29 May 2012

Пред да почнеме со ретардацијата малку маркетинг за еден убав настан:

Погледнете го настанот

Сега може да продолжиме:

28 May 2012

Ако тргнеме 99% од комплексноста на универзумот, светот е многу едноставно место. Двајца млади се заљубуваат, двајца млади добиваат дете и двајцата млади се обидуваат правилно да го воспитаат тоа дете за подобра иднина на човештвото. Секако ова во реалноста не функционира, бидејќи кога ќе додадеш 99% комплексност пренесувањето на морални вредности на своите деца не е толку едноставна работа,

Како што може да забележите
и најголемиот дел од работите кои сме ги научиле од нашите родители се апсолутни невистини.
Премотајте неколку децении во иднината и сега сите сме возрасни личности кои се обидуваат да го придвижат чекор понапред преку пружање помош или алишта на оние на кои им е најпотребна.
Исус и уште мал милион пророци пред него и после него се обиделе да го направат истото, но како што гледате тоа срање не успева. Човековата природа е кучка од рангот на твојата бивша, ни дава илузија дека помагаме да создадеме поубав свет иако во најголемиот дел од случаите само го храниме сопственото его.
Еве неколку причини зашто сите сме масовни шупци кога се обидуваме да глумиме Мајка Тереза:

27 May 2012

Досега имав обичај да ја критикувам Владата за сите споменици, огради и останати нелогичности кои изникнуваат во моменталнава не-толку-сјајна економска ситуација.
Денес ќе го критикувам народот од чии пари се изградени и за кого се наменети тие споменици.

Денес ќе ги критикувам сите жени што КУР НЕ ВИДЕЛЕ ВО ЖИВОТ! (оригиналната вест)

Пред некое време во Жена Парк беше поставена биста од Прометеј, митскиот фраер што го донел огнот на Земјата со што започнало златното доба на човештвото (додека брат му не усрал работа со тоа кутијата). 
Секако ова е само мит! Вистинската причина зашто Прометеј го донел огнот е за да донесе светлина на Земјата со што обичните смртници би можеле да ги видат неговите масивни гениталии:

Слична е и приказната со коњот на Аце воинот
"Вчера поминував во Жена парк и видов гол, висок човек, многу се вознемирив и побарав итна медицинска помош." - изјави Нада Петревска.

Се надевам дека итната медицинска помош веднаш те упатила во душевната болница во Бардовци бидејќи очигледно имаш длабоки психолошки проблеми штом ти треба итна медицинска помош секој пат кога ќе видиш гол, висок, згоден човек што во конкретниов случај е ебана статуа!
Што им кажа на медицинските лица кои наместо да се на терен да спасуваат луѓе кои крварат се расправаат со жена чиј чмар е толку стегнат што не знам дали некогаш оди по голема нужда?
Зашто не повика брза помош кога го поставија воинот на коњ, на него едно јајце му е колку главата на Прометеј?

"Праќаме апел до надлежните, во најскоро време да се интервенира во решавање на случајот. Жените од Скопје, па и пошироко, се жртви на ова 21-во вековно безобразие." - изјави Претседателот на здружението на жени "Жена".

Здружение на жени што се вика Жена? Многу оригинално! 
Жените навистина се жртви и тоа на сексуални напади, семејно насилство, мобинг на работното место, скратување на нивното право на абортус и уште милион безобразија во 21виот век. Зашто не се фокусирате на вистинските проблеми наместо да ги слушате вашите претседателки кои со години не се допрени од реален маж? Ама не, најголемиот проблем што го има жената во Македонија е тоа што статуата на Прометеј нема гаќи.

Конечно ги решивме сите проблеми во државата
Забалежувате дека статуата со гаќи е многу позлатна од статуата без гаќи? 
Ова сигурно е чудо одобрено од Господ!

Редакцијата на Здраворазумен Хејтеризам, сака да помогне на здружението "Жена" со донирање на неколку вибрирачки еквиваленти на машкиот полов орган со надеж дека ќе излезат од средниот век во кој живеат, малку ќе се опуштат и ќе уживаат во убавините на животот.

Бонус: Прометеј има гаќи, дали жени реагирале или некој друг реагирал проценете сами.

21 May 2012

Како што ветив во мојата претходна сериозна статија (12-те луѓе што ја прочитаа знаат), денес ќе зборуваме за нештото кое сите сакаме да го имаме, но сепак многу малку го имаме. Секако зборувам за здрав разум, срча тело, нормално работно место, љубов, светла иднина, неретардирани одлуки на Владата, црна боја на кожата, брдо пари, акции во Фејсбук, Summer 'XX албуми на нашите пријатели, ретвитови од нашите следачи, новата песна на Слаткаристика, книжна десетка и некаде на крајот на листата на приоритети - редовен секс!

Помеѓу враќање на банкнота и секс со касиерката во 87% од случаите македонскиот потрошувач ќе избере банкнота
Како подготовка за оваа статија во последните 14 години имам изгледано сè што треба и сè што случајно може да се гледа кликнувајќи на реклами за зголемување на либидо, па дури еднаш и сум имал секс во животот.
Еве неколку ситуации во кои може да се најдете додека (се обидувате да) имате секс:

Оградување: Толкувањето на настаните е од машка субјективна гледна точка во стилот на "X одлични изговори за избегнување на гушкање после секс"

14 May 2012

Во последните неколку месеци супер популарни беа законите за цензура на интернетот како SOPA, PIPA, ACTA, BARCA и целата прашина што се крена околу нивното имплементирање. Како што е редот, така  и група на македонски граѓани (претежно) дебатираа за правните импликации на донесување на еден таков закон, техничките можности, загрозувањата на граѓанските слободи и секако дали пиратеријата е всушност крадење.
Пред некој ден на ова интернетов, популарно беше оградувањето на мојот колега блогер од кoлумната на една новинарка со сексипиљав поглед. Иако од прво апсолутно се согласив со неговиот став, мојата иницијална реакција ме направи најголемиот хипократ во светот.

Тој со заклетвата
Откако малку подразмислив (читај: прочитав размислувања на други автори) сфатив дека копирањето е еден од основните механизми за придвижување на човештвото кон посветла иднина. Еве зашто:

10 May 2012


За доброто на нашата држава, се надевам дека сте информирани за последната одлука на нашата Влада (исто како Господ, Бог или германска именка се пишува со голема буква) за монтирање на милион нови огради на мостовите низ целата држава...уствари чекај....

Се надевам дека сте информирани за последната одлука на нашата Влада за монтирање на нова ограда која чини милион факинг евра на мостот кај Холидеј Ин! 

За оваа одлука, вчера пишуваше мојата колешка блогерка и гостин на една од статиите на мојот блог.  Бидејќи сето ова се уште ми звучи ретардирано морам и јас да го споделам моето мислење во вид на блог пост од едноставна причина што не можам во секој твит да ставам тоа што сакаат читателите. 

Во 90% од случаите - цицки

Да започнеме прво со една кампања на Владата на Р.М. која многу добро ја анализираше нашиот омилен
го мразам, па го сакам и така се во круг проф. д-р Венко Андоновски.
Во обичен текстуален уредувач да го видиш крајот на светот

Според мене кампањата е апсолутно непотребна бидејќи верувале или не, нашиот народ е најкреативниот народ што некогаш сум го сретнал. Ова го констатирам бидејќи избраниците на нашиот народ успеаа во нешто повеќе од еден милион евра да видат една обична ограда.

Обична ограда?!

Дозволете да ја цитирам нашата министерка за култура (секако под цитирам подразбирам парафразирам и тотално извадам од контекст): 
Не треба да критикувате. Како Вие, народот, простата маса, можете да процените колку навистина чини една таква уметничка инсталација?”.  
Се согласувам со нашата министерка, многу е тешко да се процени вредноста на некое вакво дело од страна на луѓе кои ја познаваат само уметноста на преживување до следниот месец.
Тоа што е лесно пак, е да забележиш кога некој те дупчи во здрав мозок. Не треба да си Венко Андоновски да сфатиш дека ставаме скапа шминка на грда девојка со надеж дека некој ќе се смилува и ќе и направи спот со громови. Реалноста е што таа девојка е нашата мајка, сестра, ќерка, која сакаме или нејќеме ќе ја видиме следното утро без шминка, бидејќи таа живее со нас и таа е наша крв.
Карл Сеган, еден од најпознатите космонаути [citation needed], тврдеше дека секој од нас треба да има и најважно од се да негува т.н. Детектор на Глупости.
Сите ние го поседуваме и обично се манифестира со израз на неверување на нашите лица кога ќе прочитаме или слушнеме нешто што нам ни звучи нездраворазумно. Прочитајте ја повторно веста за оградата од милион факинг евра и погледнете се во огледало. Изразот на вашето лице е резултат на тоа што сте забележале масивна глупост.  

Можеби звучи дека цело време ја критикувам власта и тоа не е далеку од вистината. Моменталната ситуација, невработеноста, верската нетрпеливост, радикализацијата се производ на неколку децениско погрешно водење на државата. Тоа што ме прави гневен е тоа што сегашната владејачка гарнитура не поседува Детектор на Глупостии не може (или не сака) да увиди дека ги повторува истите грешки што ги правеа претходните влади. Продолжува да се фокусира на симптомите наместо на болеста, на последиците наместо на причините.  И тоа е жално бидејќи лекот е во нивните раце. Имаат финансии, имаат медиуми, имаат државни апарати, ја имаат бесполезната опозиција, го имаат на располагање целиот народ.

И тие одлучуваат да направат ограда од милион факинг евра.



“Детекторот за Глупости” не секогаш ни ја дава вистината. Искусен лажов многу вешто ќе ја искористи слепата верба, склоноста кон насилство, беспарицата или едноставно недостатокот на информации за да пласира очигледна лага која ќе помине незабележана низ детекторот.
Единствена заштита е учиме од историјата, да го надградуваме нашиот детектор со нови информации и да го проверуваме изворот на истите.

Група луѓе чиј детектор бурно реагирал на оваа одлука, решија на доста хумористичен начин да го изразат својот револт. Одвојте време да го разгледате настанот и одлучете дали треба да реагира и вашиот Детектор на Глупости”!

07 May 2012

Колешка во хејтеризам од ист пол како мојот пишуваше на темава веќе. Со некои работи се сложувам, со некои не. Јас сум тука да ги споделам работите кои ги прават (или не ги прават) жените, кои знаат да бидат прекрасни суштества (митски или реални зависи како ќе изберат), кои ме тераат да се почешам за главата и да се запрашам дали е до мене или до нив. Да направам малку его трипинг, најчесто е до нив.
Има уште многу примери, ама Медо ме предупреди да не забегувам, демек да не ги замарам многу луѓево.

Less is more


Читајќи ги интервјуата со финалистките на изборот за Мис на Македонија Фејсбук 2012 година, заклучив дека на сите ни треба некој идол во животот, дали тоа е Бог, родител, позната личност, младински лидер на локален комитет, комшија со бормашина или Боки 13ка да не насочи во животот, да ни постави позитивен пример или пак да ни постави граници кои сакаме да ги достигнеме.

Како што Киро Глигоров ни постави старосна граница која сакаме да ја достигнеме
Како што секој што некогаш трипал на LSD сака да стане следниот Стив Џобс и јас имам духовен учител кој ме научил на многу важни лекции во животот. Под многу секако мислам на точно седум, а под духовен учител секако мислам на Били Ѕвер:

06 May 2012

На еден од македонските портали денес осамна скандалозна слика од скопскиот градоначалник, г-дин Коце Трајановски, како со пиштол се заканува на група млади демонстранти кои спонтано преку социјалните мрежи се собрале да истрчаат протестен круг околу градот истакнувајќи го нивниот физикус.

Клик за поголема резолуција и теорија на заговор
Опозицијата најави прес конференција во која јавно ќе бараат г-динот Коце Трајановски да образложи дали бил при здрав разум кога вперил огнено оружје во толпата и дали исто така бил при здрав разум кога го потпишал проектот Скопје 2014.

Очевидци на настанот тврдат дека откако г-динот Коце Трајановски испукал предупредувачки истрел во воздухот, настанала масовна паника и демонстрантите почнале да бегаат во засега непознат правец.
Во градот е забележано засилено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи, кои се обидуваат да го расчистат метежот. На местото каде што демонстрантите се движеле, пронајдени се празни шишиња од вода кои се користеле како проектили.

Според информациите кои ги добивме од Миленко Неделковски и Мирка Велиновска и кои се потврдени од официјални извори, во изминатата недела во Македонија влегле десетици државјани од земјите во Африка. Моментално се истражува нивната поврзаност со немилиот настан, кој се случува само неколку дена откако МЗТ ја освои титулата во македонската кошаркарска лига.

Од Министерството за внатрешни работи сѐ уште немаат коментар за овој грозоморен настан, иако не се исклучува можноста настанот да добие верска димензија како што ќе напредува истрагата.

*сликата можеби е извадена од контекст
Сите кои лично, барем малку, ме познаваат, знаат дека сум феминистка до јаја. Ама рака на срце, има моменти во однесувањето на мене познати или многу рандом цури кои ме тераат на You Don’t Say? или Facepalm рекација. Ако сте женско, имате над 17 години и сте при здрави разум и свест, а сте гледале/биле на настап на Слаткаристика, сигурна сум дека отприлика имате претстава за што зборувам:

02 May 2012

После мала пауза се враќаме на блогирањето. Претходните две недели не бев во државава. Додека сме на оваа тема, мора да се исповедам јавно за да си ја исчистам душата. Целото ова време јас бев агент на ВМРО кој требаше да ја испита здраворазумната младина во нашата држава за да се процени потенцијалниот ризик кон владејачката гарнитура.

Си владее гарнитурава
Како награда Коце со државни пари ме испрати (меѓу другото) во неговото место за вечна инспирација - Виена за да донесам уште некоја брилијантна идеја на која ќе ги потрошиме парите на народот.
Еве што научив од моето патешествие од типот на Берта на некое егзотично место, Ластовица во Тајланд, Миленко во неговата бујна фантазија,

Или Тони Зен надвор

 
© 2012. Design by Main-Blogger - Blogger Template and Blogging Stuff