (бидејќи не можам да си ја преместам куќата во која што живеам) има било какви здравствени придобивки, со тоа што мора да внимавате:
  • Тој што го спроведува научното истражување не смее да продава производ кој го решава проблемот претставен во тоа истражување
  • Изворот не смее да биде нео-хипички, спасете ја планетата Земја, било што што содржи хармонија или кинеска било каква филозофија
  • Мора да има тест група, а не индивидуален случај за којшто е применлива, бидејќи еден случај од 6 милијарди жители е статистични занемарлив податок
  • Истражувањето мора да е објавено во легитимно научно списание/универзитет 
  • Не смеете да земете приказни од типот на сивата/проколнатата зграда во Нови Лисиче како научни тврдења
Со среќа!

Оградување: Фенг Шуи-то, бајачките, магиите, лековите, па и дел од операциите имаат изразен плацебо ефект. Тоа значи дека иако реално ништо не е променето, сменет е менталниот склоп на човекот, промена која не ретко има и физичка манифестација.
Со ова кажано, човек кој тврди дека ќе ја елиминира твојата главоболка со чешање на тестиси за одредена сума на пари, навистина може да ја елиминира, но не бидејќи тоа има реален физички ефект. Тоа е само твојот мозок кој е способен за многу чудни работи.
Дали тоа ги оправдува парите потрошени на чешање муда? 
Не, бидејќи потрошувачот е излажан.

Пред некое време пишував дека македонскиот потрошувач е овца, ја стриже кој ќе стигне. Живееме во информатичко општество, ако доволно си напреднал да го внесеш бројот на твојата кредитна картичка на страна за групни попуст, пробај да внесеш и малку скептицизам во облик на гуглање на производот.
Џабе технологија, ако немаш ронка здрав разум!

02 April 2012

Дојде најубавиот месец во годината Април (прев. хрв. Травањ). Месецот на јарецот или бикот, месецот кога Тони Зен ќе го извади Тоблеронето и месецот кога треба да подразмислите како ќе изгледате кога ќе се буткате во гужва за да го фатите бидермаерот.


Имам среќа (?!) да имам голема фамилија, па одам во просек на две свадби годишно. Не ни можете да претпоставите на колку свадби сум бил во последниве 10 години!
Преку сите тие марифети добив доста големо, претежно теоретско знаење за како може да фатите женска на свадба и бидејќи паталец е поголемо или еднакво (>=) на гаталец еве ви неколку практични совети за како да го искористите пијанството на постарите во ваша полза:

(Советите иако се наменете за мажи, универзално се применливи бидејќи потребни се двајца за танго, секогаш е најтемно пред зората, после дождот сонце изгрева, Паоло Коељо)

01 April 2012

Нема жена на светот што не мисли дека Хју Џекман е поим за тестостерон пута миљон. (хипербола, ама слободно бидете буквалисти и пишете во коментарите дека има таква жена)

Мислам види го
Како електро инженер, не ми е тешко да соберам 2 со 2 т.е. ако се маскирам вечер во Хју Џекман како Вулверин ќе фатам женска. Логично, нели?

Која женска не би сакала да ја боцне Вулверин
Ако изгледав како Хју Џекман немаше да ми треба маска, па бидејќи ни брада не може да ми порасне како што треба решив да се маскирам во стрип верзијата на Вулверин.

Бидејќи полесно е да купиш жути пижами отколку да направи тело како Хју Џекман
Еве што ви треба за и вие да си направите Вулверин маска за ефтини пари:
  • Жути пижами или хеланки+маичка
  • Жуто капче
  • Плави ракавици
  • Плави гаќи
  • Плави високи чорапи
  • 2 виљушки
  • Селотејп
  • Црн маркер
  • Картон
  • Ластик за гаќи
Не најдов во градов (читај: Бит Пазар) жути пижами, па затоа си купив бела маичка и бела хеланки  кои ги вапцав со боја за јаца. Искочи дека убавите бои за јајца се всушност текстилни бои купени од Хембој во Чаршија, па сеа ти види што јадеме за Велигден.

Благодарност до продавачките во Сара Фешн што не ми рекоа дека газот ми изгледа огромно кога ги пробував
Плави гаќи, жуто капче од Орка Холдинг што пред 10 години ни го даде Орце Камчев кога се кандидираше за градоначалник на Карпош, селотејп, маркер и виљушки имав по дома, додека плавите ракавици ги купив од Еуротулс.

Манифест лејаут на елементите
Следно нешто е да земете картон, да исечете нешто што личи на маската на Вулверин, да ја обоите црно со маркерот пошто иди најди црн картон, да и протнете ластик за гаќи внимавајќи да не ви ја стега главата.

Основи на Техника и Производство левел 99
Додека го држите маркерот во раце убаво е и да ги ставите шарите на Вулверин на жутата маица заради автентичност.
Крајната фаза е секако да ги прицврстите канџите/сечилата на Вулверин на вашите ракавици со селотејп како што е прикажано на сликата,

Епа дојди!
и да го пробате костимот:

Внимавајте да не ве сликаат додека пробувате
И еве го крајниот резИлтат:

Жени! Пазете се вечер во град да не се замезиме
Вулверин во стрипот има и црвен каиш ама за разлика од хеланки, носењето на црвен каиш е масовно геј!

Бонус: Дури и да имате брада, избричете се тасма и со маркер нацртајте си погуста.

Идеја: Шуле
Реализација: Медо
Литература: реф1, реф2

Благодарност до сите поддржувачи!

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff